Овие четири хороскопски знаци ги очекува турболентен период во љубовта овој месец

Септември пристигна и со себе носи возбудливи промени во љубовниот живот за многумина. Овој месец ќе биде полн со страсни средби и неочекувани можности благодарение на поволните планетарни транзити.

Хороскопските знаци кои особено ќе ги почувствуваат овие промени се подготвени за љубовни авантури кои ќе ги изненадат. Астролозите предвидуваат дека овие пет знаци ќе имаат можност да ја најдат својата сродна душа или да ги подобрат постоечките врски. Затемнувањето и поволните астролошки конфигурации носат кармички средби и романтични можности кои ќе го променат нивниот љубовен живот.

Овен

За Овенот септември ќе донесе важни промени во нивниот љубовен живот. Затемнувањата кои се случуваат оваа есен ви нудат можност за нови почетоци и свежи врски. Оставете го минатото и отворете го срцето за нови авантури. Ова е вистинско време да ја пронајдете вашата сродна душа и да започнете нова романтична приказна.

Бик

Биковите во септември ќе бидат вклучени во изненадувачки и возбудливи љубовни моменти. Внимавајте на необични средби и настани кои ќе ве изненадат и ќе предизвикаат силни емоции. Некои можеби ќе сакаат да се смират со својот поранешен партнер. Бидете отворени за нови можности и не се ограничувајте на вообичаените модели. Иако ќе има моменти на збунетост, ќе уживате во оваа нова фаза на љубов.

Близнаци

Близнаци, септември носи нови познанства и возбудливи можности благодарение на поволното влијание на Јупитер. Овој месец ќе ви донесе интересни луѓе кои ќе ви помогнат во личниот развој. Сепак, бидете внимателни за можните илузии што ги предизвикува плоштадот Сатурн-Нептун. Со малку реално размислување ќе можете да процените што е најдобро за вас во љубовта.

Стрелец

Стрелец, септември ќе ви донесе дополнителна доза љубовна среќа. Спротивноста на Јупитер кон вашиот знак носи енергија и можности за нови љубовни искуства, можеби дури и додека патувате. Така, постои можност да запознаете нов партнер во странство. Ова е совршено време да започнете нова врска или да ја продлабочите постоечката врска. Уживајте во секој момент и отворете се за нови љубовни можности.

Септември е време кога љубовта ќе го најде својот пат во животот на овие знаци. Бидете подготвени за возбудливи промени и уживајте во сите романтични авантури што ќе ви се најдат!

ИГОР ЏАМБАЗОВ ДОМАЌИН НА БОЕМИТЕ. МАКЕДОНСКИОТ ШОУМЕН ВО ПОДДРШКА НА МАКЕДОНСКАТА МУЗУКА

Најголемиот македонски шоумен, актер, музичар и уметник Игор Џамбазов им се приклучува со поддршка на нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски кои најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Најголемиот боем - помеѓу боемите, ќе биде домаќин и промотор на Македонската Кафеанска вечер. Со специјално сценарио, Џамбазов концертот на 25 декември со почеток во 20.00 часот ќе ја предводи големата боемска ноќ во СЦ Јане Сандански.

Традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, во кој ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција и враќањето на големите градски боеми...

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика. За музиката во живо ќе се погрижи најдобриот македонски музички состав Дрим Тим!

Билетите се пуштени во продажба од среда 28.10 преку платформата www.wayin.mk, промотивно по цена од 650 денари.. Едно е јасно, Скопје пред Нова Година ќе гори од убава атмосфера и убави луѓе. Градски, боемски, по наше... Маестро Џамбазов заедно со најдобрите македонски музички имиња...

МАКЕДОНСКИOT КРЕМ – ДЕ ЛА КРЕМ НА КОНЦЕРТЕН ПРЕДНОВОГОДИШЕН СПЕКТАКЛ СО ЕДЕН НЕЗАБОРАВЕН КОНЦЕРТ...

