Оваа фотографија е стара 120 години, но еден морничав детаљ на неа сè уште не е разрешен

Оваа фотографија е направена во 1900-та година во Белфаст, а луѓето до денес не можат да го сфатат еден дел од неа.

Била објавена како дел од историската галерија на овој град, а оттогаш кој и да ја погледне вели дека му предизвикува морници по телото поради еден детаљ кој што се наоѓа на неа.

На прво гледање на фотографијата, многумина не можат да воочат што е тоа што ја прави оваа фотографија необична, но доколку погледнете подетално можеби и ќе сфатите за што всушност станува збор.

Имено, на фотографијата се гледа како 15 работнички позираат пред камерата, со скрстени раце. Меѓутоа, на рамото на една од девојките, од нејзината десна страна се гледа дланка. На никој досега не му е јасно чија е таа дланка.

Инаку, оваа фотографија ја објавила Линда Донели, внука на девојката од фотографијата, а истата ја чувал нејзиниот татко во нивната куќа.

Вработување во Студио Модерна, B Watch 1920 и Нептун!

Денес ви ги издвојуваме најпосетуваните работни позиции од реномирани компании на KARIERA.mk, се надеваме дека ќе го најдете вашето идеално работно место меѓу нив.

Грант Торнтон Северна Македонија е дел од глобалната мрежа на Грант Торнтон Интернационал составена од независни ревизорски, даночни и советодавни фирми, со преку 73.000 луѓе во над 149 земји во светот. Ние сме тим од независни професионалци кои го ставаат квалитетот, инклузијата и интегритетот на прво место.

Моментално вработува:

ПЛАТЕНА ПРАКСА ВО СМЕТКОВОДСТВО И ФИНАНСИИ
СМЕТКОВОДИТЕЛ

Студио Модерна Дооел Скопје е дел од водечката мулти-канална компанија Studio Moderna, која повеќе од 25 години успешно работи на македонскиот пазар како продажна и маркетинг компанија во малопродажба. Присутна е преку мрежа од 20+ продажни локации, дигитална платформа и Call Center каде што обезбедува одлично корисничко искуство за купувачите.

Моментално вработува:

АГЕНТ ЗА ПРОДАЖБА

Лидл е семеен бизнис заснован на едноставна филозофија: дека клиентите заслужуваат најквалитетни стоки и намирници по цени што секој може да си ги дозволи.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА СИНЏИР НА НАБАВКИ
ЦАРИНСКИ ДЕКЛАРАНТ (БЕЗ ЛИЦЕНЦА)

КОНСУЛТАНТ ЗА СВЕЖИ И ЗАМРЗНАТИ ПРЕХРАНБЕНИ ПРОИЗВОДИ
СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ПРИВЛЕКУВАЊЕ НА ТАЛЕНТИ

МАСТЕР ДАТА СПЕЦИЈАЛИСТ ВО ОДДЕЛ НАБАВКИ

B Watch 1920 е македонска компанија со долга традиција во продажба и сервис на часовници и накит. Нуди богата палета од познати светски брендови и професионална услуга преку своите салони низ Македонија.

Моментално вработува:

AСИСТЕНТ ЗА ПРОДАЖБА - СКОПЈЕ

Жито Маркети располага со над 70 маркети распространети низ цела територија на нашата држава.

Сите огласи од Жито Маркети можете да ги најдете ТУКА.

Рамстор Македонија е една од водечките малопродажни синџири во земјата. Од своето основање во 2005 година, компанијата постојано расте и денес располага со широка мрежа на супермаркети и трговски центри низ цела Македонија.

Сите огласи од Рамстор Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Вдл Ван Хоол Македонија Дооел Илинден, белгиски реномиран производител на автобуси, лоциран во Технолошко Индустриската Развојна Зона – Скопје 2, во Бунарџик.

