Џеј Ло откри зошто побарала развод од Афлек

Веста за разводот на Џенифер Лопез и Бен Афлек не е изненадување. Ова го знаеја речиси сите, a се чекаше само официјална потврда.

Откако во јавноста се појавија документите за развод, интересно е што Џенифер веднаш го врати презимето на Лопез. Таа по венчавката го зеде презимето на Бен и беше Џенифер Лин Афлек.

Познати детали за разводот

Како што пренесува USA Today, деталите за разводот и се познати на локалната јавност, па сите ги интересира што Џенифер навела како причина за разводот.

Наводно, причината е она што најмногу го наведуваат познатите личности, а тоа се „непомирливите разлики“. Како што навела латино дивата тие се разделиле на 26 април годинава, а единствено познато е дека секоја страна ќе си ги сноси трошоците.

Дневен Хороскоп

Овен

Ако досега ви беше коректна комуникацијата со надредените, денеска може да доживеете непријатно изненадување. Не можете да ги решите старите љубовни дилеми, а новите страсни предизвици можат да ве заслепат.

Бик

Треба да ја намалите нервозата, да не избрзувате со одлуките и така ќе придонесете ситуацијата на работното поле да биде поднослива. Не е препорачливо да се впуштате во голема љубовна врска, би можеле да очекувате некои сериозни и малку непријатни разговори со саканата личност.

Близнаци

Денеска поставете се храбро и прифатете повеќе професионални обврски. Само, очекувајте дека овој начин на водење на работите нема да им одговора на многумина. Поради големата вклученост на други полиња, логично е дека нема да ви остане многу енергија за љубов, поради што може да наидете на недоразбирање од другата страна.

Рак

Денот кој и онака е исполнет со обврски може да биде зачинет со дополнителен повик за колегијална помош, а вие секогаш сте подготвени. Ситните кавги и караници најдобро се отстрануваат со искрен и отворен разговор.

Лав

Бидете внимателни кога комуницирате со соработниците, проверете ги повторно информациите што ги добивате. Во сферата на љубовните врски би можеле да очекувате еден предизвик, а тој е поврзан со личност од вашето романтично минато.

Девица

Последниот работен ден од оваа работна недела не ве очекуваат сериозни пречки, можно е да започнете или барем да најавите некаква долгорочна соработка. Доколку сте слободни, можете да направите поконкретен потег и да почнете нова љубовна приказна.

Вага

Не присилувајте ништо во текот на овој ден, бидејќи само така ќе се спасите од непотребното нервирање. Дистанцирајте се од какви било расправии. Овој ден не ви е најповолен за преземање иницијатива во љубовната сфера, но доколку е можно оставете ја другата страна да направи конкретен чекор.

Скорпија

Постои голема можност за постигнување поволен договор или соработка која ветува дека ќе биде на долг рок, евентуално поврзана со странски држави. Може да запознаете личност со која ќе сакате нешто повеќе од површно запознавање и флерт.

Стрелец

Можно е да добиете нова деловна понуда или помош од личност со која некогаш сте работеле. Можна е појава на личност од вашето љубовно минато. Размислете добро дали вреди да започнете нешто повторно и да се вратите на стариот начин.

Јарец

Важно е да останете на вашето ниво на посветеност и одговорност, бидејќи можни се нови проекти или соработки со странски земји. Јарците би можеле да се потрудат да организираат и насочат барем мало пријатно сценарио за саканата личност во текот на овој ден.

Водолија

Можеби ќе треба да им објасните некои детали, некои процедури на луѓе на позиција над вас, кои многу ќе ве исцрпат, особено психички. Денес ќе бидете склони кон претерани критики, што не е многу препорачливо доколку сакате да ја одржите стабилноста во љубовните врски.

Риби

Иако се се случува многу побавно отколку што очекувавте, што секако ве оптоварува, бидете упорни и не се откажувајте од зацртаната цел. Не се препорачува префрлање на напнатоста и нервозата во љубовната сфера, бидејќи може дополнително да ги искомплицирате работите и да ги зголемите тензиите.

