(ВИДЕО) Пандев со солзи во очите ја пееше химната за последен пат како капитен на Македонија

Капитенот на македонската фудбалска репрезентација Горан Пандев со солзи во очите денеска за последен пат ја испеа националната химна на последниот меч од ова деби на Македонија на Европското првенство.

За Пандев овој денешен меч со Холандија во Амстердам е последен во својата репрезентативна кариера, после точно 20 години како го носи црвено-жолтиот дрес, па многу емотивно Пандев ја отпеа националната химна, после што доби посебен дрес од Холанѓаните за неговиот последен меч за националниот тим.

Видеото може да го погледнете ТУКА

Георгиевски: Ова сребро е за цела Македонија!

Македонскиот теквондист Дарко Георгиевски пристигна во Скопје и со олимпиското сребро имаше еуфоричен дочек. Многу македонски граѓани се собраа да го поздрават успехот, а спортистот, иако видно уморен, се фотографираше со сите и побара да дојдат вечерва на плоштадот.

„Пред се, сакам да им се заблгодарам на сите оние што ми дадоа огромна поддршка по овој настан. Баш ми е драго што гледам толку многу луѓе. Морам да признаам дека малку сме уморни затоа што менувавме три лета, ќе бидам краток, но овој успех е тука за да се слави и сакам целата Македонија да ми даде голема поддршка. Емоциите почнаа да работат откако пристигнав, кога гледам кои луѓе се тука и како ме поддржуваат“, кратко изјави Георгиевски по пристигнувањето во Скопје.

Олимпиското сребро ќе се најде на плоштадот „Македонија“ вечерва од 19:30 часот, заедно со Георгиевски и целиот негов тим кој го оствари големиот успех на Летните Олимписки Игри (ЛОИ) во Токио.

Видео: Дејан со среброто од Токио доаѓа утре, ќе има славје пред „Порта Македонија“ во Скопје

Македонскиот освојувач на сребрен медал од Олимписките игри, утре се враќа во Скопје. Дејан Георгиевски кој се закити со сребро во таеквондо во категоријата над 80 килограми, утре на аеродромот во Скопје треба да слета во 14.30 часот, а во 19.30 часот, ќе има заедничка прослава пред порта „Македонија“ на плоштадот.

„Од срце ви благодарам за поддршката кон мене и мојот тим. Од Олимписките игри носам сребрен медал со златен сјај. Утре, четврток, ве повикувам кај порта „Македонија“ во 19:30 часот на заедничка прослава на овој голем успех“ – рече Георгиевски во видео обраќањето од Токио.

Повикот на Дејан може да ги видите ТУКА.

Сребрен медал за Георгиевски и Македонија во Токио

Дејан Георгиевски во финалето против првиот фанворит Владислав Ларин загуби со 15:9 и со тоа го освои сребрениот медал на Олимпијадата во Токио.

Ова е 14-ти медал за Македoнија во историјата на Олимписките игри, и само втор од независноста на Македонија.

Популарно