Пеле доби улица во Рио де Женеиро

Една од авениите во Рио де Женеиро ќе го носи името на прославениот бразилски фудбалер Пеле, одлучија градските власти.

Како што јавија локалните медиуми, дел од патот „Авенида Радиал Оесте“ (Avenida Radial Oeste), долг 1.4 километри во близина на стадионот „Маракана“ ќе го носи името Авенија на кралот Пеле(Avenida Rei Pele).

Пеле почина од рак минатиот четврток на 82-годишна возраст и по тридневна национална жалост и по 24-часовно бдеење на стадионот на неговиот долгогодишен клуб Сантос, трикратниот светски првак беше погребан во вторникот.

На стадионот „Маракана“ во близина на авенијата, која ќе го носи неговото името, Пеле во 1969 година го постигна 1.000 гол во својата кариера.

На истиот стадион во 1971 година се збогува од бразилската репрезентација на пријателски натпревар против поранешна Југославија. 

Имал потекло од Тетово: Блажевиќ двапати за малку не станал селектор на Македонија!

Легендарниот хрватски тренер, Мирослав Блажевиќ, кој почина денеска на 88-годишна возраст по долга борба со ракот, во минатото за малку двапати не стана селектор на Македонија за што жалеше речиси цел живот.

Во интервју дадено за тогашниот дневен весник „Вест“, тој изрази жалење што во 2009 година не ја доби довербата наместо Мирсад Јонуз, а неговото име се споменуваше и четири години претходно, пред да биде наименуван Слободан Сантрач, кога наводно бил прескап за луѓето од ФФМ.

„Се сеќавам, вашиот тогашен претседател на ФФМ (Хари Хаџи -Ристески н.з.) беше упорен за селектор да постави Македонец и ме одби. Можеш да замислиш, го одби Ќиро со целиот свој авторитет и со сите успеси што стојат зад него за некој си тренер кој морал да биде од Македонија. Неверојатно!“, изјави тогаш Блажевиќ.

Тој потоа откри податок што малкумина го знаеле.

„Па и во мене тече македонска крв! Дедо ми е Македонец со потекло од Тетово. А ако тогаш бев поставен за ваш селектор сигурно ќе бевте први во квалификациската група и ќе игравте на завршницата на ЕП во Полска и Украина. Лесно ќе бевме први во групата и сега ќе го величавте Ќиро. Верувај ми, пред тој разговор со вашиот претседател секогаш кога играше Македонија ја гледав како своја репрезентација и навивав за неа, но откако ме одби, повеќе не е така – рече тогаш “тренерот на сите тренери” како што го нарекуваат во Хрватска.

Последната прошетка на Чиро: Не сум сигурен дека ќе го дочекам роденденот…

Легендарниот фудбалски тренер и поранешен селектор на репрезентациите на Хрватска и Босна и Херцеговина, Чиро Блажевиќ почина на 87-годишна возраст по долга борба со ракот. Болеста првпат му беше дијагностицирана во 2011 година, двапати ја победи, но третиот пат, за жал, не успеа. За два дена требаше да го прослави својот 88 роденден.

Пред две недели прошета низ центарот на Загреб, а уште тогаш изјави дека не се чувствува добро и дека знае дека нема шанси во оваа борба. „Тренерот на сите тренери“ не напушти пред својот 88. роденден

„Извини сине, не излегувам повеќе. Уште одам на инфузија. Брат ми ме води, а јас брзо се изморувам. Морам да одмарам на секои пет метри“, изјави за „Вечерњи лист“ Мирослав Чиро Блажевиќ на 26 јануари, а две недели подоцна почина на 87-годишна возраст. Беше на еден ден од неговиот 88 роденден, тоа беше неговата последна прошетка во неговиот сакан град.

Официјално, тој е роден на 10 февруари, но објаснил дека татко му останал во кафуле до доцна, па го пријавил еден ден подоцна.

„Толку сум болен… Толку ми е тешко. Оваа еб*на болест ме обзеде. Се мачам, патам. Многу ме боли, тоа е тоа“, изјави тогаш Чиро.

Борко Ристовски по втор пат стана татко

Голманот Борко Ристовски вторпат стана татко, доби ќерка која ќе се вика Анастасија. Борко не крие дека е среќен што му се родила ќерката, па за „Репортер“ откри дека сè поминало во најдобар ред, а дека неговата сопруга Нина и бебето се чувствуваат добро.

„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија. Нина се породи пред малку и се чувствува одлично. И таа и бебето се добри, а јас и Душан сме пресреќни. Анастасија има 4.230 грама и 53 сантиметри“, рече Борко за „Репортер“.

Анастасија е второ дете на Борко и Нина. Тие веќе го имаат синот Душан, кој наскоро ќе полни пет години, а името го носи по починатиот татко на голманот.

Популарно