Скопје не спиеше: Се славеше враќањето на Вардар во Првата лига!

По две години поминати во Втората лига, фудбалерите на Вардар со вчерашната победа во баражот против Скопје од 3:0 обезбедија место во најелитната конкуренција.

Веднаш по победата во Кавадарци беше најавено дека фудбалерите ќе бидат пречекани Плоштадот во Скопје.

Бројни навивачи излегоа да ја дадат својата поддршка на вардаровите херои кои успеаа да ги надминат сите проблеми и да се изборат за враќање во друштвото на најдобрите.

Видео: Елмас доби специјално признание од Наполи за успешната сезона

Репрезентативецот на Македонија Елиф Елмас сезоната во Серија А ја заврши со шест гола и три асистенции што е солиден учинок ако се знае дека влегуваше како „џокер“ од клупата за резерви.

Наполи го освои Скудетото во Италија на кое овој клуб чекаше цели 33 години, уште од генерацијата на Марадона. Клубот по завршувањето на сезоната одлучи да им се заблагодари на фудбалерите подарувајќи ѝм – златно стапало на Марадона.

Секако признание доби и македонскиот репрезентативец. Освен ова признание фудбалерите добија и премија од 3.5 милиони евра, како и специјален персонализиран дрес кој е пуштен во продажба.

(Видео) Бостон избори „мајсторката“ со звукот на сирената

По трите порази, кошаркарите на Бостон врзаа три победи во серија против Мајами, и се изборија за „мајсторка“ во финалето на Источната конференција.

Селтикси ноќеска на гостински терен во драматична заврница со кошот на Дерик Вајт на 2.десетинки до крајот славеа победа над Хитс со 104:103 со што го израмнија резултатот на 3-3 во победи и се изборија за решавачки седми натпревар.

Само неколку секунди пред истекот на времето, Џими Батлер постигна кош за водство на Хит од еден поен103:102. Во последниот напад за Бостон, оговорноста ја презеде Маркус Смарт, кој шутираше за три поени и промаши, но Дерик Вајт забележа офанзивен скок и со своите поени му донесе победа на својот тим.

Најефикасен на натпреварот беше Џејсон Тејтум со 31 поен, 12 скока и пет асистенции, а најрасположен беше Батлер од Мајами со 24 поени, 11 скока и осум асистенции.

На овој начин, Селтикси станаа само четвртиот тим во историјата кој успеал да се врати од негативата од 0:3 во плејоф серијата од НБА лигата, а сега ќе имаат можност да направат целосен пресврт и да испишат историја на својот дом.

Седмиот и решавачки дуел ќе се игра во Бостон, а закажан е за вторник наутро од 02:30 часот.

Популарно