(Фото) Погледнете како изгледал Ѓорѓи Колозов кога имал 18 години

Голобрадото момче кое од мали нозе мечтаеше да стани глумец, да стани Петре Прличко…и стана глумец, и стана Ѓорѓи Колозов!

За прв пат на интернет ја објавуваме фотографијата од табло на Ѓорѓи Колозов како матурант. Фотографијата е подобрувана, поради лошата резолуција.

(Видео) Маријана Станојкоска провокативно танцува на хитот на Бијонсе и Шакира

Една од најпознатите водителки на македонските простори, Марјана Станојкоска реши да ги освежи следбениците на социјалната мрежа Инстаграм. 

Нејзиното хоби е танцот, навистина и оди од рака, па така често на социјалните мрежи објавува видеа како танцува.

Овојпат Станојкоска танцува на еден од најголемите хитови на дивите Бијонсе и Шакира, „Beautiful Liar“ во спортска облека, при што лесно се забележува нејзиното тело, кое пак го посакуваат многу жени.

Целото видео погледнете го ОВДЕ

(Фото) Овој маж го освои срцето на Надица Адемов

Пејачката Надица Адемов неодамна објави дека е вљубена и дека конечно го пронашла човекот на својот живот.

Иако досега одбиваше да го покаже на јавноста, таа направи преседан за нејзиниот роденден.

Екипата на емисијата „Папарацо лов“ била на лице место, па успеале да го снимат нивниот страстен бакнеж и прегратките.

Надица истакна дека тој е вистинскиот и дека наскоро планира да застане на лудиот камен.

Наташа Ѓукиќ: „Го замолив Бог да ме земе мене, а да ја врати неа“

Минатиот декември целата јавност остана во шок и неверување кога беше објавена веста дека популарната јутјуберка и гејмерка Кристина Кика Ѓукиќ се самоубила.

За причините и мотивите на оваа трагедија уште се шпекулира, а нејзината мајка Наташа е убедена дека не се работи за самоубиство туку за убиство.

Сега, една година по смртта на Кика, Наташа признала како се чувствувала кога ја нашла мртва.

-Седам, плачам и ја гледам нејзината слика. Му се молам на Бога сето тоа да е сон, утре да се разбудам и да кажам: „Боже, каков одвратен сон“. Тоа нема да се случи, за жал, моето бебе го нема, потресно рекла Наташа и додала:

-Првиот пат кога изговорив: „Боже, земи ме, врати ја неа“, тој момент не може да се опише. Не дај Боже некој некогаш да го доживее тоа што јас го доживеав таа вечер, изјавила мајката на Кика.

Популарно