Карлеуша официјално потврди дека се разведува од сопругот

Српската пејачка Јелена Карлеша се појави во јавност откако беше нападната од нејзиниот сопруг додека била со нејзиниот пријател во семејната вила на Дедиње.

Јелена ја прокоментира врската со сопругот Душко Тошиќ. Медиумите веќе подолго време пишуваа дека тие се разведуваат, а Карлеуша сега потврди.

„Во моментов сме во фаза на спогодбен развод“, изјавила Јелена Карлеуша на белградскиот плоштад Република, каде беше претседател на жирито кое ќе ја избере Мис Србија за 2024 година.

Дневен хороскоп

Овен

Очекувајте позитивни вести на деловен план. Вашиот труд ќе биде награден. Денеска е ден за нежност и романтика. Покажете ѝ на вашата сакана личност дека се грижите за неа и изненадете ја со некој романтичен гест. Доколку немате енергија, направете некоја физичка активност.

Бик

Обрнете внимание на ситните детали. Неопходно е да бидете многу прецизни за да постигнете успех на работното место. Бидете отворени за нови можности во љубовта. Спонтаноста нека ви биде водилка и пуштете го срцето да ве води во секојдневието. Што се однесува до здравјето, одвојте време за одмор и оддишка.

Близнаци

Имате одлични идеи, но не заборавајте да ги спроведете на дело. Бидете упорни и секогаш имајте високи дострели. Комуникацијата ќе биде клучна за хармонија во врска. Разговарајте отворено со својот партнер и решете евентуални недоразбирања. Одредена физичка активност ќе ви донесе ментална јасност и внатрешен мир.

Рак

Бидете организирани и ефикасни. Вашата посветеност ќе биде забележана и ценета од вашите колеги. Ракови, денеска ќе уживате во блискоста со саканата личност. Дозволете ѝ на љубовта да ви го исполни срцето и да ви донесе топлина на душата. Обрнете внимание на исхраната. Важно е да се грижите за вашата благосостојба.

Лав

Лавови, вашите креативни идеи ќе дојдат до израз. Искористете ги на најдобар можен начин. Отворете го своето срце за нови љубовни искуства. Дозволете ѝ на страста да ве води и дозволете си да уживате во секој момент. Направете баланс меѓу работата и одморот. Ако сакате да биде попродуктивни, одвојте време за одмор.

Девица

Денеска е ден за тимска работа. Соработката со колегите ќе ви донесе успех и постигнување заеднички цели. Бидете внимателни кон партнерот и покажете му колку ви е важно. Мал гест на љубезност може да направи големо чудо за вашата врска. Фокусирајте се на емоционалната благосостојба.

Вага

Насочете ја својата енергија кон организација и планирање на задачите. Бидете трпеливи и постепено остварувајте ги своите цели. Ваги, потребно е да воспоставите рамнотежа меѓу своите потреби и потребите на партнерот. Отворен разговор ќе ви помогне да решите евентуални несогласувања.

Скорпија

Бидете храбри и донесувајте одлуки што се усогласени со вашите долгорочни цели. Вашата решителност ќе ви донесе напредок. Денеска дозволете си да доживеете длабока емотивна врска со партнерот. Физичката активност ќе ви помогне да се ослободите од напнатоста и стресот. Посветете се на активност што ви носи радост.

Стрелец

Вашата креативност ќе биде клучна за решавање на предизвиците на работа. Не плашете се да ги истакнете своите идеи. Бидете отворени за нови познанства и социјални активности. Можно е да запознаете некој посебен. Одржувајте рамнотежа помеѓу физичката и емоционалната благосостојба. Посветете се на вашите интереси и хобија.

Јарец

Фокусирајте се на долгорочните цели и направете план за нивно остварување. Вашата дисциплина ќе ве доведе до успех. Вашата стабилност ќе биде привлечна за вашиот партнер. Покажете му дека може да смета на вас и да му бидете поддршка во тешките моменти. Одржувајте рамнотежа помеѓу деловните обврски и одморот.

Водолија

Бидете храбри и покажете доверба во своите способности. Бидете подготвени за промени и прифатете ги луѓето такви какви што се. Внимавајте на мислите и емоциите. Посветете време на медитација или некоја релаксирачка активност.

Риби

Бидете флексибилни и прилагодливи на промените на работа. Вашата способност за прилагодување ќе ви донесе успех. Бидете внимателни кон потребите на партнерот. Изразете ја вашата љубов и поддршка на јасен начин. Потребна ви е поголема физичка активност за да ја одржите виталноста. Вклучете се во некој спорт или прошетки во природа.

Кијану Ривс низ Крагуевац си шетал како да не е светска фаца!

Познатата холивудска ѕвезда Кијану Ривс настапи на Арсенал фест во Крагуевац, како гитарист на бендот „Догстар“. Она што ги изненади организаторите е неговата скромност, бидејќи за разлика од другите ѕвезди од неговиот калибар, Ривс немал мегаломански желби.

- Она што беше интересно е тоа дека побара да ја проба кујната на Шумадија. Секако, бидејќи овде ништо не може без масно печење, сарми, грав со месо, се подготвуваа и тие специјалитети, но подоцна се покажа дека Кијану е веган. Сигурно, алтернатива нашол во специјалитетите на Шумадија, па не гладувал во делот на Србија кој е познат по добрата, локална традиционална храна, изјавил за РИНА еден од очевидците на целиот настан.

За разлика од некои други рок музичари, кога Кијану Ривс пристигнал во Крагуевац, побарал безалкохолно пиво и ладно саке, многу овошје и кокосова вода. Таа вода, која не е толку ретка денес, можеби е единственото нешто што тој го барал, а било малку понеобично.

Само бараше се да биде чисто, тоа им е најважно. Соба, тоалети, крпи и мраз. Имаа многу скромна рајдер-листа.

Инаку, Кијану Ривс ден претходно пристигнал во Србија и скромно и незабележително се шетал низ Крагуевац, повеќето од минувачите не го ни препознале.

Дуетската песна на Јоце Панов и Дарко Филиповиќ руши рекорди на гледаност

Јоце Панов, еден од нашите најпознати изведувачи, кој секој викенд ги полни клубовите низ нашата земја сними дует со Дарко Филиповиќ, кој се прослави во првата сезона на Ѕвездите на Гранд, кога освои четврто место во суперфиналето, а потоа за кратко време постигна голем успех.

Песната се вика “Lice u lice”. Музиката и текстот се на Блаже Темелков, аранжманот е на Алек Алексов. Песната се снимаше во студиото на Алексов во Белград.

Спотот на сите платформи има голем број прегледи и е сниман на неколку локации во соработка со Дејан Миличевиќ и можете да го погледнете ЈОЦЕ ПАНОВ и ДАРКО ФИЛИПОВИЌ – Лице у Лице.

Се работи за една борбена машка нумера, каде овие два гласа се борат за љубовта на атрактивна девојка, па таа сама треба да одлучи помеѓу еден од нив.

Само неколку часа по објавата на видео записот, реакциите на публиката се воодушевувачки.

Популарно