ФК ВАРДАР е прогласен за шампион на Македонија

Управниот одбор на ФФМ на својата денешна седница донесе одлука да ја прифати „замрзнатата“  табела од Првата македонска фудбалска лига за конечна со што го прогласи Вардар за фудбалски шампион на Македонија за сезоната 2019/2020.

„Управниот одбор на Фудбалската федерација на Македонија го прифати предлогот од Комисијата за натпреварување во однос на замрзнатата табела на МФЛ од натпреварувачката сезона 2019/2020 година по одиграно 23. коло од Прва МФЛ и 17. коло од Втора МФЛ со која првопласираните екипи од Втора МФЛ – Исток и Втора МФЛ – Запад се промовирани во Прва МФЛ од натпреварувачката сезона 2020/2021 и ФК Вардар како првопласиран тим во натпреварувачката сезона 2019/2020. Иако, како првопласираната екипа, ФК Вардар доби можност да учествува во квалификациите од УЕФА Лига на Шампиони, поради недобиената лиценца за УЕФА натпреварувања, ФК Вардар нема можност да го искористи правото кое му следува како првопласирана екипа за натпреварувачка 2019/2020“ – се вели во соопштението од ФФМ.

Меѓу останатите одлуки, Управниот одбор на ФФМ го усвои календарот за натпреварувачката сезона 2020/2021. Согласно календарот за натпреварување, Прва МФЛ ќе започне на 9. август 2020 година, додека на 22. август ќе стартува новата сезона од Втора МФЛ. Шеснаесет финалните натпревари од Купот на Македонија ќе започнат на 23. септември 2020. Управниот одбор на ФФМ донесе одлука летниот преоден рок да трае цели дванаесет седмици, односно летниот преоден рок ќе заврши на 6. септември 2020 година.

Управниот одбор на ФФМ донесе и одлука за промена на терминот на одржување на Редовното Годишно Собрание на ФФМ. Доколку условите дозволуваат, 12. јули 2020 година ќе биде датумот на одржување на Редовното Годишно Собрание на ФФМ.

(ВИДЕО) Борба помеѓу руски командос и американски специјалец

Хит на социјалните мрежи, со над 1,4 милиони прегледи стана бокс мечот помеѓу борец од руската специјална единица „Алфа“ и маринец од американската војска.

Дмитриј Степанов бил немилосрден против офицерот во маринците Денис Лејн, кој пред борбата бил преставен со прекарот „Ураган“.

За помалку од две минути Степанов успеа да ја добие борбата против американскиот маринец.

Скопје доби ново место за вежбање - Идеално за сите со проблеми со зглобовите!

Новиот фитнес центар има и значително повеќе простор за паркирање на возилата на членовите, а направени се и паркинг места за велосипеди. Основната цел на тимот на ATG е да се создаде една удобна фитнес зона за сите кои вежбаат и го поминуваат времето во фитнес центарот.

ATG Macedonia отвори нов фитнес – центар во Хром, на улица „Воин Драшковиќ“ (кај автобуската постојка на последна 4-ка). Станува збор за поголем простор и современо опремен центар, кој овозможува задоволување на фитнес потребите на нашите членови, рекреативци и спортисти.

На овој начин, ATG Macedonia отвора ново поглавје во своето работење. Новата сала го зголемува капацитетот за прием на нови членови, а го подобрува и квалитетот на вежбање за сите Вас. Нашите тренери остануваат 100% посветени кон реализацијата на Вашите цели, надминување на повреди, подобрување на перформанс, намалување на килограми, зголемување на мускулна маса и сл.

Иако новата сала веќе активно работи и сите членови можат да ја користат, официјалното отворање на истата ќе биде на 10 декември (вторник), од 18:00 часот. Имено, тимот на ATG Macedonia ги поканува сите свои членови, партнери, соработници и поддржувачи да присуствуваат на отворањето, кое ќе се одржи во новите простории, во Хром, на улица „Воин Драшковиќ“ (автобуска постојка на последна 4-ка).

Отворањето ќе има мултимедијален карактер и динамична програма. Предвидено е обраќање на сопствениците на ATG Macedonia, како и видео порака од Бен Патрик од Америка – основачот на ATG системот на вежби. Дополнително, ќе се обратат и дел од членовите на фитнес центарот, а планирано е и претставување на различни брендови кои произведуваат здрави производи.

Всушност, отворањето на новиот фитнес центар ќе ги застапува основните вредности по кои функционира ATG заедницата во целост: здрав и балансиран начин на живот, одговорност, пријателство и создавање квалитетни и одржливи врски.

Сите заинтересирани лица можат да вежбаат ATG на две локации:

Хром, ул. „Воин Драшковиќ“ (автобуска постојка на последна 4-ка);

„Палестра“ фитнес центар во East Gate Mall;

Достапна е можноста и за ATG онлајн вежбање, каде што имате повеќе програми, кои ги изведувате под надзор и совет на ATG обучен тренер, а на локација која Вас ви одговара.

Посетете ја веб – страницата: https://atgmacedonia.com/ и заследете ги ATG на официјални профили:

Facebook и Instagram.

Масар Омерагиќ единствен кандидат за претседател на ФФМ

Комисијата за избори и верификација во рамки на Фудбалската федерација на Македонија (ФФМ) го прифати предлогот на Општинскиот фудбалски Сојуз – Свети Николе за поддршка на кандидатурата на Масар Омерагиќ за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на Фудбалската федерација на Македонија на 22. декември 2024. година.

Одлуката на Комисијата за извори и верификација во рамки на ФФМ по предлог на ОФС Свети Николе го одреди Масар Омерагиќ за единствен кандидат за претседател на Фудбалската федерација на Македонија на Вонредното изборно Собрание на ФФМ закажано за 22. декември 2024 година.

Популарно