Објавени имињата на загинатите во пожарот во модуларната болница во Тетово ShareЦрна хроника на 10.2021Албанскиот „Тетова експрес“ објави список со имињата на 12 од 14 загинати пациенти во пожарот во модуларната болница во Тетово кој избувна на 8 септември годинава. Листата ја сподели и политичарот Арсим Зеколи. Неслужбена листа на убиените во модуларната болница во Тетово, според стругалајм и тетоваекспрес. Недостасува името на 14-тата жртва. pic.twitter.com/2AsZlfxrqJ — 𐔀𐔙𐔛𐔍𐔒 𐔣𐔈𐔏𐔖𐔑𐔍 (@ArsZek) October 5, 2021 ShareTwitter Коментирај
По кратко боледување почина новинарот Ѓорѓи ТомиќЦрна хроника пред 4 месециПо кратко боледување денеска во Скопје во 42 година од животот почина новинарот Ѓорѓи Томиќ. Долги години беше дел од редакцијата на Канал 5 од 2007 до 2018 година, каде работеше како уредник во информативната редакција. Во новинарската кариера следеше настани од надворешната политика. Колегите ќе го паметат како добар новинар и голем другар.ShareTwitter Коментирај
Шок во мак-ракометот: Ненадејно почина Александар ЈовиќЦрна хроника пред 5 месециМакедонскиот ракомет остана без голем работник, затоа што ненадејно во текот на ноќта почина тренерот Александар Јовиќ. Јовиќ почина на 51-годишна возраст, а последно работеше како тренер на македонскиот суперлигаш Пролет. Низ тренерската кариера беше асистент на Лино Червар во Металург, а самостојно го водеше и Металург 2 и Еурофарм Пелистер со кого стана шампион на Македонија. Како играч, Јовиќ беше дел од Металург, Вардар, Пелистер, Преспа, Борец од Македонија, како и Болоња од Италија, Сплит од Хрватска, Апатин од Србија, и Слобода Тузла од БиХ.ShareTwitter Коментирај
Пред продавница во Ѓорче Петров две жени се тепалеЦрна хроника пред 5 месециНа 06.01.2025 во 12 часот во СВР Скопје, било пријавено дека околу 11:40 часот пред продажен објект на подрачјето на Ѓорче Петров, по претходно меѓусебно нетрпение, бил нарушен јавниот ред и мир со физичка преметка помеѓу Џ.Р.(23) и Д.Н.(39), двете од Скопје. По целосно документирање на случајот ќе следува соодветен поднесок.ShareTwitter Коментирај