Атрактивната Македонка влезе во полуфинале, а со својот стајлинг ги остави сите со отворени усти!

Полека, но сигурно нашата претставничка во најпопуларното музичко натпреварување во регионот, „Ѕвездите на Гранд“, Андријана Петрушовска обезбеди влез во полуфиналето.

Со одлична изведба на песните „Ја волим свој грех“ и „Инсомниа“, Андријана освои пет од вкупно шест гласови на жирикомисијата и со тоа обезбеди бараж-натпреварување од каде всушност беше избрана да влезе во полуфиналето.

Можеби нејзиниот против кандидат Нермин Ханџиќ ги освои сите гласови, но нашата Андријана доминираше на сцената поради својот стајлинг, со кој ја воодушеви жирикомисијата, а веруваме и публиката пред малите екрани.

За нејзиното пеење, особено и изгледот, таа доби само позитивни коментари.

„Мислам дека требаше да добиеш шест гласови, стојам позади тоа. Можеби очекуваа да играш, но песните кои ги пееше воопшто не се лесни“ – беше коментарот на Цеца.

„Знам колку треба храброст за ова, супер беше, идеална беше“ – кусо искоментира Мили.

Исто така и пејачката Снежана Ѓуришиќ кажа убави зборови за нашата Андријана.

„Оваа Македонка е една таква пејачка што боли глава. Очекував ова од тебе, одлична пејачка си. Перфроманс одличен, верувам дека ќе одиш понатаму, бидејќи би било глупо ако не идеш понатаму“.

Погледнете го нејзиниот настап:

(Фото) Роналдо „фатен“ во клубот направи нешто на што сите млади треба да се угледаат

Кристијано Роналдо е на одмор со својата девојка Георгина Родригез со која ги помина последните денови на јахта на Ибица.

Португалскиот напаѓач неодамна ја заврши својата натпреварувачка сезона, откако беше дел од португалскиот тим на натпреварите од Лигата на нации одиграни претходно во јуни.

Откако вчера дел од тимот на Манчестер Јунајтед се сретна и го одработи првиот тренинг под команда на новиот селектор Ерик тен Хаг, отсуствуваа неколку играчи, меѓу кои и Кристијано Роналдо, кој имаше продолжена пауза поради одиграните натпревари во националниот тим.

Да потсетиме, одличниот Португалец реши да помине релаксирачки денови на Ибица со семејството.

Португалецот исто така поминал време во клубот, синоќа, со својата девојка Георгина Родригез, пренесува The Sun. Тие двајца беа неразделни и во многу моменти беа фатени во нежни гестови еден кон друг.

Изворот забележува и дека фудбалерот не консумирал алкохолни пијалоци, а навиката ја усвоил откако татко му починал поради проблеми со зависноста. Дефинитивно, уште еден доказ за големата посветеност на Роналдо и одличен пример за младите.

Георгина Родригез не била толку „внимателна“ и била фатена како пие алкохол.

Во моментов иднината на Кристијано Роналдо во Манчестер Јунајтед е доведена во прашање, но најновите вести од Англија најавуваат дека тимот од Олд Трафорд не ја разгледува можноста да го пушти Португалецот да си замине, бидејќи тој е неопходен за новиот тренер Ерик тен Хаг.

Колку пари чини Теа Таировиќ за една вечер?

Теа Таировиќ е со сигурност една од најголемите фолк ѕвезди на Балканот во овој момент. Пејачката направи огромен успех со новиот албум „Балканија“ и благодарение на тоа успеа да ги распродаде сите летни настапи.

„Хелоу“ пишува, дека Теа по совет од менаџерот ја зголемила цената на својот настап од 3.500 на 6.000 евра, поради што на крајот на сезоната ќе заработи вистинско мало богатство.

– Иако Теа беше барана и позната по албумот „Балканија“ ја лансираше во позиција на најбарана. Секоја песна од албумот стана хит во рок од два дена, а телефонот на нејзиниот менаџер постојано ѕвони. Потоа седна со неа и рече дека тоа е идеална можност да ја удвои цената. Иако 3.500 евра, колку што чинеше до неодамна, не се малку, сепак решија да наплаќаат 6.000 евра за настап – вели изворот и открива дека пејачката ќе стане побогата за бедни 318.000 евра за 53 однапред закажани настапи, кои официјално гибјави на социјалните мрежи.

– Теа нема да има речиси никакви слободни денови ова лето. Не само што била ангажирана секој викенд до крајот на август, туку менаџерот почнал да и ги закажува настапите и во работните денови. Таа до крајот на летото успеа да закаже повеќе од 50 настапи, што долго време не се случи на сцената. Кога бројот на настапи ќе се помножи со цената, доаѓаме до неверојатни 318.000 евра, кои ќе се заработат дури во наредниот период – вели изворот и потсетува дека богатството на Таировиќ ќе се земе и од бакшиш, бидејќи таа важи за кралица на бакшишот.

Весна Џогани и порача на Павловиќ да го спушти егото

Третата и последна забава „Драги браво“ се одржа синоќа во долниот град Калемегдан. Последната вечер пееја Гога Секулиќ, Селма Бајрами, Весна и Џоле Џогани, како и Игор Поповиќ.

Весна пред настапот даде изјава и во таа прилика се осврна на актуелниот проблем што настана меѓу Ана Николиќ и Милица Павловиќ, откако на површина излезе демо верзијата на Ана од новата песна на Милица од нејзиниот нов албум „Проверено“.

– Ми се гади од тоа. Има основа Милица да ја тужи Ана. Таму се создаде толку голема галама, би било идеално тие две да направат дует. Да не ја слушневме верзијата на Ана, немаше да ја забележиме песната на Милица, ниту целиот албум во кој се вложи многу. Ова и требаше на Милица. Треба малку да си го намали егото. Треба да размислува деловно, рече Џогани.

Популарно