(Фото) Нацоски и Пандев случајно се сретнаа

Оперскиот пејач Благој Нацоски кој живее и работи во Италија објави фотографија на Фејсбук, на која е заедно со нашиот фудбалски ас, Горан Пандев, кој по некоја случајност е во истит хотел со пејачот.

„Two Macedonians in the same hotel... двајца Македонци се најдоа во ист хотел“, напиша Нацоски во опис на фотографијата.

Видео: Загуби, па тренерот мораше да му го мести рамото!

Брендон Ројвал доживеа незгоден пораз со нокаут во мечот од мува категорија на УФЦ 255 во Лас Вегас од Брендон Морено, по што мораше да добие „итна интервенција“ од неговиот тренер, кој му ја намести раката во изместеното рамо.

Повредата се случи при дуел на земјата во првата рунда, кога Ројвал се обидуваше да се ослободи од држењето на Морено. Ова му дозволи на Морено да стигне со победа откако судијата го прекина мечот, по што тренерот на Ројвал мораше да интервенира. Мора да боли многу!

Извор: https://topsport.mk/

Хероите им подарија потпишани дресови на медиумите и им се заблагодарија за поддршката!

Убав гест од фудбалската репрезентација на Македонија и ФФМ. Имено фудбалерите и селекторот Игор Ангеловски им подарија потпишани дресови од сите играчи, на медиумите и им се заблагодарија на поддршката.

Селекторот Игор Ангеловски притоа даде изјава..

“Со ова сакаме да им се заблагодариме на медиумите за нивната поддршка кои ја дадоа на репрезентацијата. Секако дека пласманот на ЕВРО е заеднички успех“ истакна Мрме.

sportmedia.mk

Трпчески до фудбалерите: Браќа Македонци, гордост на Македонија! Го усреќивте целиот македонски народ!

Македонскиот пијанист од светски глас Симон Трпчески се придружи на честитките до фудбалската репрезентација на Македонија за историскиот пласман на Европското првенство.

Популарно