Тејлор Свифт ги позајми личните предмети на лондонскиот музеј V&A

Костими, музички инструменти и други предмети позајмени од американската пејачка Тејлор Свифт ќе бидат изложени на привремената летна изложба во лондонскиот музеј „Victoria & Albert Museum“ (V&A).

Насловена „Taylor Swift, Songbook Trail”, изложбата се состои од 13 инсталации распространети низ неколку музејски галерии.

„Тоа е патување низ музејот. Тоа ги следи поглавјата од кариерата на Тејлор Свифт, а ние ги истакнуваме периодите и ги прикажуваме костимите што Тејлор ги носеше во различни простории на музејот“, изјави кустосот Кејт Бејли..

Бејли и нејзиниот тим добија пристап до личните архиви на Тејлор Свифт за да изберат предмети за театрално поставените инсталации, кои се сместени во внимателно курирани галерии кои се поврзуваат со моментите од кариерата на 14-кратната добитничка на Греми наградите.

Меѓу изложените предмети се каубојски чизми изработени по нарачка што ги носела младата Свифт на почетокот од нејзината кариера; периката и брадата што ги носеше во спотот „The Man“; репродукции на рачно нацртани скици за музичкото видео „Willow“ и златен микрофон со детали од змија што 34-годишната Свифт го користеше за време на нејзината стадионска турнеја „Reputation“.

Изложени се и укулелето на коешто Свифт свиреше на светската турнеја „Speak Now“ и капата што ја носеше на насловната страница на албумот „Red (Taylor’s Version)“.

„Тоа беше проект кој се движеше навистина брзо. Сакав да бидам сигурна дека можеме да изложиме костими, но и музички инструменти, предмети кои ја пренесуваат целата нејзина кариера и креативност. Ова е првпат да направиме ваква изложба. И првпат овие предмети можат да се видат во ОК. Значи, тоа е многу возбудливо и бесплатно“, додава Бејли.

Изложбата „Taylor Swift, Songbook Trail“ е поставена низ целиот на V&A од 27 јуни до 8 септември. Според музејот, целата изложбена патека може да се мине за 60 до 90 минути.

Дневен хороскоп

Овен

Денешниот ден ви носи можност за остварување на деловните цели. Бидете фокусирани и енергични и ќе постигнете голем успех. Денеска вашето срце ќе биде исполнето со љубов и страст. Покажете ги вашите чувства на саканата личност и поминете време заедно. Слободните Овни може да очекуваат возбудлива средба. Внимавајте на исхраната и физичката активност. Правилната грижа за себе е клучна за вашата енергија.

Бик

Денеска ќе имате креативни идеи кои можат да го подобрат вашиот деловен план. Бидете храбри и покажете ја вашата инвентивност. Ќе се чувствувате поврзани со саканата личност, но комуникацијата ќе биде клучна. Разговарајте за вашите чувства за да ја зајакнете врската. Внимавајте на сонот и стресот. Релаксацијата е важна за вашата целокупна благосостојба.

Близнаци

Близнаци, денешните деловни состаноци можат да донесат значителни промени. Бидете подготвени за нови можности и напредување. Денеска ќе се чувствувате романтично и инспирирано. Искористете ја таа енергија за да ја изненадите вашата сакана личност. Редовното пешачење или вежбање може да ви помогнат да се чувствувате подобро. Внимавајте на исхраната.

Рак

Денеска вашите организациски способности ќе дојдат до израз. Користете ги за да ја подобрите вашиот работа. Очекувајте финансиски придобивки. Денеска сте емотивно многу интуитивни, што ќе ви помогне да се поврзете со саканата личност на подлабоко ниво. Слободните Ракови можат да запознаат некоја посебена личност. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата можат да ви помогнат да се чувствувате подобро.

Лав

Денеска ќе имате можност да се истакнете на работа. Покажете ги своите вештини и преземете иницијатива во тимската работа. На љубовен план ќе бидете полни со самодоверба и харизма. Ова ќе го привлече вниманието на потенцијалните партнери. Веќе зафатените Лавови треба отворено да ги изразат своите чувства кон саканата личност. Внимавајте на исхраната и внесувањето течности. Вашата енергија зависи од правилната исхрана.

Девица

Девици, бидете внимателни кога ќе комуницирате со колегите. Ефективната соработка ќе биде клучот за успехот на работа. Денеска емоциите ќе ви бидат на врвот. Разговарајте со саканата личност за вашите потреби и внимателно слушајте што има да каже. Редовното вежбање и исхраната богата со овошје и зеленчук ќе го одржат вашето здравје.

