Елмас е позитивен на новите тестови за ковид-19

Според последните информации од Италија  Елиф Елмас сè уште е позитивен на ковид-19.

На новите тестирања кои ги направил италијанскиот состав, само Елмас и Пјотр Зиелински имале позитивни тестови на ковид 19.

Тоа значи дека нашиот интернационалец и натаму останува во самоизолација и нема да може да му се стави на располагање на селекторот Ангеловски за мечот со Грузија.

Извор: www.tuttonapoli.net

Колку заработи од последната борба Хабиб?

Хабиб Нурмагомедов изелзе како победник против привремениот првак, Американецот Џастин Геџи во една од најголемите борби во историјата на УФЦ лесна категорија. По завршувањето, тој објави крај на кариерата.

Хабиб поради својата популарност заработи 31,1 милиони долари, додека Геџи 650.000 долари. Дагестанецот ќе добие и дополнителни 100.000 долари поради тоа што ја доби борбата.

Нурмагомедов го натера Американецот да се предаде, а потоа најави пензиј. За првпат во својата кариера оваа борба мина без неговиот татко, кој почина оваа година, а пред мечот на својата мајка и вети дека ова ќе биде последна во неговата кариера.

Тој остана непоразен во 29 борби.

sportmedia.mk

ВИДЕО: Хабиб преку Гејчи стигна до 29-0, па најави ММА пензија!

Хабиб Нурмагомедов стигна до нова победа во УФЦ октагонот и го доби дуелот на шампионите со Џастин Гејчи.

Русинот прсна во плач по триумфот, потсетувајќи се на смртта на неговиот татко, Абдулманап, кој ја загуби битката со коронавирусот пред неколку месеци

Актуелниот шампион во лесна категорија го сопре противникот во втората рунда, кога направи зафат на неговиот врат и го натера да се предаде. Тоа значи дека го задржа перфектниот скор во ММА со 29 победи и ниту еден пораз.

Шокантно Хабиб по борбата најави дека заминува во пензија и ги остави ракавиците на подот на октагонот. Според неговите зборови, неговата мајка го замолила да не се натпреварува повеќе без присуство на неговиот татко.

Извор:https://www.gol.mk/

(Фото) Нацоски и Пандев случајно се сретнаа

Оперскиот пејач Благој Нацоски кој живее и работи во Италија објави фотографија на Фејсбук, на која е заедно со нашиот фудбалски ас, Горан Пандев, кој по некоја случајност е во истит хотел со пејачот.

„Two Macedonians in the same hotel... двајца Македонци се најдоа во ист хотел“, напиша Нацоски во опис на фотографијата.

Популарно