Моментално вработува:

ЕЛЕКТРОИНЖЕНЕР ВО СЕКТОР ЗА ПРОИЗВОДСТВЕН ИНЖЕНЕРИНГ
РЕФЕРЕНТ ЗА НАБАВКИ

Компанијата А1 Македонија е член на Групацијата А1 Телеком Австрија, водечки провајдер за комуникациски и дигитални решенија во Централна и Источна Европа.

Сите огласи од А1 Македонија можете да ги најдете ТУКА.

Групацијата Виндија опфаќа 14 компании, од кои 8 се со седиште во Хрватска и 6 во соседните земји. Вработува повеќе од 4.000 луѓе. Беспрекорниот квалитет на производите на Виндија е препознаен на бројни меѓународни саеми, што со гордост ја направи компанијата добитник на бројни награди.

Моментално вработува:

ВОЗАЧ ДИСТРИБУТЕР

Нептун е најголемата малопродажна и дистрибутивна мрежа на производи од бела техника, апарати за домаќинство, ТВ/Аудио/Видео, компјутери, телефони, фото апарати и камери, производи за нега и убавина, ладење и греење, во Македонијa.

Моментално вработува:

СПЕЦИЈАЛИСТ ЗА ОБУКА И РАЗВОЈ
РАКОВОДИТЕЛ НА ЛОГИСТИКА
ПРОДУКТ МЕНАЏЕР
АДМИНИСТРАТОР ЗА УПРАВУВАЊЕ СО ПРОИЗВОДИ
МЕНАЏЕР ЗА Б2Б ПРОДАЖБА

Зегин ДОО е првата приватна компанија во Република С. Македонија регистрирана за продажба на лекови.

Сите огласи од Зегин можете да ги најдете ТУКА.

Се уште невработени?! Сите останати активни работни позиции можете да ги најдете ТУКА.

Религија.мк избира личност на годината на МПЦ-ОА

Религија.мк, годинава спорведува јавно гласање за избор на личност на годината меѓу владиците на МПЦ-ОА. На листата се сите архијереи, членовите на Синодот, викарните епископи и пенизионираните.

Гласањето трае до 09 јануари 2026 година.

За да гласате презетете го прашалникот од овој ЛИНК

Филмот што го направи Божиќ потопол: Како „Сам дома“ стана вечна традиција

„Сам дома“ по 35 години: Божиќната класика што одбива да остари

И по цели 35 години од премиерата, култниот филм „Сам дома“ (Home Alone) останува еден од најгледаните и најсаканите божиќни филмови ширум светот. Објавен во 1990 година, филмот одамна ја надмина рамката на обична комедија и стана вистинска празнична традиција.

Во центарот на приказната е незаборавниот Макаулеј Калкин како Кевин Мекалистер, осумгодишно момче кое случајно е оставено само дома додека неговото семејство патува за Париз. Она што започнува како детски сон – без родители, без правила и со неограничена брза храна – брзо се претвора во борба за опстанок.

Двајцата неспособни, но упорни крадци, Хари и Марв, ја избираат куќата на Кевин како лесна цел. Но, тие сериозно го потценуваат момчето кое својот дом го претвора во вистинска замка исполнета со канти за боја, жешки кваките, ледени скали и незаборавната тарантула.

Филмот е во режија на Крис Колумбус, а сценариото е дело на легендарниот Џон Хјуз, комбинација која донесе совршен баланс меѓу слепстик-комедија и емоционална приказна. Под површината на смеата се крие силна порака за семејството, осаменоста и вистинските вредности на Божиќ.

Дури и во Божиќната сезона 2025, „Сам во дома“ и понатаму доминира на празничните ТВ-програми и стриминг платформи. Во време на CGI спектакли и големи холивудски продукции како најавениот „Avatar: Fire and Ash“, овој филм потсетува дека не се потребни експлозии за да се создаде класика – туку срце.

Со својата снежна атмосфера, иконични сцени и незаборавни реплики, „Сам во дома“ останува филм што не само што ја затвора годината – туку ја дефинира.

Популарно