Од втора лига директно во милионери – Скопјанец ставил сè на англиската Чемпионшип лига и погодил

Среќно и со милионска добивка заврши драмата во англиската Чемпионшип лига за играчот на Спорт Лајф во Скопје-Центар. Типувал само на 12 натпревари од последното коло на оваа лига, со еден ист тип – дека во првото полувреме ќе има најмалку еден гол и дека во второто полувреме ќе има најмалку еден гол на мечот (тип 1+I & 1+ II), потоа уплатил 3 220 денари за бруто добивка од 1 милион денари.

И навистина сè му пошло „од рака“. Сите 12 меча завршиле во негова корист, додека на натпреварот Шефилд – Мидлсбoро, посакуваниот гол од второто полувреме се паднал дури во 92-та минута за победа на гостите, но и за среќа на обложувачот на Спорт Лајф. Со тоа тој конечно освоил над 850.000 денари, од кои речиси 300.000 денари од бонус на добивката од акциската понуда на Спорт Лајф „Лето на 500%“ . Во оваа понуда се нудат бонуси за уплатени тикети со најмалку осум пара, а во случајов на овој играч за 12 уплатени мечеви, бонусот на добивката се искачил до 40 отсто.

Сите коефициенти на милионскиот тикет се меѓу 1.40 и 1.75, односно се работи за игри кои реално можат да се остварат. Овој тикет е само уште една потврда дека среќата може во секој момент да ви се насмевне, па дури и на сите 12 меча во едно првенство да има барем по еден погодок во двете полувремиња.

Инаку, последното коло во англиската Чемпионшип заврши успешно за Вест Бромвич албион кој се пласираше во Премиер лигата, а Нотингам форест испадна од Топ 6 и нема да игра во плејофот за пласман во елитата.

Ѕвездата на Јувентус одмара Охридско Езеро

Дејан Кулушевски- швеѓанец со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

Новото засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски, одлучи дел од летниот одмор да го помине во Охрид.

Швеѓанецот со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Really livin life..🙏

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10) on

Роналдо го напушта Јувентус

Неофицијално Кристијано Роналдо е незадоволен во Јувентус и постои можност тој наскоро да го напушти клубот од Торино.

Весникот “Footmercato” пишува дека агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш, веќе стапил во контакт со спортскиот директор на ПСЖ и дека на големо се работи на трансферот на Португалецот во францускиот клуб.

Во случај ПСЖ да успее да го доведе Роналдо ќе има неверојатен покер од асови на теренот- Роналдо, Нејмар, Мбапе и Икарди.

Ботас ќе тргне од пол-позицијата на патеката „Силверстоун“

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботaс, беше најбрз на денешните квалификации возени на патеката „Силверстоун“ во чест на јубилејот 70-годишнина во Формула 1.

Второто место му припадна на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Од вториот стартен ред ќе тргнат Нико Хулкенберг од Рејсинг Поинт и Макс Верстапен од Ред Бул.

Уште еден лош ден имаа пилотите на Ферари. Шарл Леклер ќе тргне од осмата позиција, а Себастијан Фетел од 12-та.

Главната трка ќе се одржи утре со почeток во 15:10 часот.

Популарно