Вага

Ваги, ќе имате можност да ги постигнете целите, но бидете подготвени да вложите дополнителен напор на работа. Вашиот труд ќе се исплати. Денеска ќе бидете центар на љубов и разбирање. Споделете ги вашите емоции сосаканата личност и поддржете го во нејзините одлуки. Физичката активност ќе ви помогне да се чувствувате повитални. Размислете за редовно вежбање.

Скорпија

Денеска ќе имате можност за финансиски напредок. Размислете за долгорочни цели на работа и планирајте мудро. Вашата страст и интензитет ќе привлекуваат внимание. Денеска е идеален ден за страсни моменти со саканата личност. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Разговарајте со најблиските за вашите чувства.

Стрелец

Стрелци, денеска ве очекува професионален напредок. Бидете подготвени да преземете поголема одговорност и да работите како тим. Вашиот оптимизам и весела природа ќе ги привлекуваат луѓето. Искористете го тоа за да запознаете нови луѓе и да го збогатите вашиот приватен живот. Внимавајте на исхраната. Добро балансираната исхрана ќе ви помогне да се чувствувате подобро.

Јарец

Јарци, вашата упорност и работна етика ќе бидат добро наградени. Посветете се на вашите цели и напредокот. Денеска ќе бидете многу лојални и верни на саканата личност. Отворениот и искрен разговор ќе ја зајакне вашата врска. Редовното спиење е клучот за вашето добро здравје. Обрнете внимание на вашиот сон.

Водолија

Денеска вашата креативност ќе ви помогне да најдете решенија за деловните предизвици. Бидете отворени за нови идеи од страна на колегите. Бидете подготвени за промени во љубовната врска. Комуникацијата ќе биде клучна за разбирање на потребите на вашивашата сакана личност. Физичката активност ќе ви помогне да се чувствувате подобро. Размислете за алтернативни методи на рекреација.

Риби

Риби, денеска бидете внимателни во финансиските трансакции. Правилното управување со парите ќе доведе до финансиска стабилност. Послушајте ги советите на поискусните соработници. Денесќе ќе бидете емотивно чувствителни. Разговарајте со саканата личност за вашите стравови и грижи за иднината. Внимавајте на вашето емоционално здравје. Медитацијата и релаксацијата ќе ви помогнат да се опуштите.

Три хороскопски знаци ќе ја сретнат својата судбинска љубов за време на полната Месечина на 17 октомври

Претстојната полна Месечина во Овен завршува важен циклус кој започна во април. Се сеќавате ли со какви проекти започнавте оваа пролет?

Кои навики ги воведовте во вашиот живот? Дали тие луѓе кои дојдоа тогаш сè уште се во вашиот живот?

Одговорите на овие прашања ќе ви кажат каде треба да одите понатаму! А овие три хороскопски знаци можат многу брзо да ја запознаат својата љубов!

Вага

Полната Месечина во Овен ќе помине низ вашиот партнерски сектор – време е да склучите договор, на пример брачен договор. Всушност, ваквиот транзит покажува дека е дојдено време за сериозна и долготрајна врска. Не одбивајте нови понуди за работа. Можете да дојдете до вашиот партнер во судбината преку успешен заеднички проект.

Подгответе се за експлозија на вашата социјална активност (на добар начин). Октомври поминете го во различни компании, обидете се да воспоставите деловни контакти. Долгоочекуваната врска е веднаш зад аголот!

Стрелец

Есента 2024 година за Стрелците е време кога се тестираат вашите сили. На пример, ако изберете да бидете искрени, тогаш Универзумот ќе бара искреност од вас во секоја ситуација.

Не плашете се да се изразите и да се отворите кон светот. Верувајте, сигурно има што да му понудите. Вашата автентичност е она што ќе доведе до трајни врски, кои би можеле да започнат уште во оваа полна месечина.

Овен

Ве очекува тешка лекција – можете ли да се справите со скршеното срце? Дали имате внатрешна поддршка која може да издржи каков било предизвик?

Последните шест месеци можеби изгледаа како вистински предизвик. Останува само испитот. Полната Месечина во Овен ќе ви даде можност да запознаете нови луѓе кои долго ќе останат во вашиот живот.

Но, бидете подготвени да се збогувате со непотребниот неред и да го оставите она што повеќе не служи за вашата највисока цел.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, денеска фокусирајте се на соработката со колегите. Некои предизвици ќе бараат тимска работа за да се надминат, па бидете подготвени да се прилагодите. Денеска ќе почувствувате желба за слобода во врската. Внимавајте да не ja повредите саканата личност со зборовите, бидете трпеливи и отворени за компромиси. Енергијата ви е на завидно ниво. Користете го за физичка активност, но внимавајте да не претерате.

