За ситуацијата со Ѓоковиќ се огласи и СЗО: Aвстралиската влада непотребно го малтретирала

Ставот на Светската Здравстена Организација за ситуацијата со тенисерот Новак Ѓоковиќ досега не беше познат, но иако можеби веќе доцна, сепак тие излегоа со свој став.

СЗО наведува дека статусот на вакцинација не треба да биде услов за влез во која било земја и дека владите на државите треба да бидат поригорозни само доколку одзивот во време на епидемијата е премногу слаб.

„Статусот на вакцинација не смее да се користи како аргумент за забрана на луѓето да патуваат, а владите на сите земји можат да наредат задолжителна вакцинација само како последно средство“- се вели во соопштението на СЗО.

Австралија инсистира на тоа дека Новак Ѓоковиќ морал да се вакцинира против Ковид 19, за да влезе во земјата

Ѓоковиќ не е уапсен, министерот уште не донел одлука

Новак Ѓоковиќ не е уапсен потврдуваат и австралиските власти и од австралискиот тениски сојуз. Одлуката на министерот за имиграција уште не е донесена. Тој има рок од четири часа.

Иако полициски сили влегле во зградата каде што е најдобриот тенисер на светот со своите адвокати, тој сè уште не е приведен, јавува добро информираниот новинар Пол Сакал, а тоа го потврди и за „The Age” за кој пишува, како и за „Сиднеј Морнинг Хералд”.

„Сиднеј Морнинг Хералд” пишува дека според четири владини и тениски извори, српскиот тенисер не е уапсен.

Истиот весник јавува дека во зградата во која се наоѓа Ѓоковиќ нема гранична или федерална полиција.

И покрај одлуката на судот, за депортација на Новак Ѓоковиќ одлучува министерот за имиграциско право, Алекс Хок.

Ѓоковиќ повторно уапсен во Мелбурн

Неофицијални информации од Австралија велат дека Новак Ѓоковиќ е уапсен и дека се подготвува депортација, иако денеска на суд ја победи Австралија, но владата имала можност да му ја укине визата, користејќи „дупки во законот“ кои им даваат поголема моќ.

Засега нема официјална потврда дека тоа ќе се случи, но веќе е познато дека Австралија ја разгледува оваа можност, но има и рок до кој мора да донесат одлука - четири часа, поточно околу пладне по српско време.

Доколку судиската одлука биде поништена, Новак Ѓоковиќ ќе добие три години забрана за влез во Австралија.

Оваа информација ја потврди братот на Новак Ѓоковиќ.

-Поминуваме низ многу тешки моменти за непроспиени ноќи за целото семејство, Новак покажа колку е упорен и колку верува во своите идеали и дека е голем човек и се бореше не само за себе туку и за целиот свет. Од друга страна, имаме систем во Австралија кој донесе одлука во полза на сите факти и немаше причина за друга одлука, а сега добиваме информации дека министерот за внатрешни работи очигледно е над судот - рече Ѓорѓе Ѓоковиќ за ТВ Прва.

- Ова е дефинитивно политика, сето ова беше политика. Ангажирани сме на сите социјални мрежи и последните информации се дека сакаат да го затворат. Во моментов се консултираме со адвокати и ПР служби. Новак е со своите адвокати во просториите каде што се одвиваше судењето и моментално ги разгледува своите опции. Ова беше голем пораз за австралиските власти и ова е тешко да се поднесе. Да дојдеше да бара азил, ќе се однесуваа поинаку со него... Имаме јавен транскрипт од судницата, го третираа како криминалец, а не како спортист – објасни Џорџ.

Популарно