Пејачката се тестирала на коронавирус: Едната ноздра позитивна, другата негативна

Американската ар-ен-би, соул и хип-хоп пејачка и текстописец, Ерика Баду (49), ги изненади обожавателите на Твитер. Сè започна кога таа ги сподели резултатите од брзиот тест за коронавирусот, што ја збуниле, во најмала рака.

„Немам никакви симптоми. Ме тестираа на ковид. Истата машина. Левата ноздра ми е позитивна. Десната ноздра е негативна“, напишала таа на социјалната мрежа.

Таа додала дека лекарот пријавил само позитивен резултат. Ерика тој ден била три пати тестирана.

„Ова е мој трет брз тест за 24 часа. Сите ние секогаш се тестираме пред секој настап. Пред тоа бев тестирана двапати и левата ноздра ми беше позитивна, а десната негативна. Мораме да ги испитаме овие тестови, сакам да ми ги вратат парите“, додала таа во описот на видеото, а ги покажала и резултатите од тестовите како доказ.

Но, ова не е единствениот таков случај. Извршниот директор на Тесла АД, Елон Маск (49), во четвртокот објави дека бил четири пати тестиран за вирусот корона во ист ден, со два теста позитивни и два негативни.

„Нешто сомнително се случува. Денес бев тестиран четири пати. Резултатите се двапати позитивни, двапати негативни. Иста машина, ист тест, иста сестра. Брз тест за антиген од БД“, напишал Маск на Твитер веројатно алудирајќи на брзиот тест „Becton Dickinson and Co“.

(Фото) Македонската пејачка покажа какви гаќички носи под црните хеланки

Уште една наша пејачка беше на море, во Хрватска. Девана Нардели покажа што е тоа „полутоплес“.

Или поточно тие што биле со неа на плажа, виделе топлес во живо, а сите други, само полутоплес на исечената фотографија.

Ама затоа сите кај Девана видоа нешто друго, и тоа на облечено. Какви гаќички носи под црните проѕирни хеланки, без хеланките да ги соблече!

(Фото) Популарната турска актерка излезе непрепознатлива

Нургул Јесилчај направи радикална промена со својот изглед, Една од најголемите sвезди на турската кинематографија, препознатлива по улогите во сериите, ја промени бојата на косата и стана русокоса.

Пред една недела, 45-годишната актерка беше забележана од папараците на излегување од фризерски салон во истанбулската област Бебек. Откако помина повеќе од 6 часа во него, Нургул излезе непрепознатлива и поинаква.

Во меѓувреме, се дозна дека Нургул Јесилкај ја смени бојата на косата за нејзиното претстојно учество во нов проект. Сепак, таа не даде детали за новата серија.

Инаку моментално, актерката од “Љубов и казна”, “Бунтовничка”, “Парампарче”, “Ѓулпери”, “Конакот на агата” и “Султана” е актуелна по главната улога во потресната драма “Надеж”

Три хороскопски знаци кои тешко ќе го предадат своето срце на друг

Потребно е многу храброст некому да се предадат. Тоа е особено тешко за луѓето кои едноставно се плашат од љубовта. Доколку сте родени во еден од овие хороскопски знаци, тогаш вие едноставно се плашите од љубовта.

Лав

Луѓето родени во овој хороскопски знак веруваат само во дна личност - во себе. Тие се сметаат за самоуверени и немаат проблем со запознавањето на други луѓе. Но, припадниците на хороскопскиот знак Лав често се повлекуваат кога ќе стапат нивните чувства на сцена. Стравот од злоупотреба на довербата и скршеното срце за нив е преголем поради тоа фобијата од љубовта можат да ја потиснат исклучиво со луѓе кои им даваат многу сигурност и им покажуваат предаденост.

Девица

Што доколку тој или таа секогаш се гледаат со други? Што доколку неговите чувства не се доволно моќни? Аналитичката Девица стои сама на патот до заљубувањето. Во главата ѝ се одигруваат сите сценарија, што за жал ја спречуваат да си го послуша своето срце. Од страв дека другите ќе си играат со нејзините чувства, Девицата околу себе гради заштитен ѕид кој може да се сруши само доколку се појави искрена и духовна личност.

Стрелец

Потребно е малку флерт и авантуристичкиот Стрелец веднаш ќе се „улови“. Но, одеднаш станува сериозно. Кога ќе сфатат дека кон нив некој развива чувства се појавува нивната страшна страна, а неретко следи и повлекување. Стрелците можат да се ослободат од своите фобии од љубовта само доколку потенцијалниот партнер не е толку формален. Тоа на Стрелците им го отстранува стравот од врска и не мора да се плашат за својата слобода.

Популарно