Интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“

Во Националната опера и балет денеска ќе се одржи интернационален натпревар во пеење „Песните на Тоше Проески“, во организација на Естрада Мултимедија Центар.

На настанот ќе учествуваат млади музичари од Македонија, Србија, Хрватска, Босна и Херцеговина, но и подалечните земји, како Русија, Украина, Малта, Израел.

Натреварувачите ќе настапат првин во полуфиналето, а потоа ќе следува и финале, во кое ќе учествуваат сите оние што ќе бидат најдобро оценети од страна на жирито, составено од бендот на Тоше.

Организаторите најавуваат дека овој настан ќе ги обедини најдобрите млади музичари и пејачи од Македонија и пошироко, кои во живо ќе ги изведуваат безвременските хитови на Тоше Проески.

6 хороскопски парови кои совршено си одговараaт во спалната соба

Астролозите сугерираат дека некои хороскопски парови совршено си одговараат во спалната соба.

Овен и Скорпија

Совршена комбинација која ќе ја „запали“ постелнината. Овенот сака Скорпијата да го покори, а Скорпијата бара партнер како Овенот кој сака да биде покорен. Резултат: Апсолутно жешко водење љубов.

Бик и Стрелец

Иако во секојдневниот живот се сосема различни, кога ќе влезат во спалната соба, Бикот и Стрелецот се најексплозивната комбинација. Нивните разлики ги прават совршен љубовен пар, бидејќи меѓусебно се дополнуваат на најубавиот начин.

Близнаци и Јарец

Срамежливиот и повлечен Јарец ги импресионира Близнаците, кои умираат од љубопитност да ги откријат сите негови сексуални аспекти. Овие два знака можат да создадат сексуално чудо кога ќе се сретнат во спалната соба.

Лав и Вага

Вагата го скротува себичниот Лав и го учи да биде великодушен. Нивниот сексуален однос се карактеризира со задоволство и гордост.

Риба и Рак

И двата знака се толку нежни што навистина се совршена комбинација. Едните ги разбираат потребите на другите, па работат со таква хармонија и сензуалност што ги води до патот на сексуалните искуства кој во нивните срца засекогаш ќе биде запечатен.

Девица и Водолија

Овие два знака или ќе имаат совршен однос или ќе го имаат најлошиот. Не постои средина. Водолијата е склона кон разгорување на страстите и менување на расположението, додека Девицата делува пометодично и нетрпеливо. Значи, во добро сценарио, односот меѓу овие два знака ќе резултира со неверојатно задоволство на секое поле.

Пет хороскопски знаци кои ќе доживеат голем успех во 2025 година

Годината којашто следи ќе биде значајна за некои хороскопски знаци, за кои ѕвездите предвидуваат голем успех во различни области од животот.

За претставниците на овие знаци важно е да бидат подготвени за да не им побегне среќата.

Но, без оглед на тоа што велат астролозите, важно е да верувате во себе и да се стремите кон среќата во 2025 година!

Бик

За Биковите 2025 година ќе биде период на стабилност и зголемување на финансиските средства. Претставниците на овој знак, познати по својата упорност и трудољубивост, ќе имаат можност да го остварат својот целосен потенцијал. Астролозите советуваат да ја слушате вашата интуиција кога се во прашање финансиите и инвестициите бидејќи поволното влијание на планетите дополнително ќе ви ја зголеми среќата. На професионален план ве очекува напредок, особено во врска со финансиите и недвижностите.

Лав

Следната година ќе им овозможи на Лавовите целосно да ги покажат своите лидерски способности и креативен талент. Обновувањето на планетарните енергии фаворизира нови почетоци, особено оние поврзани со креативноста и самоизразувањето. Лавовите би можеле да добијат признание во очите на јавноста, без разлика дали преку уметност, глума или други области каде што е важно да се привлече и да се задржи вниманието на другите. Годината носи и значајни промени во личниот живот, вклучувајќи можност за нови романтични врски или продлабочување на постоечките врски.

Девица

За Девиците 2025 година ќе биде година на значителен професионален напредок. Нивната природна аналитичка способност и исклучителното внимание на деталите ќе им донесе успех, особено во техничките и научните професии. Ќе ве очекуваат значајни признанија и професионален напредок. Ова е идеално време за развој на кариера во области кои бараат прецизен и детален пристап, како што се истражување, здравство и ревизија. Годината ќе биде погодна и за дополнително образование и стекнување нови квалификации. Девиците успешно ќе совладаат вештини кои значително ќе придонесат за нивниот професионален раст.

