Столе Стоилов: Благодарам Македонијо за се!

Заминува Филип Миркуловски, но заминува и Стојанче Стоилов. Пикерот на Вардар одлучи да стави крај на репрезентативната кариера. Тој и заблагодари на цела Македонија за поддршката, вели дека имал чест да игра со многу големи ракометари и пред се со капитенот и сега селектор, Кире Лазаров.

„Би сакал да најавам дека се простувам од дресот на репрезентацијата. Благодарам Македонијо за се, ми беше чест што играв за македонската држава, што делев терен и соблекувална со големи ракометари и луѓе, треба да ги набројувам многу, сите ги респектирам, но еден е капитенот, Кире Лазаров. Моето тело едноставно не може да издржи такви напори. Немаше да се повлечам ако не мислев дека има одлични ракометари на мојата позиција, Жарко Пешевски, Никола Марковски. Ми треба одмор, од 2008 година не сум почувствувам навистина да се одморам“, изјави Стојанче Стоилов.

(Видео) „Дуомо“ гори во црвено црна боја - Милан ја слави титулата

Фудбалерите на Милан вечерва пристигнаа на плоштадот „Дуомо“ во Милано на централната прослава на шампионската титула во Серија А.

Отворениот автобус неколку часа минуваше низ улиците на градот за „росонерите“ да ги поздрават своите навивачи. 

(Фото) Пиоли си направи тетоважа во чест на Скудетото

Стефано Пиоли покажа колку му значи освоеното Скудето со Милан, ден по големиот успех на раката стави тетоважа во чест на големата титула.

Милан го освои 19. Скудетото, а тоа беше прв трофеј во тренерската кариера на Стефано Пиоли.

Од таа причина за него оваа титула има посебно значење, па си направи тетоважа во чест на големиот успех.

(Фото) „Росонерите“ не му даваат мир на Чалханоглу по освојување на шампионската круна

Милан ја доби големата битка против вечниот ривал Интер за шампионската круна во италијанското Калчо, а мета за сеир на „росонерите“ стана нивниот поранешен фудбалер Хакан Чалханоглу.

Турската ѕвезда лани играше за Милан, но Интер стигна до титулата, па минатото лето се пресели кај „нераѕурите“ со надеж дека конечно ќе го освои Скудетото, но сезонава повторно остана без титулата.

Ова го искористија „росонерите“ како повод за да му удрат сеир на „предавникот“, кој реши да ги напушти „црвено-црните“ и да го облече дресот на големиот ривал.

Популарно