Карлеуша се сонча речиси без купаќи во дворот на нејзината куќа

Српската пејачка Јелена Карлеуша од денес ја отвори сезоната за сончање и промоција на нејзините нови бикини.

Имено пејачката во дворот на нејзината куќа се соблече и позираше во нејзините нови бикини.

Атрактивната поп-дива важи за најпровокативната јавна личност во Србија и на Балканот, па затоа и овој го оправда тоа.

Ирина Шајк објави жешка снимка и го покажа заводливото тело

Светскиот топ-модел Ирина Шајк овие денови ги поминува на јахта на Ибица, Шпанија.

Покрај фотографиите што осамнаа во светските магазини, Ирина самата објави на својот инстаграм-профил видео кој направи метеж меѓу нејзините следбеници.

Ирина објави жешко видео од базен, со што температурата уште повеќе ја подигна, а обожавателите беа маѓепсани да ги видат нејзините совршени движења на телото.

За момент многумина помислија дека Ирина изгледа како сирена во розов костим за капење.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by irinashayk (@irinashayk)

Амброзио како сончев зрак на гламурозен настан во Лос Анџелес

Алесандра Амброзио присуствуваше на промоција на соработката на Стаси Караниколау и Буби Тејп, што се одржа во Лос Анџелес во четвртокот вечерта.

Алесандра (41), која се прослави како ангел на „Викторија’с сикрет“, на себе има со блескав неон-жолт комплет – кусо здолниште и топ.

Атрактивната Бразилка изгледа совршено каде и да се појави, благодарение на својата беспрекорно тонирана фигура.

Ен Хеч во стабилна состојба по сообраќајната несреќа

Холивудската актерка Ен Хеч доживеа тешка сообраќајна несреќа во Лос Анџелес откако со својот автомобил „удри“ во куќа, а како што пишува „Hollywood Reporter“, актерката моментално е во стабилна состојба.

Актерката доживеала несреќа кога удрила во куќа во населбата Мар Виста во Лос Анџелес. Автомобилот и куќата се запалиле, а огнот го гаселе 59 пожарникари, пренесоа американските медиуми.

Хеч веднаш била извлечена од урнатините и пренесен во болница.

Сепак, според последните вести кои излегуваат од Холивуд, актерката е во стабилна состојба, а нејзиниот претставник за медиуми изјави дека нејзиното семејство бара приватност.

„Нејзиното семејство и пријателите бараат да се молите за неа и да ја почитувате нејзината приватност во овој тежок момент“, рече тој.

Како што е познато, освен актерката никој не е повреден во сообраќајната несреќа, ниту пак е уапсен, а полициските детективи вршат натамошни увиди.

Популарно