Скорпија

Скорпиите ќе најдат клучни ресурси за личен и финансиски напредок во 2025 година. Нивната страст и трпение ќе им овозможат да постигнат важни цели. Поволните планетарни аспекти ќе донесат можности за значително подобрување на финансиската состојба. Инвестициите, особено долгорочните, ќе донесат опипливи придобивки. Овој период е погоден и за длабоко емотивно преиспитување и зајакнување на врските. Скорпиите ќе имаат можност да ги зајакнат врските со луѓето кои им се најважни.

Јарец

Следната година ќе биде поволна за Јарците кои планираат да реализираат амбициозни проекти. Претставниците на овој знак ќе биде клучно да го покажат својот лидерски потенцијал за да го постигнат посакуваниот успех. Одлучноста и стратешкото размислување ќе бидат клучни за постигнување нови победи. Напорот и посветеноста на Јарецот ќе бидат препознаени, што позитивно ќе се одрази на нивниот социјален и професионален статус. Ова е година кога ќе може да ја прошири својата професионална и социјална мрежа.

Дневен хороскоп

Овен

Овни, повеќето настани ќе ги толкувате на свој начин, игнорирајќи ги ситуациите кои не се вклопуваат во вашата деловна проценка. Ќе оставите впечаток дека сте вознемирани. Ако вашиот партнер не ве разбира доволно, обидете се да му го посочите тоа. Секому му треба човек покрај себе кој ќе го разбере во тешките моменти.

Бик

Нема причина да се грижите за забелешките на вашите колеги, бидејќи секогаш има некој што има различни идеи од вашите. Исполнете ги обврските навреме. Ќе имате претчувство дека некој интензивно размислува за вас, а ќе бидете уште поизненадени кога ќе добиете порака од некој кој сте го заборавиле.

Близнаци

Важно е правилно да ги разберете вашите колеги и јасно да ги дефинирате правилата во деловната соработка. Нема потреба да бидете премногу строги или каприциозни со саканата личност, покажете повеќе нежност и разбирање во секој поглед. Избегнувајте нездрава исхрана или прекумерно консумирање алкохол.

Рак

Ракови, ќе ве привлекуваат големи деловни предизвици или можност да ги тестирате своите способности под необични услови. Не сакате да пропуштите ненадејна можност за емотивно поврзување. Одговорете на нечии „сигнали“ или љубовна порака – ќе сфатите дека сте ја направиле најдобрата одлука.

Лав

Ќе имате големи амбиции, но вашиот успех ќе биде релативен и подложен на промени. Ќе ви недостига добра концентрација за да постигнете сѐ. Вашиот партнер ќе биде нестрплив и ќе сака да ги исполните ветувањата, но вие имате добра љубовна стратегија од која не се откажувате лесно.

Девица

Поттикнете ја вашата креативна љубопитност и упорност, но само до тој степен што нема да ве исцрпи – психички и физички. Убаво е да бидете успешни на работа, но важно е и здравјето. Бидете повнимателни во изборот на потенцијален емотивен партнер. Не е злато сѐ што сјае.

Вага

Ваги, бидете повнимателни пред личност која ве обврзува на одредени услови или на деловна и финансиска соработка. Важно е да се чувствувате удобно со вашата сакана личност. Чувството на доверба или блискост ќе ви разбуди некоја скриена сила во вас. Избегнувајте нездрава храна.

Скорпија

Важно е да ги одделите заедничките интереси од личните амбиции. Одложете ги стресните ситуации кои ве исцрпуваат. Во комуникацијата со саканата личност, вие ќе имате тенденција да ги преувеличувате нештата. Не е фер да ја вознемирувате со неважни работи. Фокусирајте се на убавото.

Стрелец

Во повеќето ситуации, вие ќе бидете способни да ги прилагодите критериумите според вашите интереси и да се борите за подобри услови. Психолошката фаза низ која поминувате ќе има позитивно влијание врз вашиот љубовен живот. Деновиве ќе го гледате светот со розови очила.

Јарец

Јарци, ќе умеете да ѝ оставите сериозен впечаток на околината и да ги поттикнете колегите на акција. Не се двоумете во своите способности. Понекогаш треба да ризикувате, особено ако некоја ваша блиска личност ве инспирира да го направите тоа. Верувајте ѝ на вашата интуиција.

Водолија

Нема потреба да се експонирате во друштвото на соработниците, мудро чекајте ја завршната фаза во деловните преговори. Ќе чувствувате нов емотивен наплив. Активирајте ја вашата фантазија кога ќе бидете во друштво на саканата личност. Најдете начин да ја канализирате негативната енергија.

Риби

Ќе ви бидат потребни сигурни информации кои ќе ви ветат успешна соработка или нова деловна добивка. Во разговорот со саканата личност, вие ќе имате добра проценка на ситуацијата и ќе ви биде важно да ги претставите своите потреби на вистински начин. За среќа, ќе наидете на љубов и разбирање.

Популарно