Вардар елиминаран од ракометниот куп

Купот на Македонија ќе добие нов владетел. Актуелниот првак Вардар 1961 во драматичен финиш загуби од Алкалоид (25-24) и така тимот на Кирил Лазаров ќе игра историско финале во второто натпреварување во нашата земја.

Дуелот меѓу двете екипи од Скопје беше крајно изедначен и драматичен. Вардар во последниот напад доби шанса од пенал да израмни и да гледаме пенали, но Галевски беше херојот на Алкалоид и го одбрани ударот на Срдановиќ.

Финалето од Купот на Македонија е закажано во недела од 19:30 часот во СЦ „Борис Трајковски“.

Рубин Казан е разочаран од однесувањето на нивниот Даку

Вистински скандал го зафати Балканот откако албанскиот репрезентативец Мирлинд Даку со националистичко скадирање по ремито со Хрватска ги навредуваше Македонците и Србите.

Со соопштение за целата ситуација излезе и нашата куќа на фудбалот, која најави дека ќе биде испратен официјален допис до УЕФА и ќе се бара јавно извинување од Даку за националистичките скандирања.

Разочарани од однесувањето на Даку се и од неговиот клуб, рускиот Рубин Казањ.

„Нашиот клуб не поддржува никакви навредливи акции или гестови. Играчот беше на располагање на репрезентацијата, но, секако, жалиме што дојде до ваква ситуација. Што се однесува до санкциите против играчот, ова е привилегија на УЕФА“, се вели во соопштението на рускиот клуб.

Даку ги пцуеше Македонците по мечот со Хрватска

Албанија и Хрватска вчера во Хамбург одиграа одличен натпревар.

Заврши 2:2, откако Хрватска направи пресврт по водството на Албанија, а потоа Албанците изедначија со гол во 95.минута.

Штета е што она што по натпреварот тема не е играта на двата тима туку случувањата кои немаат врска со фудбалот.

Во текот на мечот, здружени, албанските и хрватските навивачи викаа: „Убиј, убиј, убиј го Србинот“, а уште поголем скандал предизвика албанскиот репрезентативец Мирљинд Даку по завршувањето на натпреварот.

Даку, роден во Гњилане, инаку фудбалер на Рубин од Казан, додека го славеше нерешениот резултат со навивачите го зеде мегафонот и извика пцовка упатена кон Македонците, повикувајќи ја публиката да скандира со него.

Претходно за време на турнирот, камерите снимија и тетоважа на грбот на Даку, која ја покажува неговата почит командант на УЧК кој загина во 1999 година.

Сигурно е дека Даку за овој испад ќе биде казнет од УЕФА.

(ВИДЕО) 22 години од денот кога Кометал ја освои Лигата на шампионите

На денешен ден, пред дваесет и две години, секој Македонец беше горд и плачеше од радост, затоа што женскиот ракометен клуб Кометал Ѓорче Петров ја донесе првата европска титула во нашата земја, откако го крена престижниот пехар во Лигата на шампионите. На 19 мај, 2002 година, Кометалки во мечот за титула го совладаа Херц (26-22) и направија секој човек од нашата земја да слави, без разлика дали е вистински вљубеник во ракометната топка или пак не.

Се присетуваме на последните минути од финалниот натпревар:

Дел од тимот на Кометал Ѓорче Петров во финалето во „Кале“ беа Луминица Дину, Гордана Нацева, Индира Кастратовиќ, Оксана Плошчиска, Ирина Калиниченко, Анжела Платон, Милева Велкова, Олга Бујанова, Мирјана Чупиќ, Андријана Будимир, Лариса Ферзалиева, Ања Андрушченко, Наталија Малахова и Елена Златановска. 

Дваесет и две години подоцна, Македонија има ракометни тимови со кои се гордее. Ама енергијата која ја предизвика Кометал ЃП во нашата земја - засекогаш ќе се памети. Орото кое се виеше на „Македонско девојче“, како и скоковите од радост на „Кометал шампионе“, засекогаш ќе останат врежани длабоко во македонската спортска историја.

Популарно