Кевин Спејси мора да им плати 31 милион долари на продуцентите на „Куќа од карти“

Оскаровецот Кевин Спејси (62) ќе мора да плати оштета од речиси 31 милион долари на продуцентската куќа „МРЦ“, која во 2017 година го исфрли од серијата „Куќа од карти“ (House of Cards) по обвинувањата за сексуална злоупотреба, одлучи американскиот суд откако беше одбиена неговата жалба.

„МРЦ“ го тужеше Спејси затоа што со отказот изгубија значителни приходи од серијата, која се занимава со политички интриги во Вашингтон.

Пред пет години, кариерата на Спејси, добитник на два „Оскари“, нагло прекина поради серија наводи за сексуален напад, па продуцентите мораа драстично да го сменат заплетот на шестата сезона на популарната серија.

Судот уште во 2020 година пресуди во корист на продуцентската куќа, оценувајќи дека однесувањето на Спејси ги прекршило правилата на договорот, на што актерот поднесе жалба, но таа беше одбиена.

Фото: Браќата имаат „добри“ сопатнички

Фолк пејачите Саша и Дејан Матиќ покрај с воите успешни музички кариери можат да се пофалат и со успешно семејство кое го имаат зад себе.

Браќата се среќно оженети и имаат по две деца.

Саша Матиќ се оженил во 2003-та година со Анџела Матиќ која е негова најголема поддршка во животот.

Саша и Анџела се горди родители на двете ќерки Александра и Тара кои не ги покажуваат во јавноста.

Дејан се оженил многу подоцна во 2012 година заедно со Јелена со која претходно бил во врска неколку години.

Парот ги имаат синовите Зоран и Константин.

Инаку интересно е тоа што неговата сопруга се има појавено и во песната „Она је моја“ во 2013 година.

ФОТО: Кумата го „украла“ вниманието на нивната свадба

На секоја свадба главни се младоженците, но некогаш може да се случи и кумата да го украде вниманието. Не е познато каде, но дефинитивно ова е една од најзгодните куми кои сме имале можност да ги видиме.

Кога оваа кума се појавила на свадба сите биле воодушевени, а многумина коментираа дека е најзгодна и најубава кума која имале прилика да ја видат, а други пак дека претерала со изборот на облека.

Погледнете па проценете самите:

ФОТО: Македонската пејачка целосно се разголе

Убавата македонска пејачка Симона Поповска, покажа како изгледа во бикини. Поповска во кратките приказни на „Инстаграм“ сподели фотографија од костим во капење каде наѕираат нејзините стомачни.

Погледнете ја: 

Популарно