Инстаграм воведува нова функција

Инстаграм тестира „рекламна пауза“ што ве принудува да паузирате и да гледате реклама некое време пред да продолжите да се движите низ вашиот “feed”.

Откако самите корисници на социјалната мрежа забележаа дека во апликацијата Инстаграм почнаа да се појавуваат реклами што не може да се прескокнат, платформата официјално потврди дека ја тестира функцијата наречена „рекламна пауза“.

Новиот тип на рекламирање прикажува тајмер над рекламата, кој, додека не истече, ги спречува корисниците да продолжат да скролаат. Со други зборови, Инстаграм тестира сличен модел што корисниците го гледаат на платформата “YouTube” со години.

Кога корисниците ќе ја допрат иконата за повеќе информации за функцијата, Инстаграм прикажува порака која вели: „Паузите за реклами се нов начин за гледање реклами на Инстаграм. Понекогаш можеби ќе треба да погледнете реклама пред да продолжите да скролате“.

„Ние секогаш тестираме формати кои ќе им дадат вредност на огласувачите“, изјави портпаролот на компанијата за “TechCrunch”. „Бидејќи сè уште тестираме и учиме, ќе ја известиме јавноста доколку резултатите од тестот доведат до официјални промени на производот“.

Инстаграм веќе прикажува спонзорирани објави и реклами помеѓу содржините низ кои се движите.

Останува непознато колку луѓе може да ги видат рекламите што не се прескокнуваат, и како и кога ќе заврши тестирањето. Меѓутоа, доколку новата функција стане постојан дел од официјалната апликација, нема сомнеж дека тоа ќе биде многу непопуларен потег.

Многу корисници гласно се пожалија на овие промени преку различни социјални мрежи и форуми. Додека некои велат дека ќе ја затворат апликацијата секогаш кога ќе видат реклами за „рекламна пауза“, други се закануваат дека ќе го намалат времето што го поминуваат на Инстаграм или целосно ќе престанат да го користат.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Пуштени во продажба билетите за големиот концерт на Јордан Митев

По повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл - Концерт на Јордан Митев полека но сигурно станува јаве. Деновиве веќе се пуштени и првите он лајн билети преку платформата e – ticket, достапни на следниов линк.

Концертот како што веќе најави Митев ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите...

Он лајн билетите можат да се купат се за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит.. Со почеток на билетите за најверните фанови започнува и кампањата за самиот концертен спектакл за кој Јордан Митев се подготвува во текот на целата година...

КОГА ЈОРДАН МИТЕВ ПЕЕ, НАШИТЕ ВО КАНАДА УЖИВААТ... Спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда

По 10 години, Јордан Митев повторно и се врати на македонската и балканска публика во Канада. Тој како и секогаш и овие три концерти распали со своите добро познати хитови и енергијата која е добро позната и својствена само нему.

Спојот на хитови кои се пеат на сет глас и во еден здив и шармот и енергичноста и овој пат беа доволна провокација за да концертот во Торонто за сите наши Македонци во Канада и Соединетите Американски Држави беше исполнет до последно место и се бараше билет повеќе...

- Подеднакво сум возбуден пред секој еден мој настап и концерт, подеднакво сум подготвен да да дадам дел од себе, подеднакво да испеам од дното на мојата душа за мојата публика. Овој пат, во Канада кога ја видов публиката знаев дека повторно ќе го тестирам мојот максимум како многу пати до сега. Неизмерно сум среќен што бар една вечер на мојата верна публика во Канада и оние кои допатуваа од САД им ја направив посебна, а Македонија повторно поблиска во срцата, без оглед на географската оддалеченост...знаете за оваа публика вреди да се пее, пишува, да се работи, за ваква публика вреди да се живее – изјави Митев за медиумите

Јордан Митев на спектакуларниот концерт во Торонто, уште еднаш докажа дека е веќе докажан и почитуван музички бренд, Интересот за концертот беше огромен, дел од неговата публика патуваше повеќе од шест часови за да биде во салата и да бидат дел од незаборавната концертна вечер.. Публиката заедно со Јордан Митев пееше во еден глас, а социјалните мрежи беа преплавени со многу видеа и фотографии, како и коментари со воодушевувачки импресии од концертот во Торонто.

- Беше магично, навистина. Очекував добар концерт и енергија, ама ваков интерес, искрен контакт со публика, пеење во еден глас, взаемна енергија, едноставно посакував...среќен човек сум јас – додава Митев

Македонската публика пак, веќе подолго време очекува солистички концерт во Скопје. После големиот концертен спектакл во Канада, Јордан откри дека подготвува нешто ново, но за тоа дополнително ќе ја информира својата публика и медиумите. На оваа забелешка многу од гостите во Канада заклучија дека крајно време е тие да присуствуваат и на концерт на Јордан Митев во татковината и изразија надеж дека тој ќе биде што поскоро, па дружењето со Јордан Митев продолжи на општо задоволство и по концертот...

Популарно