Бик

Бикови, денеска можни се непланирани трошоци. Бидете внимателни со парите и не ризикувајте без добро расудување. Комуникацијата со саканата личност може да биде напната. Обидете се да избегнете конфликти и да ги разјасните недоразбирањата на мирен начин. Внимавајте на исхраната. Можни се дигестивни проблеми, затоа избегнувајте тешка храна и пијте повеќе вода.

Близнаци

Близнаци, денеска ќе сте креативни и полни со идеи. Искористете го овој период за да започнете нови проекти или да ги подобрите постоечките. Денеска сте расположени за авантури и нови познанства. Доколку сте слободни, искористете ги можностите што ви се појавуваат. Енергијата ви варира. Погрижете се да се одморите доволно за да избегнете исцрпеност.

Рак

Ракови, денеска фокусирајте се на деталите. Можни се грешки доколку не сте доволно внимателни, затоа проверете сè што правите. Денеска ќе бидете поемотивни од вообичаено. Обидете се да не ја преоптоварувате саканата личност со своите чувства, туку да најдете рамнотежа. Ви треба повеќе релаксација. Стресот може да влијае на вашето здравје, затоа обидете се да најдете време за себе.

Лав

Лавови, денеска посветете се на долгорочни планови. Сега е време да се постават темелите за идниот успех. Довербата ќе ви донесе успех во љубовта. Ако сте слободни, ќе го привлечете вниманието на некој кој ве гледа долго време. Се чувствувате силни и полни со енергија. Искористете го овој ден за физичка активност и уживајте во движењето.

Девица

Девици, денеска деталите ќе се клучни. Не ги прескокнувајте ситниците, бидејќи тие ќе направат разлика во постигнувањето успех. Саканата личност можеби нема да ги разбере вашите потреби денес. Обидете се да бидете појасни во комуникацијата за да избегнете недоразбирања. Ви треба повеќе сон. Обрнете внимание на квалитетот на вашиот одмор за да ја одржите енергијата.

Вага

Ваги, ве очекува плоден ден на работа. Ќе бидете ефикасни во извршувањето на обврските, но не се преоптоварувајте. Хармонијата во врската ќе биде вашата главна мисија. Потрудете се да ги решите сите несогласувања на мирен и дипломатски начин. Добро се чувствувате, но не заборавајте да направите мали паузи во текот на денот. Најдете време да се опуштите.

Скорпија

Скорпии, денеска е идеален ден за решавање на комплицирани задачи. Вашата решителност ќе биде клучот за успехот. Страсни сте и привлечни, но внимавајте да не бидете премногу посесивни кон саканата личност. Рамнотежата е клучот за стабилна врска. Можни се помали проблеми со спиењето. Обидете се да го смирите умот пред да заспиете.

Стрелец

Стрелци, денеска ќе бидете полни со енергија и ентузијазам. Ова е одличен ден за тимска работа и решавање на заедничките проблеми. Слободата е вашиот приоритет денес. Доколку сте во врска, внимавајте саканата личност да не почувствува дека ја запоставувате. Одлично се чувствувате, но не претерувајте со физичките активности. Балансот е важен.

Јарец

Јарци, денеска си поставувате високи цели, но бидете реални. Не преземајте повеќе одговорности отколку што можете да поднесете. Стабилноста во врската ви е важна, но денес можеби ќе почувствувате потреба за промена. Разговарајте со вашата сакана личност за тоа како се чувствувате. Внимавајте на зглобовите. Можни се помали болки, затоа потрудете се да не се стресувате премногу.

Водолија

Водолии, денеска ќе бидете полни со идеи, но внимавајте да не се занесете премногу. Поставете приоритети и држете се до планот. Денеска ќе се чувствувате поемотивно од вообичаено. Споделете ги вашите чувства со саканата личност и покажете ранливост. Ви треба повеќе одмор. Менталниот замор може да влијае на вашата продуктивност, затоа обидете се да се опуштите.

Риби

Риби, денеска вашата креативност ќе биде на високо ниво. Искористете ги можностите за иновативни решенија. Емоционалното поврзување со саканата личност ќе биде на врвот. Уживајте во заедничките моменти и зајакнете ја врската. Грижете се за имунитетот. Земете повеќе витамини и течности за да избегнете настинка.

Популарно