Четири хороскопски знаци кои живеат за лето

Летото е време кога сонцето е најсилно, плажите се полни со забава, а мирисот на морето е во воздухот.

Тоа е доба кога животот изгледа поедноставен, а забавата е зад секој агол.

Но, додека некои од нас претпочитаат да ги поминуваат летните денови во климатизирани простори, има и такви кои едноставно живеат за лето. Еве четири знаци кои едвај ги чекале топлите денови и ноќи полни со авантури.

Стрелец

Стрелците се родени како патници и истражувачи, а летото е време кога нивната желба за слобода и авантура доаѓа до израз. Без разлика дали се работи за планинарење, кампување или патување во далечни земји, Стрелците секогаш ќе најдат начин да го задоволат својот авантуристички дух. Летото им дава можност да истражуваат нови места и култури и да се препуштат на спонтани одлуки.

Лав

Летото е време кога Лавовите најмногу блескаат, без разлика дали се на плажа, се забавуваат или едноставно се сончаат на тераса. Нивната енергија и самодоверба се заразни, а нивната способност да бидат во центарот на вниманието ги прави главни ѕвезди на секој летен настан. Покрај тоа, Лавовите сакаат луксуз, па секогаш ќе го најдат најдобриот коктел бар или најудобната лежалка на плажа.

Близнаци

Близнаците се познати по својата љубопитност и желба за нови искуства, а летото им дава совршена можност за истражување. Без разлика дали станува збор за спонтано патување на другиот крај на земјата, учење да сурфате или откривање скриени плажи, Близнаците секогаш се подготвени за авантура. Летото е време за Близнаците кога можат максимално да ја искористат својата приспособливост и брзина.

Вага

Вагите го сакаат летото поради љубовта кон естетиката и хармонијата. За нив, летото е совршена можност да се опкружат со убавина – било да се тоа убави плажи, модни комбинации или уметнички фестивали на отворено.

Вагите се познати по својот вкус, па често ќе организираат или присуствуваат на елегантни летни забави на кои се е во хармонија – од украсите до музиката. Нивната способност да создаваат пријатна атмосфера ги привлекува луѓето, а летото им дава неограничени можности да создадат совршен амбиент.

ИГОР ЏАМБАЗОВ ДОМАЌИН НА БОЕМИТЕ. МАКЕДОНСКИОТ ШОУМЕН ВО ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗУКА

Најголемиот македонски шоумен, актер, музичар и уметник Игор Џамбазов им се приклучува со поддршка на нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски кои најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Најголемиот боем - помеѓу боемите, ќе биде домаќин и промотор на Македонската Кафеанска вечер. Со специјално сценарио, Џамбазов концертот на 25 декември со почеток во 20.00 часот ќе ја предводи големата боемска ноќ во СЦ Јане Сандански.

Традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, во кој ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција и враќањето на големите градски боеми...

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика. За музиката во живо ќе се погрижи најдобриот македонски музички состав Дрим Тим!

Билетите се пуштени во продажба од среда 28.10 преку платформата www.wayin.mk, промотивно по цена од 650 денари.. Едно е јасно, Скопје пред Нова Година ќе гори од убава атмосфера и убави луѓе. Градски, боемски, по наше... Маестро Џамбазов заедно со најдобрите македонски музички имиња...

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети.

Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански.

- Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика.

Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

- Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Популарно