(Видео) Го ставила мобилниот во микро за да ја сними пицата - погледнете што и се случи

Една девојка стана вистински хит на Тик Ток и се најде во насловните страници низ целиот свет поради експериментот со својот мобилен телефон.

Девојката објави видео на социјалната мрежа во кое се гледа како го става мобилниот телефон во микробранова печка „за да види што се случува со нејзината пица“.

Снимката собра стотици илјади прегледи на „Тик Ток“, а видеото веднаш го споделија илјадници луѓе кои почнаа да ја навредуваат девојката.

@ellab.2 ♬ original sound - ella

Дневен Хороскоп

ОВЕН

Денешниот ден за вас е многу поволен, па може да очекувате дека ќе ги остварите своите цели. Тешко ви е да ја замислите својата иднина без личноста која ја сакате. Пред вас е период на разочарување. Водете сметка за исхраната.

БИК

Денес сте склони кон неочекувани реакции и некои промени на расположението во работното опкружување. Може да се надевате на интересно познанство со личност која ќе ве заинтригира во секоја смисла. Водете сметка за грлото.

БЛИЗНАЦИ

Ви се укажува можност да остварите многу добра заработка со која ќе бидете многу задоволни на подолги стази. Одлично го познавате својот партнер и вашата врска со него ви дава сигурност. Немате проблеми со здравјето.

РАК

Во оваа фаза ќе имате нови компликации на деловно поле, но секоја лекција која ќе ја научите ќе ви послужи понатаму. Моментално не се сложувате најдобро со саканата личност и во себе длабоко патите поради тоа. Проблеми со видот.

ЛАВ

Во текот на денешниот ден нема да успеете да го остварите она што го сакате. Потрудете се да не форсирате одредени настани. Иако ви се чини дека вашата симпатија не е заинтересирана, во неочекуван момент ќе ги покаже емоциите кон вас. Здравјето е добро.

ДЕВИЦА

Денес поголем дел од работите ќе ги извршувате сами, немате многу помош од страна на соработниците и не се чувствувате добро поради тоа. Не сте подготвени да влезете во нова врска иако постои една личност за која размислувате. Проблеми со зглобовите.

ВАГА

Ако сте очекувале било какво унапредување на работното место, може да се надевате на поволни околности. Вашиот однос со саканата личност може да биде променлив и нестабилен и имате одредени препреки. Проблеми со забите.

ШКОРПИЈА

Ќе ја прифатите новата понуда за работа која ќе ви се укаже во одреден момент. Во дилема сте поради различните понуди за врска и се плашите да не направите погрешен избор. Избегнувајте ги сите пороци.

СТРЕЛЕЦ

Вашите одлуки од претходниот период би можеле да се покажат како погрешни. Ве очекува поволна фаза на работа. Денес ќе запознаете интересна личност со која ќе стапите во врска овие денови. Проблеми со притисокот.

ЈАРЕЦ

Кавгите и озборувањата денеска многу лесно би можеле да доминираат во вашата работна средина, па затоа бидете внимателни и вие да не бидете вмешани во тие непријатни настани. Доколку тоа ви се случи нека вашиот став не биде премногу борбен.

ВОДОЛИЈА

Нивото на енергија ви е многу ниско, а комуникативноста намалена. Ваквата состојба може само да ви направи проблеми на работното место. Навистина ви е потребен одмор и опуштање. Дозволете си го тоа ако сте во можност и извршувајте ги само обврските кои неможат да чекаат. Посветете повеќе внимание на вашиот љубовен живот.

РИБИ

Вашиот партнер го идеализирате, па ќе имате проблеми кога ќе се соочите со реалноста. Ќе сфатите дека вашиот љубовен однос донекаде е полн со фантазии, но ќе ви биде многу тешко тоа да го признаете. Обидете се барем денес да уживате во семејната среќа.

(Видео) Трик со пенкало за брз сон го освои интернетот

Американка која сподели видео снимка на својата траница „Zoning for life“ на ТикТок откри како со помош на обично пенкало можете побрзо да заспиете.

Таа на снимката објаснува дека треба да земете пенкало и со заштитното капаче да го притиснете ножниот палец со што, како што вели, се ослободува мелатонин – хормон за спиење.

-Ќе спиете како бебе, тврди таа во видеото кое досега има повеќе од 7 милиони прегледи.

Голем број луѓе се сомневаат во овој трик. Но, како што пишува британски „Сан“ тој е добро познат и често се користи во рефлексотерапија – пракса која има за цел да ја врати природната телесна рамнотежа.

@zoningforlife

##ZoningForLife ##ILoveItWhenItWorks ##ThePowerOfTheZone ##ILoveItWhenItWorks

♬ original sound - ZoningForLife

За 3 години жена успеала да заштеди пари за нов стан

Шери Хауви ги воодушевила сите со својот начин на штедење пари, а на истиот може да штедат сите оние кои што имаат доволно пари месечно да ги „покријат“ сите свои трошоци.

Шери Хауви, жена од Нов Зеланд, станала вирален хит на интернет откако го споделила својот едноставен трик со чија помош успеала за три години да заштеди пари за стан, а овој „рецепт“ го открила во една група на Фејсбук каде што многумина биле воодушевени. Таа во 2015 година купила нов стан откако за него штедела пари само три години.

„Мајка ми ме научи вака да го организирам трошењето пари и по три години можев да си купам стан“, напишала Шери.

Па, во што е нејзината тајна?

Шери тврди дека потребно е парите кои што ги заработувате месечно да ги поделите и ставите на три различни сметки. Првата сметка е за вообичаените трошоци, како сметки, храна, кирија, превоз, неделен џепарлак и слично. На втора сметка треба да ги ставите парите кои што планирате да ги трошите за фризер, купување облека и обувки, подароци, одење на доктор, додека пак на третата сметка треба да ги издвоите парите кои што сакате да ги заштедите. Таа вели дека многу е важно да се придржувате до поделените пари и да не трошите повеќе од планираното.

„Немојте да бидете во искушение и од втората сметка да трошите пари за намирници и обратно, важно е да се придржувате до тоа што сами сте го одредиле“, советува Шери која што ги воодушевила луѓето со овој начин на штедење пари.

Популарно