Љубовен хороскоп до крајот на септември

Септември е пред нас. Астролозите ги направија прогнозите за истиот, а во продолжение на текстот можете да прочитате што ви порачуваат ѕвездите на полето на љубовта.

Овен

Септември може да ви донесе потешкотии во љубовните врски. Вашата желба да бидете на првата линија и да ја контролирате ситуацијата предизвикува тензија. Сепак, во овој период подобро ќе разберете што му треба на вашиот партнер, ќе научите да го слушате. Не плашете се да правите отстапки – ова ќе отвори нови можности за раст во вашата врска.

За Овните кои се соло, овој месец би можел да биде идеален за интроспекција и преиспитување на пристапот кон емотивните врски.

Бик

Пред вас е период на радост и стабилност во приватниот живот. Вашата врска ќе се развива хармонично, што ќе ви донесе доверба во иднината. Имате идеално време за продлабочување на односот со партнерот, преку заеднички проекти и планови за иднината.

За Биковите кои моментално не се во врска, септември им ветува средби со луѓе кои ги споделуваат нивните вредности и аспирации.

Близнаци

Близнаци, ќе мора да се соочите со некои недоразбирања и несогласувања во вашата врска. Вашата склоност кон мултитаскинг може да доведе до недоразбирања од страна на вашиот партнер. Сепак, ова ќе ви даде и можност да ги земете предвид вашите приоритети и да преземете одлучувачки чекори.

За слободните Близнаци септември ќе биде период кога мора да бидат внимателни во остварувањето нови познанства. Сепак, не губете верба дека добри промени се пред вас.

Рак

Раковите може да очекуваат удобност и разбирање во партнерските односи. Врската со саканата личност ќе стане посилна, а заедничките моменти ќе донесат многу радост. Идеално време е да правите планови и да сонувате за заедничка иднина.

За слободните Ракови, септември нуди поволни можности за започнување нова врска, особено ако бараат емоционална блискост и поддршка.

Лав

Лавови, вашата желба да бидете во центарот на вниманието можеби нема да биде поддржана од вашиот партнер. Сепак, ова е погоден момент да ги преиспитате вашите очекувања и да станете повнимателни кон потребите на вашата сакана личност. Постепено, преку дијалог и разбирање, ќе можете да ги надминете сите тешкотии.

Лавовите кои се сами ќе го искористат следниот период за да се фокусираат повеќе на себе. Забавете го темпото.

Девица

Септември им ветува на Девиците денови во кои романтичните врски ќе се развиваат непречено и стабилно. Грижата за партнерот и вниманието на деталите ќе придонесе за создавање атмосфера на удобност и доверба. Овој месец ќе биде поволен за воспоставување рутина во односите и зајакнување на меѓусебното разбирање.

За Девиците кои моментално се без партнер, септември може да донесе пријатни познанства кои постепено би можеле да прераснат во нешто повеќе.

Вага

Вашите емотивни односи ќе бидат ставени на тест. Потребата за хармонија и отсуството на конфликт може да ја доведе Вагата во конфликт со реалноста, што бара јасни одлуки и постапки. И покрај тоа, овој период ќе ви даде можност да зајакнете и да научите да ги балансирате сопствените потреби со желбите на партнерот.

За Вагите кои се сингл, септември ќе биде време за размислување и подготовка за нова врска.

Скорпија

Скорпии, септември ќе донесе светли настани во вашиот романтичен живот. Вашата врска ќе биде исполнета со интензивни емоции и длабоки чувства. Ова е време кога можете да откриете нови димензии на вашата врска со партнерот и да изградите доверба.

За слободните Скорпии септември ветува можност за судбоносна средба, која ќе остави неизбришлива трага.

Стрелец

Од вас ќе се бара да посветите повеќе внимание и трпение на емотивните односи Вашата желба за слобода и независност може да предизвика несогласувања со партнерот, кој ќе бара стабилност. Во исто време, ова ќе ви даде можност да ги преиспитате вашите приоритети и да најдете компромиси кои ќе ја зајакнат вашата врска на долг рок.