Нашите македонски музички ѕвезди Сузана Гавазова, Наум Петрески, Миле Кузмановски и Благоја Грујовски најавуваат музички предновогодишен спектакл каков што до сега немаме видено. Тие од оваа година, па секоја наредна започнуваат традиција која ќе се памети.

Серија концерти кои ќе бидат предновогодишна традиција за сите љубители на добрата македонска песна. Концертот е закажан за 25 декември со почеток во 20.00 часот во специјално подготвен амбиент во СЦ Јане Сандански.

- Време е за нешто поинакво... Време е македонската музика да ја ставиме во прв план! На 25 декември во Јане Сандански нема да се случи обичен концерт, ќе се случи вечер за паметење, каде што ние изведувачите, придружувани од голем оркестар ќе бидеме едно со нашата публика.

Ќе приредиме традиционален македонски амбиент со високи и ниски маси, ќе се служи пијалак, ќе се мези, а се во духот на македонската кафеанска традиција. Време е да ги вратиме градските боеми – вели Наум Петрески во најава за самиот настан.

На овој спектакл се шушка дека ќе има и гости кои ќе бидат вистинско изненадување. Целиот проект ќе трае повеќе од 4 часа, а на истиот ќе бидат изведени најпрепознатливите рефрени на македонската музика.

- Огромна е возбудата. Се радувам што по многубројните концертни турнеи низ светот, јас и моите колеги конечно ќе се сретнеме со македонската публика, дома. Возбудата е уште поголема затоа што ова не е класичен концерт, туку боемска ноќ каква што Македонија и македонската музика заслужуваат – вели Сузана Гавазова

На 25 декември почнува новото поглавје на македонската музика. Со специјално креирано сценарио, технички можности и оркестар во живо, но и со ексклузивни гости кои ќе бидат дел од Македонската Кафеанска Вечер, салата на Спортскиот центар Јане Сандански ќе биде сведок на нова традиција која организаторите посакуваат да трае со години.

Билетите ќе бидат пуштени во продажба преку платформата www.wayin.mk, а многу наскоро се очекуваат и повеќе детали за настанот.

Јордан Митев по три години повторно на голема турнеја во Австралија

Сиднеј, Мелбурн, Камбера, Перт, Волонгонг…, практично Цела Австралија ќе ужива овој октомври во осумте спектакуларни концерти на нашата музичка ѕвезда Јордан Митев. Сите што добро го познаваат темпераментот на македонскиот автор и музичар не се сомневаа во одличните концерти, но она што малкумина го претпоставуваа беше дека буквално преку ноќ, ќе снема билети… За експресно брзо време беа распродадени речиси сите концерти, пред почетокот на турнејата се очекува да бидe комплетно распродадена цела турнеја…

Ако денот по утрото се познава, по повод 20 години успешна музичка кариера, безброј авторски хитови, песни што се пеат од срце, големиот концертен и славенички спектакл – Концерт на Јордан Митев во Македонија ќе биде шлаг на музичката торта.

Концертот ќе се одржи во претпразничен амбиент, на 26 декември во Спортскиот центар Јане Сандански во Скопје. Под мотото: Две децении љубов, песна и незаборавни хитови Јордан Митев најавува спектакл каков што Македонија не памети. Вечер исполнета со авторски хитови, македонски фолк звуци, игра, песна и незаборавна атмосфера која може да ја приреди само тој. Со голем оркестар и програма за која наскоро се очекува да ги соопшти деталите.

За да не биде како во Австралија, да се бара билет повеќе, картите се веќе пуштени во продажба преку платформата e–ticket, достапни на следниов линк. Онлајн билетите можат да се купат за фан пит зоната, блоковите А и А1, блок 1 и блок 2 и се во прет-продажба до ноември по цена од 500 денари за блокови и 700 денари за фан пит..

Ќе бидат ова убава музичка есен и зима за нашиот Јордан Митев, а уште поубава за неговата најверна публика, било да е таа е во Австралија или во родната Македонија.

Популарно