(Видео) Погледнете го лабрадорот кој сака да јаде премногу боровинки

Кучињата што имаат сопственици обично јадат готова сува храна или готова конзервирана храна, а некои луѓе ги хранат своите кучиња со она што самите го јадат.

Сепак, добро познат факт е дека многу кучиња ќе џвакаат сѐ што ќе најдат, од топка до чевел. Па дури и боровинки.

Видео со лабрадор како јаде грмушки боровинки неодамна стана вирално на „Редит“. Неговиот сопственик, кој всушност и го сподели клипот, напиша: „Моето куче повеќе е заинтересирано да јаде боровинки отколку да оди на прошетка“.

„Лабрадор, повеќе заинтересиран за храна отколку за вежбање“, „Сигурно дека лабрадорите се половина мечка“, „Потребни се тие боровинки за енергија за одење“, „Мојот доберман исто така сакаше боровинки и капини“, коментира екипата на „Редит“ на видеото.

На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид!

Останаа уште само неколку дена до еден од највозбудливите настани ова лето, настапот на светски познатиот диџеј HUGEL во Охрид на 3 август.

Со директна и емотивна порака до македонската публика, HUGEL најави спектакл:

„Македонијо, ве носам во срцето. На 3 август сакам да ја видам целата држава во Охрид. Едвај чекам да се видиме!“

https://www.instagram.com/reel/DMfn1xQME4J/?igsh=MWVhb3QyMDJzOGJ6bQ==

Настанот ќе се одржи на спектакуларна локација под отворено небо, а публиката ќе има можност да ужива во глобалните хитови како „I Adore You“, „Loosen Up“, „Morenita“ и многу други.

Настапот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме.

Карти преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер.

Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL на 3 август во Охрид

Од сцените на Tomorrowland и EDC до магијата на „Билјанини Извори“, еден од највлијателните диџеи на денешницата, HUGEL, пристигнува во Македонија. На 3 август, Охрид ќе стане центар на глобалната клубска енергија со настап каков што досега не сме виделе на овие простори. 

Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на Beatport, HUGEL е артист кој го редефинира звукот на денешната електронска музика. Како предводник на Latin и Afro House жанровите, тој ги спојува традицијата и културата на Медитеранот со современиот пулс на светската денс сцена.

Роден во Марсеј, кариерата ја гради во Франција, Шпанија и Ибица, каде што станува резидент во некои од најпрестижните клубови како Pacha и Ushuaïa. Неговиот глобален пробив започнува со “Morenita”, а се зацврстува со синглот “I Adore You”, песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана масовен хит на TikTok и Instagram со над 36 милиони прегледи.

HUGEL е артист со статус на глобален феномен, со настапи на најпрестижните светски фестивали како Tomorrowland, EDC Las Vegas, Lollapalooza, Mysteryland, Parookaville и World Club Dome. Тој важи за еден од највлијателните диџеи на современата денс-сцена.

Концертот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Публиката ќе има можност да ги доживее во живо траките што се вртат во сите клубови од Мајами до Берлин. Освен “Morenita” и “I Adore You”, HUGEL ќе изведе сет исполнет со неговите најнови ремикси и неиздадени продукции.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме. 

Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер, а првите 100 билети ќе бидат достапни по промотивна цена од 1.500 денари.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5675

Популарно