Фото: Дали овака изгледа љубовта?

Илустратор од Лос Анџелес, Паскал Кампон, вели дека неговите дела раскажуваат приказни. Неговите главни мотиви се моќта на љубовта и незаборавните моменти од секојдневниот живот, па не е изненадувачки што со едноставни илустрации успева да ја допре најшироката публика и да потсети на чувството на вистинска среќа.

Овој уметник исто така ќе ве потсети на некои други, повеќе лични дефиниции за среќа што можеби сте ги заборавиле во лудилото на секојдневниот живот. Уживајте во најдобрите илустрации на Паскал.

(Фото) Пејачката во минијатурно бикини трчаше по плажа а глетката ги распамети сите

Најпознатата членка на групата"The Pussycat Dolls", Никол Шерцингер, сепак има завидна линија и по четириесеттите години, недостижна за нејзините многу помлади колешки.

Пејачката веќе подолго време ужива во топлите региони со своето момче, кое е седум години помладо, рагбистот Том Еванс, и објавува голи фотографии од плажа скоро секој ден.

Никол сега ги воодушеви своите придружници со низа нови жешки слики во кои трчаше околу плажата во розов костим за капење.

(Фото) Преслава од „Преспав“ среде зима во костим за капење ужива на базен

Бугарската актерка Јана Маринова која публиката кај нас ја запозна како Преслава, газдарицата на пансионот „Преспав“, ги искористи деновиве со сопругот да замине на одмор во зимскиот центар Банско.

На социјалните мрежи таа сподели и фотографија на која се гледа дека актерката ужива на базен.

(Фото) Берни Сандерс на најдобар начин ја користи моменталната популарност

Фотографијата на сенаторот Берни Сандерс од инаугурацијата на новиот американски претседател Џо Бајден станал интернет сензација. Сега, маици со виралната фотографија од Берни може да стане дел од вашата гардероба, пишува "CNN".

Соработниците на Сандерс од кампањата одлучиле да продаваат маички со сега веќе легендарната фотографија од "мрзеливиот Берни" според која се направени безброј мемиња, а целиот приход од продажбата е наменет за организацијата "Meals on Wheels", која делува во матичната држава на сенаторот, Вермаунт, и обезбедува бесплатни оброци за лица помлади од 60 години со хронични заболувања и инвалидитет.

Црната памучна спортска маичка чини 45 долари и се произведува во САД. Изгледа дека е популарна исто како и нејзиното меме, бидејќи е веќе распродадена, пишува на интернет страницата на која се нарачува. Потенцијалните купувачи се предупредени дека можеби ќе мора да чекаат и до осум недели за нејзината испорака.

"Како да не го сакаш симпатичниот Берни Сандерс кој продава спортска маица со меме, а 100 проценти од приходите одат за хуманитарни цели", твитнал еден корисник.

Сенаторот пред три дена ги коментирал бројните реакции за учеството на инаугурацијата на Џо Бајден.

"Па јас само седев, настојувајќи да се загреам и да обратам внимание на тоа што се случуваше околу мене", рекол тој со насмевка на лицето за време на гостувањето на "Late Night Show".

Популарно