ВИДЕО: НБА ѕвездата ужива во Охрид со македонска музика

Ѕвездата на Кливленд кавлирс, Чеди Осман со познатата турска актерка Ебру Сахин уживаат во Охрид каде наредните денови ќе прават свадба.

Охрид не е случајно избран како дестинација, туку е желба на Осман за да стапи во брак во својот роден град каде што и денес има голем број роднини пријатели.

На социјалните мрежи се појавија видеа на кои се гледа како познатиот пар ужива во Охрид со македонска музика.

Погледнете ги видеата и почуствувајте ја атмосферата:

„Случајот“ Ѓоковиќ стигна и до американскиот конгрес

Американската конгресменка, Клаудија Тени ја „крена“ дебатата околу тоа дали на Новак Ѓоковиќ треба да му биде дозволен влез во САД за настап на САД опен во Њујорк на политичко ниво, барајќи од претседателот Џо Бајден да му дозволи на српскиот тенисер да влезе без вакцинација против КОВИД-19.

За влез во САД е потребен доказ за барем двојна вакцинација против КОВИД-19, а самиот Ѓоковиќ вчера преку социјалните мрежи изјави дека тренира како да ќе биде на терените на Флешинг Медоуз. Репубиканската конгресменка Тени преку социјалните мрежи објави дека се обидува да добие поддршк кај своите колеги за дозвола за Ѓоковиќ.

„Напишав писмо до Државниот секретар барајќи да дозволи ти да играш на САД опен. Се обидувам да обезбедам дополнителна поддршка во Конгресот и ќе се обидам на секој начин. Среќно“, напиша Тени на Твитер.

ВИДЕО: Tренер фаулираше играч и заработи црвен картон

Натпреварот помеѓу Годои Круз и Велез Сарсфилд од аргентинското првенство го привлече вниманието поради еден несекојдневен момент во текот на мечот. 

Годои во еден напад имаше продор кон противничкиот гол покрај аут линијата. Еден од играчите на овој тим го помина својот чувар и тргна кон голот, но тогаш на сцена стапи тренерот на тимот кој пружи нога и го фаулираше.

Судијата на натпреварот веднаш за овој потег му покажа црвен картон.

“Бугари, Бугари…“ За Македонија среде Софија

Скандалозни антимакедонски навреди од страна на навивачи на бугарски фудбалски клуб кон играчите на скопската екипа Македонија Ѓорче Петров познати како ,,лавови”.

Ако првата македонско-бугарска пресметка пред една недела во Скопје помеѓу Македонија ЃП и ЦСКА мина без никакви провокации, денешното гостување на „лавовите“ во Софија донесе тешка провокација од приврзаниците на „армејците“ кон фудбалерите од Ѓорче Петров, пренесува Спорт1.

Денеска на „Бугарска Армија“, приврзаниците на ЦСКА ги дочекале фудбалерите на Македонија ЃП со скандирања – Бугари, Бугари.

Фудбалерите на Македонија ЃП воопшто не изреагирале на големите провокации од страна на приврзаниците на противникот.

Тие денескаго одработија официјалниот тренинг пред утрешниот реванш-натпревар од 2. квалификациско коло во УЕФА Конференциската лига против ЦСКА Софија.

„Лавовите“ тренираа на стадионот на ЦСКА, „Бугарска Армија“ на кој утре од 19 часот ќе се игра натпреварот европскиот реванш-дуел, а кој очигледно е во очајна состојба како во подтрибинскиот простор така и на самите трибини…

Но, без разлика на сето тоа фудбалерите на Муарем Бајрами фокусирани се единствено на своето издание и желбата да се дојде до изненадување против објективниот фаворит.

Популарно