Манекенка на првиот состанок бара мажот да направи тест

Моделот и членка на Менса, Кендис Клос од Њујорк изјави дека нејзиниот избраник мора да има натпросечна интелигенција – за да бидат заедно.

Дури и ако хемијата меѓу нив е одлична, доколку мажот не го положи тестот за интелигенција што таа го носи со себе за време на првиот состанок, тој испаѓа од конкуренција затоа што, како што вели манекенката, таа бара „некого со кој ќе ужива во поттикнувачки интелектуален разговор“. Кендис очекува соговорникот да биде добро упатен во актуелните настани, економија, наука…

–Сакам да се уверам дека вреди да се оди на втор состанок со него. Има многу мажи кои се привлечни, но ако не се интелигентни, добриот изглед не е важен. Како можеш да уживаш во времето со некого, доколку не се поврзете преку разговор?, се прашува таа.

Кендис, која го напуштила високото образование поради работа на страницата за возрасни „Онлифанс“, вели дека „привлечно е кога некој брзо ги разбира работите“, како и емоционалната интелигенција, но и брзата досетливост и духовитост.

–Додека растев, јас бев голема „бубалица“ во науката, и математиката… И, сѐ уште ја сакам математиката, вели таа.

Кендис е член во Менса од нејзината 17-та година. Нејзиниот коефициент на интелигенција е 136, што ја сместува во два отсто од населението. Вели дека често е „потценета“ од мажите кои претпоставуваат дека не е интелигентна поради нејзиниот „убав изглед“, но тоа воопшто не ѝ пречи, бидејќи „ужива во можноста да докажува дека луѓето грешат“, користејќи ги нивните претпоставки во своја полза.

Сѐ над 120 се смета за „натпросечна интелигенција“, а пак, луѓето со коефициент поголем од 140, се сметаат за „генијалци“.

За да се стане член на меѓународната непрофитна организација Менса, лицето треба да има коефициент на интелигенција 132, најмалку.

(Фото) Јована Јеремиќ ослабе за само една недела, ова е нејзината тајна

Водителката Јована Јеремиќ, која наскоро ќе се проба себеси и како актерка, вели за себе дека е вистинска мачка откако ослабела, а вишокот килограми го отстранила со помош на нутриционист, на кого му се обратила штом видела дека качила килограми.

-Се грижам за тоа што јадам. Сфатив дека ако јадам што сакам, ќе изгледам како гардеробер со три врати. Но, во последните три месеци се здебелив, што не се гледа на телевизија, но свесна сум за тоа, бидејќи секое утро се мерам на вага. Затоа веднаш почнав да јадам по совет на нутриционистот и за една недела го изгубив вишокот! Сега треба само да ја одржувам тежината, изјави Јована Јеремиќ, која вели дека претходно имала вишок килограми, но дека на мажите тоа не им пречело.

-Како девојка имав 58 килограми. Отсекогаш сум била привлечна за мажите. Кога учев, тие реагираа на мене, иако никогаш не бев средена. Во тој период најмногу вложив во своето знаење и не ми беше важно како изгледам. Меѓутоа, кога завршив четврта година на Правниот факултет, сфатив во каков свет живееме. Ако сакам да направам нешто, морам да станам мачка, изјави Јована, водителка на Пинк.

(Фото) Сталоне и Шварценегер ги воодушевија обожавателите

Холивудските актерски легенди, Арнолд Шварценегер и Силвестер Сталоне ги израдуваа обожаватели со фотографија на која позираат заедно.

-Роки и Терминатор, објавија на Инстаграм фотографија ја која подготвуваат тикви за Ноќ на вештерките.

-Јас и мојот пријател Арнолд поминуваме заедничко време во неговата неверојатна канцеларија резбајќи тикви со ножеви за преживување. Тоа е она што вистинските акциони момци го прават го своето слободно време, порача Сталоне.

Нивните легендарни филмски ликови се појавија заедно со филмовите „The Expendables“ и „Escape Plan“.

Вил Смит го прекина молкот за брачната драма

Вил Смит сподели дрска порака игнорирајќи ја објавената бомба од сопругата Џејда Пинкет Смит.

Вил јасно даде до знаење дека нема да се меша во драмата откога Џејда минатата недела откри дека живеат одвоено од 2016 година и дека не биле маж и жена кога тој му удри шлаканица на Крис Рок на сцената на „Оскарите“ минатата година.

Смит сподели видео на кое се гледа дека е на брод и ужива. Неговиот телефон вибрира со низа нотификации, но тој го игнорира сето тоа, лежи со затворени очи. „Забавен факт за мене – можам да дремнам речиси секаде“, вели тој.

„Ги исклучив нотификациите“, напиша тој покрај видеото. Многумина мислат дека алудира на хаосот што настана по изјавата на Џејда.

Луѓето останаа збунети од реакцијата на Вил, во која се чини дека се шегува за статусот на нивната врска.

Тој сепак се обиде да биде посериозен во врска со бомбастичните откритија на сопругата Џејда во нејзините претстојни мемоари „Ворти“.

Во е-пошта до „Њујорк тајмс“ оскаровецот вели дека книгата, на некој начин, го разбудила.

„Кога сте со некого повеќе од половина од вашиот живот, настанува еден вид емоционално слепило“.

Џејда во интервју за Ен-би-си минатата недела откри дека таа и нејзиниот сопруг живеат одвоено во последните седум години. Џејда мислела дека шлаканицата е шега. „Помислив: ова е скеч, нема шанси Вил да го удри. Дури кога тргна назад кон своето седиште, сфатив дека не е скеч“, додаде таа.

Популарно