Бренда Патеа: „Јас сум бремена 20 недела и чекам бебе со Алекс“

Германската тениска ѕвезда Александар Зверев наскоро ќе стане татко, пишува Билд. Така барем тврди неговата поранешна девојка (27) во едно неодамнешно интервју. „Јас сум бремена 20 недела и чекам бебе со Алекс“, рече таа.

Но, моментално седмиот тенисер на светот и манекенката раскинаа во август по една година во врска. Патеа вели дека имале различни погледи на животот. „Секој што живее со спортист мора да го почитува тој начин на живот“, вели таа.

Патеа откри дека не е во контакт со него и дека не сака да го дели старателството со него. „За тоа не станува збор“, рече таа.

"Детето не беше планирано, но ќе дадам се од себе да го пораснам во хармонично опкружување. За среќа, јас сум во позиција да го воспитам сама", додаде таа.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Sooo.. der tägliche Wahnsinn kann jetzt beginnen. Ich bin wach!😁>>>>>> Habt einen schönen Sonntag☀️

A post shared by Brenda (@brendapatea) on

Инаку, Бренда има скоро 280.000 фанови на Инстаграм, со кои вчера сподели фотографија од трудничкото стомаче.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

Last bikini picture? 🍂 #byebyesummer

A post shared by Brenda (@brendapatea) on

(Видео) Ибрахимовиќ: „Вирусот беше предизвикан, а јас го победив. Вие не сте Златан“

Швеѓанецот Златан Ибрахимовиќ, лесно го победи коронавирусот, но тој сега се обрати до целата светска јавност по пат на видео порака.

Напаѓачот на Милан, Златан Ибрахимовиќ, ги прозва луѓето да не го предизвикуваат коронаврусот и да ги преземат сите мерки на претпазливост за да го ограничат неговото ширење.

„Вирусот беше предизвикан, а јас го победив. Вие не сте Златан, па немојте да го предизвикувате вирусот. Размислете и почитувајте ги правилата – држете дистанца и секогаш носете заштитна маска. Ќе победиме!“, изјави Ибрахимовиќ во видео снимката која што ја објави на неговиот профил на социјалната мрежа Инстаграм.  

Како што пренесуваат медиумите, на овој начин Швеѓанецот индиректно му одговори на Кристијано Роналдо кој што пак вчера изјави дека „ПЦР тестот е с*ање“.

(Видео) Машките срца ќе затреперат: Еве како изгледаше Карлеуша на 17 години

Поп ѕвездата Јелена Карлеуша важи за една од најзгодните жени на Балканот, а на сите прва асоцијација им се атрактивниот изглед и заводливите облини.

На некои пејачки не им се допаѓа тоа како изгледале во минатото, па ги избегнуваат своите стари слики и снимки, а тоа не е случај и со Јелена.

Карлеуша на својот профил на Инстаграм објави снимка од 1996 година, кога имаше само 17 години.

По лицето, може да се забележи дека Јелена тогаш била тинејџерка, а во тој период имала силна шминка која ги нагласува нејзините очи и усни, а имала и потемни веѓи за разлика од сега.

Популарно