Легендарниот боксер се враќа во рингот на 54 години

По долги години откако и официјално се повлече во рингот, еден од најдобрите боксери во историјата, Мајк Тајсон се подготвува за кам-бек. Тајсон кој има 54 години договори борба против Рој Џонс Јуниор и таа треба да се одржи на 12 септември во САД.

Во изминативе неколку месеци Тајсон напорно тренираше, намали повеќе килограми  а ја врати и кондицијата. Иако Тајсон е уверен дека е во одлична форма и здравје, докторите имаат поинакво мислење. Тие го предупредуваат Тајсон да не боксува.

„Кога ќе остариме стануваме ранливи и на нашиот мозок му е потребно повеќе време за да закрепне од тоа“, вели еден доктор кој додава дека се работи за исклучително лоша идеја да има борба, затоа што може да има опасни повреди, па дури и смрт на некој од боксерите.

И покрај овие совети од докторите, борбата меѓу Тајсон и Рој Џонс сигурно ќе се реализира. Планирано е да има осум рунди, а нема да има судија во рингот.

Ѕвездата на Јувентус одмара Охридско Езеро

Дејан Кулушевски- швеѓанец со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

Новото засилување на Јувентус, Дејан Кулушевски, одлучи дел од летниот одмор да го помине во Охрид.

Швеѓанецот со македонски корени е во друштво на неговиот соиграч од младинската репрезентација на Шведска, Жоел Асоро.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Really livin life..🙏

A post shared by Dejan Kulusevski (@dejan.k10) on

Роналдо го напушта Јувентус

Неофицијално Кристијано Роналдо е незадоволен во Јувентус и постои можност тој наскоро да го напушти клубот од Торино.

Весникот “Footmercato” пишува дека агентот на Роналдо, Хорхе Мендеш, веќе стапил во контакт со спортскиот директор на ПСЖ и дека на големо се работи на трансферот на Португалецот во францускиот клуб.

Во случај ПСЖ да успее да го доведе Роналдо ќе има неверојатен покер од асови на теренот- Роналдо, Нејмар, Мбапе и Икарди.

Ботас ќе тргне од пол-позицијата на патеката „Силверстоун“

Возачот на Мерцедес, Валтери Ботaс, беше најбрз на денешните квалификации возени на патеката „Силверстоун“ во чест на јубилејот 70-годишнина во Формула 1.

Второто место му припадна на неговиот тимски колега Луис Хамилтон.

Од вториот стартен ред ќе тргнат Нико Хулкенберг од Рејсинг Поинт и Макс Верстапен од Ред Бул.

Уште еден лош ден имаа пилотите на Ферари. Шарл Леклер ќе тргне од осмата позиција, а Себастијан Фетел од 12-та.

Главната трка ќе се одржи утре со почeток во 15:10 часот.

Популарно