(Видео) „Дуомо“ гори во црвено црна боја - Милан ја слави титулата

Фудбалерите на Милан вечерва пристигнаа на плоштадот „Дуомо“ во Милано на централната прослава на шампионската титула во Серија А.

Отворениот автобус неколку часа минуваше низ улиците на градот за „росонерите“ да ги поздрават своите навивачи. 

(Видео) Волкановски со скршена рака пак го суреди својот најголем ривал

Австралиецот со македонско потекло Алекс Волкановски беше во фокусот на ММА јавноста синоќа откако на УФЦ 276 турнирот дури по трет по кариерата го совлада големиот ривал Макс Холовеј, ја одбрани титулата во „пердув“ категорија и влезе во вечноста како еден од ретките со таков подвиг.

После пет целосни рунди, Волкановски славеше пред полна сала во Лас Вегас откако заслужено собра повеќе поени а по борбата изјави дека цел му е да се натпреварува во лесна категорија и да јуриша кон втор појас во кариерата.

По мечот, Волкановски откри во тунелот дека се борел со скршена рака во втората рунда. „Не е добро. Сигурен сум дека е скршена. Знам кога нешто ми е скршено. Ја скршив во втора рунда“, се насмеал Волкановски кој додаде и дека веќе никој не може да сомнева во него.

После борбата меѓу старите ривали, култниот Џо Роган изјави: „Изгледа како да Волкановски е побрз од кога и да е, и изгледа како Макс да чекор зад него. Дури чекор поназад во однос на претходниот настап“.

Алекс доминирал во текот на првите две рунди, задал повеќе удари со обете раце, а клучен момент бил кога со лакт го расекол противникот.

По доминацијата во првите три рунди на Волкановски, на Холовеј му требало чудо во четвртата за да евентуално поентерски го стигне Александар, но до крајот не се случило ништо спектакуларно и Австралиецот со македонски корени заслужено ја одбранил титулата. 

Волкановски сега има учинок 12-0 и е непоразен во октагонот а со третиот триумф по ред над Холовеј, со едногласна одлука на судиите, докажа дека е број 1 во оваа категорија.

Во целата професионална кариера, Алекс има 25 победи и само 1 пораз на самиот почеток на борбените предизвици.

Волкановски исто така стана и четврт борец во историјата на УФЦ со дури 12 победи по ред без пораз по легендарните Камару Усман, Хабиб Нурмагомедов и Андерсон Силва. Откако е основано УФЦ, ниту еден борец никогаш три пати не совладал еден ист ривал во битка за титулата.

Главна борба на вечерта беше онаа меѓу Израел Адесања и Џаред Каноние. Нигериецот после пет рунди го одбрани шампионскиот појас во средна категорија.

ВИДЕО: НБА ѕвездата ужива во Охрид со македонска музика

Ѕвездата на Кливленд кавлирс, Чеди Осман со познатата турска актерка Ебру Сахин уживаат во Охрид каде наредните денови ќе прават свадба.

Охрид не е случајно избран како дестинација, туку е желба на Осман за да стапи во брак во својот роден град каде што и денес има голем број роднини пријатели.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како познатиот пар ужива во Охрид со македонска музика.

Погледнете ги видеата и почуствувајте ја атмосферата:

Македонија ја „скина“ мрежата на Грција

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа од 39-21 ја совлада селекцијата на Грција во рамки на првиот натпревар од Медитеранските игри во Алжир.

Селекторот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров, на терен излезе со најавената млада ракометна сила, која покажа и докажа дека Македонија има светла иднина во ракометот. Натпреварот го отворивме ние, а некаде до 10. минута се водеше изедначена битка и се играше гол за гол. Марко Кизиќ со неколку интервенции во низа и Ненад Костески по десното крило со неколку брзи голови го скршија отпорот на Грција за прво водство од два разлика, 12-10.

До крајот на првото полувреме Македонија буквално ја „скина“ мрежата на противникот, а дополнително се разиграа Петар Атанасијевиќ и Мартин Серафимов. На пауза се замина со високи 20-12 за Македонија.

Во вториот дел избраниците на Лазаров продолжија таму каде што застанаа претходно. Одлична одбрана, но и супер-ефикасен напад. Под наша контрола беше целосниот меч, па од минута во минута постојано ја зголемувавме предноста, најпрвин на 15, а потоа и на највисоките 19 гола разлика (39-20).

Ракометарите на Македонија рутински го завршија двобојот со нашиот сосед, висока победа за уште повисока самодоверба и мотивација за претстојните противници.

По дуелот со Грција, утре следува натпреварот со домаќинот Алжир. Веќе в четврток македонскиот национален тим ќе игра против фаворизираната Шпанија, а веќе следниот ден и против Турција.

Во тимот на Македонија се истакнаа Мартин Серафимов со седум гола, Ненад Костески и Петар Атанасијевиќ со по пет гола. На нашиот гол особено доминираше Марко Кизиќ, кој запиша десетина одлични интервенции. Доколку Македонија се пласира во плеј-офот, натпреварите ќе продолжат и во текот на викендот.

Популарно