(Фото) Голема среќа во домот на Зеќири

Деновиве имаше голема причина за славење во домот на  потпретседателот и пратеникот на СДСМ Мухамед Зеќири.

Како што самиот соопшти, неговата најмала ќерка Далиа Нани наполни една година. Гордиот татко објави нејзина фотографија и во опис напиша емотивна порака:

„Пред една година, на овој ден. Господ ни го даде најдобриот подарок, а тоа си ти, мое девојче Далиа Нани. Среќен 1. роденден. Биди благословена и секогаш среќна“, напиша Зеќири.

Зеќири и Бисера се венчаа пред две години, а кумови на свадбата им беа премиерот Зоран Заев и неговата сопруга Зорица.

Инаку, тие беа во врска неколку години. Ова е втор брак за двајцата, тој од претходниот брак има две ќерки, а Бисера има син.

(Фото) По нејзините облини лудуваат сите, а момчето кое го финансираше ја изневерувало со ефтини девојки

Инстаграм ѕвездата Нејлен Ешли со своите облини заведе повеќе од 2 милиони фанови на Инстаграм кои редовно ѝ ги лајкуваат и коментрираат нејзините објави.

Иако могу мажи сонуваат да бидат покрај оваа девојка, нејзиното поранешно момче не е едно од нив, се чини за него таа не била доволна.

Како што еднаш веќе наведе, таа дури и го финансирла своето момче, а тој ги искористил тие пари на проститутки и девојки со лесен морал, со кои се гледал скоро секоја недела. На неговиот телефон пронашла фотографии од жена во долна облека, како и десетици пораки од неколку проститутки.

- Тој цело време се обидуваше да си го среди животот, па јас ја финансирав нашата врска, а тој ги искористи моите пари и слободното време да гледа проститутки, да оди на скапи масажи, па дури и да има друга девојка- рекла таа.

Нејлен го напушти веднаш, и додаде дека ја молел со месеци за втора шанса, и дека дури ги контактирал нејзините пријатели и семејството за да ги убеди сите дека тој „се сменил“, но таа не се откажала во својата одлука дека е готово .

(Фото) Елена Ристеска позираше без трошка шминка

Познатата македонска поп- пејачка Елена Ристеска која воедно важи и за една од најубавите пејачки на македонската сцена објави неколку фотогрфии без шминка. Без трошка шминка и навиткана бујна коса Елена позираше со насмевка после вежбање и туширање.

Елена е позната по тоа што преферира природен изглед, па не е ретко да објави фотографија без шминка. Имено таа минатата година започна нов бизнис, односно лансираше свој парфем, а неодамна и гел за туширање кој беше повод за неколку разголени црно- бели фотографии на Елена.

(Фото) Под необичната блуза со големо деколте не носи ништо

Пријанка Чопра и Ник Џонас блескале на доделувањето на британските награди „BAFTA“. Една од најубавите жени на светот, актерката Пријанка Чопра била главната ѕвезда на овогодишното доделување на „BAFTA“ наградите во Лондон каде што имала улога на презентер, а и филмот „White Tiger“ во кој што глуми бил дел од конкуренцијата за победа.

Но, Пријанка се нашла во центар на внимание и била на мета на сите фотографи и сниматели во текот на вечерта поради својот стајлинг на црвениот тепих.

Имено, 38-годишната актерка избрала црвена блуза со голем прорез од предната страна, под која што не носела ништо и морала многу да внимава како се движи случајно да не покаже премногу.

Покрај неа бил и 28-годишниот сопруг Ник Џонас, кој што бил облечен во елегантен црн смокинг, а исто така тој не се одвојувал од неговата убавица. Тие делувале многу расположено додека тој ја бакнувал пред камерите.

Инаку, Пријанка светската слава ја стекна во 2000-та година кога победила на избор за Мис на светот, по што ја започнала својата актерска кариера.

Со Ник е во врска од 2018 година, а тој ја запросил својата драга пред две години и тоа по нејзиниот 36-ти роденден додека биле на романтично патување. 

Популарно