ПЕРО АНТИЌ СЕ ЗБОГУВА СО ДУДА

Кошаркарска Европа денеска се збогува со легендарниот тренер, Душан Ивковиќ. Еден од најдобрите стратези на сите времиња почина во болницата во Белград како последица од вода во белите дробови.

Дуда предводеше многу тимови и освои бројни титули. Тој беше тренер на Перо Антиќ во Олимпијакос, двајцата ја освоија титулата во Евролига. Имаа одлична соработка и останаа во комуникација и по разделбата во Олимпијакос.

Ивковиќ беше гостин во Скопје во првиот мандат на Атниќ како претседател на КФСМ, беше дел од тренерската клиника.

Денеска и Антиќ се збогува со Дуда преку социјалните мрежи.

Позната причината за трагичната смрт на Николиќ

Трагична вест утрово ја потресе македонската ракометна јавност, откако поранешната репрезентативка Јулија Николиќ (Портјанко), почина ненадејно синоќа на 38-годишна возраст.

Извори блиски до трагично починатата обелоденуваат дека срцев удар бил причина за смртта на 38-годишната Јулија, која се враќала од Грција. Кобниот момент се случил во близина на Велес, каде таа останала без свест и починала на лице место.

Јулија Николиќ одбележа една ера во македонскиот ракомет и беше една од омилените во дресот на Кометал Ѓорче Петров. Покрај за европскиот шампион од 2002 година, Николиќ беше дел и од ЖРК Вардар.

Михајловиќ: Пехарот од Бари „прошета“ насекаде, Панчев го носеше на свадби во Македонија

Членот на шампионската генерација на Црвена ѕвезда која го освои Купот на европските шампиони 1991 година, Синиша Михајловиќ, обелодени дека победничкиот пехар што е изложен на белградскиот стадион „Маракана“ е реплика на оригиналот од Бари.

– Пехарот што го донесовме (во Белград) беше насекаде. Јас го носев во Борово, а Југовиќ го носеше во својот крај. Стоеше кај Биниќ во гепекот на автомобилот. Кога одевме во некој локал, тој ќе го ставеше пехарот на масата и потоа се пиеше. Панчев ќе дојдеше и ќе речеше: Дај ми го пехарот треба да го носам на свадба и Биниќ му го даваше да го носи на свадба во Македонија. Тој пехар беше целиот уништен и мораа да направат нов. Оној од „Маракана“ не е оригиналниот, да знаете, направен е повторно оти оригиналниот беше искршен, изјави актуелниот тренер на италијанскиот прволигаш Болоња за Јутјуб каналот на Црвена ѕвезда.

Белградска Црвена ѕвезда стана европски шампион со победата над Олимпик Марсеј во Бари со решавачкиот гол во пенал серијата на Дарко Панчев.


Популарно