Борко Ристовски по втор пат стана татко

Голманот Борко Ристовски вторпат стана татко, доби ќерка која ќе се вика Анастасија. Борко не крие дека е среќен што му се родила ќерката, па за „Репортер“ откри дека сè поминало во најдобар ред, а дека неговата сопруга Нина и бебето се чувствуваат добро.

„Ќерката требаше да има друго име, Ирис, но бидејќи се роди на празникот Св. Атанас, решивме да се вика Анастасија. Нина се породи пред малку и се чувствува одлично. И таа и бебето се добри, а јас и Душан сме пресреќни. Анастасија има 4.230 грама и 53 сантиметри“, рече Борко за „Репортер“.

Анастасија е второ дете на Борко и Нина. Тие веќе го имаат синот Душан, кој наскоро ќе полни пет години, а името го носи по починатиот татко на голманот.

Раул Гонзалес: Македонците се најдобри ракометни навивачи во светот, не се сомневам во тоа

Раул Гонзалес останува запишан во историјата како тренер на екипата на Вардар што ја освои првата од двете европски круни. Шпанскиот ракометен генијалец, кој кај нас го доби прекарот „Ел Команданте“, во последните години со успех го води дрим-тимот на ПСЖ, но тивкиот стратег не го заборава времето минато во Скопје, како предводник на Вардар, а потоа и на македонската репрезентација.

Во својата колумна за „eurohandball”, Гонзалес меѓу другото се потсети и на периодот во кој остваруваше одлични резултати на чело на Вардар.

„Во 2014 година дојдов во Вардар, што се покажа како неверојатно искуство за мене, прв пат како прв тренер на една екипа. Бев навикнат на изненадувања уште од времето како играч и тоа ми послужи добро во Скопје, па брзо „кликнавме“ со луѓето од Вардар. Во 2016 година бевме елиминирани во битката за фајналфор од Фленсбург, но следната сезона блеснавме. Тоа беше неверојатно, нешто за што може да се напише книга. Имавме добра сезона, а потоа во Келн ги победивме Барселона и ПСЖ со по еден гол разлика. Минаа шест години, а се уште немам зборови да го опишам тоа чувство“, изјави Шпанецот.

Раул Гонзалес секогаш беше обожуван од македонските ракометни фанови, за кои шпанскиот стратег исто така има највисоко можно мислење.

„Не бевме фаворити во Келн, ги изненадивме гигантите и го кренавме пехарот во ЛШ. А во Македонија? Тоа беше тотално лудило… Исто така бев и селектор на Македонија, така што добро знам колку им значи ракометот на Македонците. Кога се вративме во Скопје, имаше над 100.000 луѓе на улиците за да ги поздрават шампионите. Тоа беше неверојатно, со рака на срце можам да кажам дека Македонците се најдобрите ракометни навивачи во светот. Начинот на кој го поддржуваат својот тим, страста кон спортот и кон своите идоли, тоа го нема никаде на друго место“, коментира Раул Гонзалес.

(Фото + Видео) Стоилов им се сврте на „гробарите“ по големата провокација

Срамна провокација на навивачката група (ако може така да се нарече) „Гробари“ на ракометниот натпревар, меѓу Партизан и Вардар одигран вечерва во рамките на регионалната СЕХА лига, која патем го добија домаќините. 

Откако прво истакнаа грчко знаме, во текот на второто полувреме „гробарите“ испратија порака, најверојатно упатена до навивачите на Вардар „Комитите“, наведувајќи дека се група со српско име, која слави бугарски војник, притоа алудирајќи на Гоце Делчев.

„Група со српско име, слави бугарски војник, мора да е тешко со таков комплекс во главата!“ пишува на паролата која ја истакнаа „Гробарите“.

Покрај овие пораки, честопати можеа да се слушнат и скандирањата од типот

„Јужна Србија, никогаш Македонија“

Ваквите срамни скандирања на навивачките групи кај нашиот „Северен Сосед“ се сé почести, па редно е конечно некој од нашата Влада, а пред се Министерството за надворешни работи да реагира. 

На ваквите провокации кои беа составен дел од речиси целиот тек на овој натпревар не остана имун капитенот на вардарци Стојанче Стоилов, кој со право реагираше.

ВИДЕО: Навивачите на Бешикташ го одушевија светот, мечот беше прекинат во 04:17 минута

Фудбалерите на Бешикташ оваа недела играат во турскиот фудбалски шампионат против Анталијаспор, а на овој натпревари домашните навивачи кои го одушевија светот со својот гест.

Имено, навивачите на „орлите“ од Истанбул за време на натпреварот со Анталија фрлија на теренот илјадници играчки, за децата кои живеат во областите во Турција кои беа погодени од разорниот земјотрес.

Играчките беа фрлени на теренот точно во 4 часот и 17 минути од почетокот на мечот, што има и симболично значење, откако првиот силен земјотрес ја погоди Турција во точно 4 часот и 17 минути наутро.

Инаку, хуманитарните организации апелираа да се испратат играчки во погодените подрачја, бидејќи децата останаа без свои, а се верува дека овие играчки можат да им дадат утеха во овие тешки моменти.

На натпреварот Бешикташ – Анталија на „Водафон Парк“ во моментов нема голови (0:0).

Популарно