Слободните припадници на овој знак во септември треба да размислат за своите вистински желби во љубовта.

Јарец

Јарец, деветтиот месец ветува стабилност и доверба во односите. Вашата практичност и желба за ред ќе ви помогнат заедно со партнерот да создадете цврсти темели за иднината. Ова е добро време да планирате заеднички проекти или да започнете нешто ново.

Слободните Јарци со задоволство ќе запознаат луѓе кои ги споделуваат нивните животни цели и вредности.

Водолија

Септември веројатно ќе биде месец на промени во вашиот романтичен живот. Желбата за новина и слобода може да доведе до промени во вашата врска, но не треба да се плашите од овој процес. Во деновите што следат, подобро ќе ги разберете вашите вистински чувства и што навистина сакате.

За слободните Водолии, септември ќе биде време на неочекувани средби и можности, кои можат да отворат нови хоризонти.

Риби

Риби, септември ќе ви донесе чувство на длабоко задоволство во врските. Вашата интуиција и емпатија ќе ви помогнат да воспоставите близок контакт со партнерот, што ќе создаде атмосфера на разбирање и љубов. Ова е време кога можете да ги споделите вашите соништа и планови за иднината.

За слободните Риби ова ќе биде месец во кој се можни магични моменти и романтични средби кои долго ќе останат во сеќавање.

Возење во срцето на мотоциклизмот: MOTOCAST – Првиот подкаст за мотоцикл на Балканот

Мото заедницата на Балканот тргна на ново возбудливо патување со премиерното прикажување на MOTOCAST, првиот подкаст од ваков вид во регионот, посветен на славење и промовирање на живиот и страстен свет на мотоциклизмот.

Првата епизода беше премиерно прикажана во среда, 11 септември 2024 година на националната телевиија Канал 5 и тоа во 21:30 часот на нејзиниот официјален канал на YouTube [https://youtu.be/xUWi4HYtBRw?si=0XmWDRD8-ZsaWH43], а во 23:00 часот во рамки на нејзината телевизиска програма . Подкастот ќе биде поставен и ќе може да се следи и на официјалниот канал на MOTOCAST [https://www.youtube.com/@Motocast-l1o] во четврток во 21:30 часот.

MOTOCAST, за своите гледачи ќе ги претставува новите епизоди во овие термини и ќе се фокусира на прикажување и славење на моторџиските приказни, култура и другарство, со силен акцент на модерните и безбедни практики на возење.

Создаден и предводен од страстен моторџија и ентузијаст Зоран Бодгановски, MOTOCAST ги истражува уникатните искуства на моторџиите од Балканот и од целиот свет, создавајќи платформа каде што заедничката љубов кон возење на две тркала ги зближува луѓето. Од возбудливи авантури до лични патувања, подкастот има за цел да ја поврзе, вклучи и поттикне заедницата на моторџии. Секоја епизода ќе содржи инспиративни интервјуа, стручни сознанија и дискусии за најновите трендови во мото светот, безбедносни совети и постојано развивање на животниот стил на мотоциклизмот. MOTOCAST е место каде сите моторџии ќе имаат право на свое мислење и ќе бидат третирани подеднакво, без разлика на пол или на нивната национална, верска или друга припадност.

Без разлика дали сте искусен моторџија или само го откривате светот на моторите, MOTOCAST е вашиот извор за сите работи во мото светот.

Мисијата на MOTOCAST не е само да забавува, туку и да го поттикне чувството на единство во мото заедницата и да ја промовира нејзината безбедност. Со споделување искуства, промовирање на безбедно возење и охрабрување на новите моторџии да се приклучат на патувањето, MOTOCAST ќе стане срцето на моторџиската заедница на Балканот и пошироко.

Придружете ни се секоја недела додека се возиме во светот на MOTOCAST!

Популарно