Варга ќе биде опериран, еве какви скршеници има

Унгарската фудбалска федерација објави дека на репрезентативниот дефанзивец Баранбас Варга ќе му биде потребна операција.

– Неколку коски од лицето на Варга беа скршени при судир на натпреварот. Доживеа и потрес на мозокот. Напаѓачот на Ференцварош најверојатно ќе биде опериран, изјави претставник на федерацијата, пренесува „Goal“.

Селекторот на Унгарија, Марко Роси, соопшти дека 29-годишниот фудбалер ќе го пропушти остатокот од Европското фудбалско првенство во Германија.

Варга се повреди синоќа на натпреварот од турнирот во групата Евро 2024 против Шкотска (1:0). Напаѓачот изгуби свест откако се судри со голманот на Шкотска Ангус Ган. По укажаната лекарска помош, играчот на носилки беше изнесен од теренот.

Неверојатна ситуација во Скопје: Вуко Борозан искасан од кучиња!

Вардар се најде во неочекуван проблем пред натпреварот со Порто во Европската лига на ЕХФ. Голема е веројатноста тренерот Владо Недановски да го нема на располагање Вуко Борозан.

Црногорскиот бек имал неубава ситуација во неделата. За време на прошетка на неговите деца, Борозан бил нападнат од кучиња и морал да ги одбрани своите деца. Случката ја откри тренерот Недановски на прес-конференцијата пред мечот со Порто.

„За жал имаме неколку повредени играчи, 4-5 ракометари. Се случуваат неочекувани работи во нашиот главен град. Вуко Борозан шетајќи со своите деца беше нападнат од кучиња и заврши во болница. Бранејќи ги своите деца заработи 14-15 конци“, откри тренерот на вардарци.

Борозан по случката завршил во болница, повреден и „искасапен“ од кучињата, па морал да добие 14-15 конци. 

Недановски откри дека голема е веројатноста Борозан да не настапи во дуелот против Порто. 

Гоце Седлоски се враќа на клупата на Вардар

Поранешниот македонски репрезентативец Гоце Седлоски повторно се враќа на клупата на Вардар, дознава ЕКИПА.

Одлуката е веќе донесена од страна на новото раководство на клубот, а се очекува само официјалната промоција на Седлоски како нов тренер на црвено-црните кој низ периодот на пауза во првенството, поради репрезентативните активности, ќе треба да го консолидира тимот по лошиот старт на сезоната.

50-годишниот Гоце Седлоски беше спортски директор на клубот во сезоната 2014/2015, а од 2015 до 2017 година беше и шеф на стручниот штаб на Вардар со кого освои и шампионска титула.

По заминувањето од Вардар беше тренер и на летонска Рига, босанскиот Широки Брег како и вториот тим на Динамо Загреб, по што повторно се врати во Македонија предводејќи ги Шкупи и Работнички.

Сензација на Олимпијадата, македонската теквондистка Рељиќ победи двократната олимписка шампионка

Македонската теквондистка Милјана Рељиќ приреди голема сензација на дебито на ЛОИ и ја исфрли двократната олимписка шампионка.

Девојката која е родена 2003 година во категоријата до 57 килограми се судри со една од најдобрите во овој спорт, Џејд Џонс од Велика Британија и успеа да забележи победа со 2-1 во рунди за пласман во следната рунда!

Во првата рунда, Џонс тргна агресивно и поведе со 2-0, но Милјана се спротистави храбро, направи одличен потег со удар во глава, дојде до 2-3, а потоа и до 2-4, на крајот рундата ја доби со 7-6.Втората рунда ѝ припадна на Британката, додека третатат беше израмнета, но нашата натпреварувачка имаше повеќе удари и затоа нејзе ѝ припадна победата.

Инаку, Џонс е искусна теквондистка која е трета носителка на овој олимписки турнир. Таа е двократна олимписка шампионска од игрите во 2012 и 2016, исто така и светска шампионка од 2019 година, а од Европските првенства има три златни медали.

Популарно