„Ми недостасува музиката“: Селин Дион се расплака на премиерата на нејзиниот документарен филм

Новиот документарен филм на Селин Дион (56) ја прикажува здравствената борба на пејачката, како нејзината болест ѝ влијае на гласот и како изгледа  нејзиното секојдневие „зад кулисите“.

Во декември 2022 година, музичката дива сподели дека ѝ е дијагностициран синдром на вкочанета личност, кој ги претвора луѓето во живи статуи. Тогаш таа сподели дека ќе ги откаже концертите од нејзината претстојна концертна турнеја.

Синоќа се одржа премиерата на филмот „Јас сум: Селин Дион“ („I Am: Celine Dion“), на која присуствуваше и пејачката.

„Не ми се верува колку сум богата што имам вакви обожаватели во мојот живот“, изјави Дион, која плачела по премиерата на документарниот филм во Њујорк, пренесе „Пипл“.

„Вашето присуство на моето патување беше подарок. Вашата љубов и поддршка ме турнаа напред низ сите проблеми“, изјави емотивната пејачка.

Покрај фановите, пејачката се заблагодари и на својот тим, но и на децата.

„Се разбира, никогаш немаше да застанам пред вас доколку ја немав поддршката и љубовта од моите деца. Од срце ви благодарам на сите што бевте дел од моето патување. Овој филм е љубовно писмо до сите вас“, изјави Дион, за што беше наградена со громогласен аплауз.

Да потсетиме, синдромот на вкочанета личност е ретка невролошка болест со карактеристики на автоимуно заболување. Оваа состојба погодува само еден од милион луѓе, главно на возраст од 20 до 50 години. За жал, нема лек за оваа здравствена состојба, но симптомите можат да се ублажат со соодветни третмани.

Марија Шерифовиќ откри како изгледа таткото на нејзиното дете

Марија Шерифовиќ гостувајќи во забавна емисија, за прв пат проговори за биолошкиот татко на нејзиниот шестмесечен син Марио, кој го доби преку сурогат мајка. Српската пејачка изјави дека нема да го открие идентитетот на таткото, бидејќи во тој случај би можела да биде казнета.

„Тоа се работи за кои не можам и не треба да зборувам поради сите потпишани договори, бидејќи никогаш не се знае дали некој ќе го преведе ова, а потоа (таткото) ќе ме тужи за десет милиони долари, можеби и повеќе“, објасни таа.

Потоа додаде: „Тој е одличен фраер, Европеец“.

Пејачката открила и дека ќе му биде најголемиот поддржувач на нејзиниот син, што и да прави во животот.

Нека биде здраво, паметно и чесно суштество. Што се однесува до мене, тој може да биде и доктор на науки и вулканизер. Ќе се обидам да го слушнам, да го видам, да ги слушам неговите потреби и да му бидам поддршка“, рече таа.

Плажата „Месечев залив“ во Словенија - една од најубавите во светот

Малата карпеста плажа „Месечев залив“ на словенечкото крајбрежје е прогласена за една од најдобрите во светот од страна на „Биг 7 травел“ – глобална интернет-страница за совети за патувања, објави весникот „Словенија тајмс“.

„Плажата не може да се пофали со тропскиот ветар на Карибите, но е неверојатно убава. Благодарение на нејзината изолираност и заштитениот статус, најверојатно ќе го имате целото место за себе“, се вели во описот на „Биг 7 травел“.

„Восхитувајте се на неверојатните погледи на Јадранското Море долж една од неколкуте пешачки патеки што се движат низ резерватот или едноставно впијте го сонцето“, се додава.

Инаку, „Месечевиот залив“ се наоѓа во природниот резерват Струњан и до него може да се стигне само пеш. Тоа е неразвиена плажа без удобности во подножјето на црвеникави карпи коишто постепено преоѓаат во маслинови градини и лозје.

Популарно