Ванчо Димовски: Доне, се надевам дека од горе некаде го гледаше ова!

Ракометниот спектакл во организација на Ракометната федерација на Македонија заврши со емотивен говор на Ванчо Димовски. Некогашниот кружен напаѓач на националниот тим, кој вечерва го постигна најатрактивниот погодок, не го заборави својот голем пријател и поранешен тренер и помошник селектор Андон Бошковски - Доне, кој пред неколку месеци ненадејно почина.

„Благодариме за посетата вечерва, што дојдовте во толкав број да ги поздравите прво играчите на кои им е потребна поддршка за претстојното Светско првенство. Ние како екипа и сите овде присутни мораме да споменеме уште еден член на стручниот штаб кој повеќе не е меѓу нас. Ќе ве замолам аплауз, за Андон Бошковски. Се надевам дека од горе некаде го гледа ова“, рече Димовски.

Популарниот Доне, важеше за еден од најдобрите ракометни тренери во нашата држава, но и голем пријател, другар и поддржувач на македонскиот ракомет. Почина во својот дом на 47-годишна возраст. Бошковски поголемиот дел од својата тренерска кариера ја мина на клупите на македонските суперлигаши, а во неколку наврати беше дел и од националниот тим.   

Заврши договорот на Милевски, Македонија од денеска е без селектор

До 1 декември беше активниот договор на Благоја Милевски на функцијаа селектор на фудбалската репрезентација на Македонија. Тоа значи дека од денеска нашиот национален тим и официјално нема селектор, затоа што истече она што тренерот и федерацијата го имаа потпишано на хартија за обострана соработка.

Благоја Милевски дојде на функцијата селектор на Македонија по ЕП, кога истече договорот на тогашниот селектор, Игор Ангеловски. Милевски и ФФМ имаа договор со месечна обврска на федерацијата кон тренерот за сума од 7.000 евра. Според најавите и според одлуката на УО на ФФМ, деновиве треба да се договорат новите детали за новиот договор со исти услови кои ќе му биде понуден на Благоја Милевски.

„СпортСпорт“ дознава дека Милевски ќе добие двегодишен договор, но истиот ќе биде условен со пласманот во следниот циклус од Лигата на нации, кој се игра од септември 2024 година.

Немањето други алтернативи, огромната сума која ја бараат странците и големата престојна пауза се причините поради кои Милевски ќе добие нов договор и ќе остане на функцијата, иако зад себе има неуспешни настапи во Лигата на нации и квалификациите за ЕП 2024, во кои моравме да бидеме подобри иако групата беше претешка.

Се чека ФФМ и Милевски деновиве да го потврдат новиот договор за продолжување на соработката.

„Новак Ѓоковиќ мора да биде суспендиран, правилото е прекршено!“

Поранешниот француски велосипедист, Марк Мадио, смета дека Новак Ѓоковиќ, мора да биде суспендиран, затоа што одбил комплетно тестирање на допинг контрола при Дејвис куп настапите.

Новак Ѓоковиќ пред средбата против Камерон Нори, беше избран да биде тестиран и поради тоа реагираше остро кон одговорните лица за тоа, сметајки дека тоа можело да почека по мечот, за да не му ја рушат рутината пред секој натпревар.

– Секогаш сум бил поддржувач на допинг контроли, но не пред натпреварот. Што ќе променеше тоа? Ништо..“, порача Ѓоковиќ.

На тоа велосипедистот Мадио, реагираше со свој став:

– Новак одби да биде тестиран пред натпревар, ако антидопинг телото си ја работеше својата работа, господинот Ѓоковиќ требаше да биде суспендиран. Во велосипедизмот, ако одбиете тест, а тестот потоа е позитивен, ќе бидете казнети. Немате право да одбиете тестирање, тоа е правило“, порача Мадио за РМЦ радиото.

(Фото) Навивачите на Милан ги спремија доларите со ликот на Донарума

Ултрасите на „росонерите“ подготвија илјадници лажни банкоти кои ќе бидат фрлени на теренот кон голманот. На доларите место некој од поранешните претседатели на САД стои слика со ликот на Донарума и наслов „платеник“.

Вечерва Џанлуиџи Донарума со Пари Сен Жермен ќе му гостува на Милан на „Сан Сиро“ каде што италијанскиот голман ја започна кариерата.

Донарума ги разочара и налути навивачите кога како слободен играч одби да потпише нов договор и потпиша за францускиот гигант.

Навивачите на Милан никогаш не му простија, а го му го покажаа во настапите за Италија на „Сан Сиро“, со ПСЖ сега првпат гостува, па се очекува и притисокот кон него да биде посилен.

Ултрасите на „росонерите“ подготвија илјадници лажни банкоти кои ќе бидат фрлени на теренот кон голманот. На доларите место некој од поранешните претседатели на САД стои слика со ликот на Донарума и наслов „платеник“.

Сите банкноти се со бројот „71“ кој според наполитанската традизвија означува „човек без вредности“.

Вечерва Џанлуиџи Донарума со Пари Сен Жермен ќе му гостува на Милан на „Сан Сиро“ каде што италијанскиот голман ја започна кариерата. Донарума ги разочара и налути навивачите кога како слободен играч одби да потпише нов договор и потпиша за францускиот гигант. Навивачите на Милан никогаш не му простија, а го му го покажаа во настапите за Италија на „Сан Сиро“, со ПСЖ сега првпат гостува, па се очекува и притисокот кон него да биде посилен. Ултрасите на „росонерите“ подготвија илјадници лажни банкоти кои ќе бидат фрлени на теренот кон голманот. На доларите место некој од поранешните претседатели на САД стои слика со ликот на Донарума и наслов „платеник“. Сите банкноти се со бројот „71“ кој според наполитанската традизвија означува „човек без вредности“.

Популарно