Победникот на Евровизија се изјаснува како небинарна особа: Дознајте што е тоа

Швајцарија победи на овогодинешниот избор за песна на Евровизија. Него го претставуваше Немо кој ја изведе песната „The Code“. Тој се идентификува како небинарен.

„Луѓето почнуваат да разбираат се повеќе и повеќе, а тоа разбирање ми значи целиот свет. Самата можност да ја претставувам оваа заедница на Евровизија е неверојатна и многу ми е драго што не сум единствената оваа година. Уште подобро е затоа што изгледа како да е потребно“, изјави Немо и додаде:

Знаејќи дека им се допаѓа песната за пронаоѓање на себе и небинарноста и дека ги трогна… Навистина е прекрасно“, признал Немо.

Покрај швајцарското знаме, Немо покажа и знаме со жолти, бели, виолетови и црни хоризонтални ленти. Тоа е небинарното знаме на гордоста.

Небинарните луѓе го доживуваат својот пол и како машко и како женско, додека други го доживуваат својот пол ниту како маж, ниту како жена. Небинарното, исто така, може да се користи како кровен термин, опфаќајќи многу родови идентитети кои не се вклопуваат во бинарното машко-женско.

Небинарните луѓе бараат да им се обратат со оние, тие, нивен.

Фото: Нашите освојуваат награди и во Кореја

Машински Факултет Скопје издаде соопштение  во врска со учеството на меѓународна изложба во Кореја и постигнатиот огромен успех, помеѓу другото наведуваат:

„Пронајдокот „Филтер за воздух вграден во велосипедско тркало“ кој е остварен од страна на нашите студенти: Ина Крстевска, Филип Попоски, Марко Насески, Мартин Спасовски Игор Џамбаски и Александар Јанковиќ, заедно со вон. проф д-р Иле Мирчески и дип. маш. инж. Тошко Ристов на 12-та по ред меѓународна изложба  „KIWIE 2019“ одржана во Сеул, Јужна Кореја во периодот од 20 до 23 јуни 2019, во организација на Корејската асоцијација за жени пронајдувачи KWIA и поддршка од Корејскиот завод за интелектуална сопственост KIPO и светската организација за интелектуална сопственост WIPO се здоби со следните награди:

- Златен медал од страна на Меѓународната комисија составена од експерти во дадената област

- Златен медал со диплома од страна на Асоцијацијата за промоција на пронајдоци и иновации од Индонезија

- Диплома за најдобар пронајдок од страна на Центар за Жени иноватори на Узбекистан.

Честитки за македонските иноватори.

Фото: Браќата имаат „добри“ сопатнички

Фолк пејачите Саша и Дејан Матиќ покрај с воите успешни музички кариери можат да се пофалат и со успешно семејство кое го имаат зад себе.

Браќата се среќно оженети и имаат по две деца.

Саша Матиќ се оженил во 2003-та година со Анџела Матиќ која е негова најголема поддршка во животот.

Саша и Анџела се горди родители на двете ќерки Александра и Тара кои не ги покажуваат во јавноста.

Дејан се оженил многу подоцна во 2012 година заедно со Јелена со која претходно бил во врска неколку години.

Парот ги имаат синовите Зоран и Константин.

Инаку интересно е тоа што неговата сопруга се има појавено и во песната „Она је моја“ во 2013 година.

ФОТО: Кумата го „украла“ вниманието на нивната свадба

На секоја свадба главни се младоженците, но некогаш може да се случи и кумата да го украде вниманието. Не е познато каде, но дефинитивно ова е една од најзгодните куми кои сме имале можност да ги видиме.

Кога оваа кума се појавила на свадба сите биле воодушевени, а многумина коментираа дека е најзгодна и најубава кума која имале прилика да ја видат, а други пак дека претерала со изборот на облека.

Погледнете па проценете самите:

Популарно