Урнебесни факти за испуштањето гасови кои не сте ги знаеле

Испуштањето гасови е природно, но со непријатен мирис, кое не тера на смеење, не „штипе“ за носот и чини да се чувствувате олеснето, барем вие, ако не оние колу вас.

Во продолжение ви пренесуваме 10 факти за испуштањето гасови кои сигурно не сте ги знаеле.

Мажите почесто испуштаат гасови од жените.

Просечен човек дневно може да „лета 14 гулаби“.

Дневно испуштате доволно воздух за да надувате балон.

Испуштањето гасови е знак дека вашите црева се здрави

Вдишувањето на гасовите може да биде здраво

Истражувањата покажале дека изложеноста на водород сулфид ги намалува митохондријалните оштетувања. Затоа, следниот пат кога некој ќе „летне гулаб“ покрај вас, бидете благодарни.

Многу е понепријатен мирисот кога тоа го прават жените

Иако жените ова го прават поретко од мажите, докажано е дека женските „гулаби“ имаат понепријатен мирис. Тоа се случува поради поголемата концентрација на водород сулфид.

Брзината на гасот може да изнесува 10 метри во секунда.

Колку повеќе сте стегнати, толку испушатењето на гасовите е погласно.

Поради надворешниот сфинктер, излазот на гасовите е птоесен, што предизвикува погласен звук.

Соковите и гумите за џвакање предизвикуваат зачестено испуштање гасови.

Англсикиот збор е FART (forth as wind from the back)

Има буквален превод „да напредува како ветер од задникот“. Овој израз инаку датира уште од 1930 година.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

(Фото) Сталоне и Шварценегер ги воодушевија обожавателите

Холивудските актерски легенди, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне ги израдуваа обожаватели со фотографија на која позираат заедно.

-Роки и Терминатор, објавија на Инстаграм фотографија ја која подготвуваат тикви за Ноќ на вештерките.

-Јас и мојот пријател Арнолд поминуваме заедничко време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви со ножеви за преживување. Тоа е она што вистинските акциони момци го прават го своето слободно време, порача Сталоне.

Нивните легендарни филмски ликови се појавија заедно со филмовите „The Expendables“ и „Escape Plan“.

Вил Смит го прекина молкот за брачната драма

Вил Смит сподели дрска порака игнорирајќи ја објавената бомба од сопругата Џејда Пинкет Смит.

Вил јасно даде до знаење дека нема да се меша во драмата откога Џејда минатата недела откри дека живеат одвоено од 2016 година и дека не биле маж и жена кога тој му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“ минатата година.

Смит сподели видео на кое се гледа дека е на брод и ужива. Неговиот телефон вибрира со низа нотификации, но тој го игнорира сето тоа, лежи со затворени очи. „Забавен факт за мене – можам да дремнам речиси секаде“, вели тој.

„Ги исклучив нотификациите“, напиша тој покрај видеото. Многумина мислат дека алудира на хаосот што настана по изјавата на Џејда.

Луѓето останаа збунети од реакцијата на Вил, во која се чини дека се шегува за статусот на нивната врска.

Тој сепак се обиде да биде посериозен во врска со бомбастичните откритија на сопругата Џејда во нејзините претстојни мемоари „Ворти“.

Во е-пошта до „Њујорк тајмс“ оскаровецот вели дека книгата, на некој начин, го разбудила.

„Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило“.

Џејда во интервју за Ен-би-си минатата недела откри дека таа и нејзиниот сопруг живеат одвоено во последните седум години. Џејда мислела дека шлаканицата е шега. „Помислив: ова е скеч, нема шанси Вил да го удри. Дури кога тргна назад кон своето седиште, сфатив дека не е скеч“, додаде таа.

Популарно