Видео: Пливачка се онесвести и потона на дното од базенот, тренерот ја спаси

Американската натпреварувачка во синхронизирано пливање Анита Алварез колабираше за време на нејзиниот настап на Светското првенство во Будимпешта, Унгарија. Немилиот настан се случи во текот на вчерашниот натпреварувачки ден за време на финалето на слободната програма на солистите.

Животот на 25-годишната Американка на која и се слоши и почна да се дави, го спаси нејзината тренерка од репрезентацијата Андреа Фуентес.

Откако Алварез паднала во бессознание и почнала да пропаѓа на дното од базенот, Фуентес скокна во базенот и ја извлече на површина каде доби прва помош.

Подоцна, Алварез била пренесена во медицинскиот центар, каде било констатирано дека нејзината состојба е во ред.

Алварез планира утре (24 јуни) да се натпреварува во екипни натпревари.

Македонија ја „скина“ мрежата на Грција

Ракометната репрезентација на Македонија со убедлива победа од 39-21 ја совлада селекцијата на Грција во рамки на првиот натпревар од Медитеранските игри во Алжир.

Селекторот на нашата репрезентација, Кирил Лазаров, на терен излезе со најавената млада ракометна сила, која покажа и докажа дека Македонија има светла иднина во ракометот. Натпреварот го отворивме ние, а некаде до 10. минута се водеше изедначена битка и се играше гол за гол. Марко Кизиќ со неколку интервенции во низа и Ненад Костески по десното крило со неколку брзи голови го скршија отпорот на Грција за прво водство од два разлика, 12-10.

До крајот на првото полувреме Македонија буквално ја „скина“ мрежата на противникот, а дополнително се разиграа Петар Атанасијевиќ и Мартин Серафимов. На пауза се замина со високи 20-12 за Македонија.

Во вториот дел избраниците на Лазаров продолжија таму каде што застанаа претходно. Одлична одбрана, но и супер-ефикасен напад. Под наша контрола беше целосниот меч, па од минута во минута постојано ја зголемувавме предноста, најпрвин на 15, а потоа и на највисоките 19 гола разлика (39-20).

Ракометарите на Македонија рутински го завршија двобојот со нашиот сосед, висока победа за уште повисока самодоверба и мотивација за претстојните противници.

По дуелот со Грција, утре следува натпреварот со домаќинот Алжир. Веќе в четврток македонскиот национален тим ќе игра против фаворизираната Шпанија, а веќе следниот ден и против Турција.

Во тимот на Македонија се истакнаа Мартин Серафимов со седум гола, Ненад Костески и Петар Атанасијевиќ со по пет гола. На нашиот гол особено доминираше Марко Кизиќ, кој запиша десетина одлични интервенции. Доколку Македонија се пласира во плеј-офот, натпреварите ќе продолжат и во текот на викендот.

ГОЛЕМА ТРАГЕДИЈА: На само 21 година во сон почина фудбалерот Фабрицио Наваро - позната причината за смртта

Фабрицио Наваро, младиот фудбалер на клубот Атлетико Тукуман, почина од срцев удар.

Според тамошните медиуми, фудбалерот по тренингот се вратил дома, јадел и заспал. За време на спиењето доживеал срцев удар и никогаш не се разбудил.

– Атлетико Тукуман со тага ја објавува смртта на Фабрицио Наваро. Младиот човек, роден 2001 година, попладнето доживеал срцев удар. Го следиме неговото семејство и пријателите со почит и љубов во овој тежок момент, објави клубот, додека портпаролот додаде:

– Ова е голема загуба за нас. Фабрицио имаше само 21 година и поголемиот дел од животот го помина во клубот. За жал, тој бил пронајден дома кога веќе не бил жив.

Популарно