Денес се навршуваат 17 години од смртта на нашата најголема ѕвезда Тоше Проески

Денеска се навршуваат 17 години од смртта која го потресе целиот регион. На денешниот ден Тоше Проески го загуби животот на 26 години во сообраќајна несреќа на автопатот во Хрватска.

Автомобилот во кој се наоѓаше македонсиот пејач се судри со камион во утринските часови во близина на хрватскиот град Нова Градишка. Тоше Проески во моментот на несреќата седел на совозачкото седиште и спиел.

Колку беше обожаван и сакан од народот, покажува и информацијата дека македонското Собрание тој ден ја прекина седницата за да му оддаде почит на починатиот пејач со едноминутно молчење. Во Македонија тогаш 17 октомври беше прогласен за ден на жалост.

Тоше беше сакан од целиот регион, неговиот глас допре до секое срце. Би-би-си Њуз го нарече „балканскиот Елвис Присли“. Тој беше познат и по својата хуманитарна работа, неговиот ангелски лик и глас го направија личност чија љубов кон другите немаше граници.

Видео: Превртено и запалено возило, после мостот Гоце Делчев во Скопје

Превртено и запалено возило, после мостот Гоце Делчев на патот кон Т.Ц. Мавровка го отежнува вечерва сообраќајот во овој дел од Скопје.

Од МВР се уште  нема информации за несреќата, за тоа што точно се случило и дали има повредени и жртви.

На терен се полициски и амбулантни возила.

Извор: telma.mk

МВР: Расчистен случајот со вчерашното пукање во Чаир - приведени четири лица

СВР Скопје го расчисти кривично правниот настан случен вчера околу 18 часот во Скопје на ул. „Христијан Тодоровски- Карпош“, во близина на општина Чаир, каде што од огнено оружје во левата нога е повреден Е.А. (35) од Скопје.

Веднаш по добиената пријава преземени се опсежни мерки и активности од страна на полициски службеници од СВР Скопје – Единица за насилен криминал, во координација со „Безбеден град“ Скопје, како и OJO Скопје, при што се утврдени сите учесници во кривично правниот настан и тоа: Л.А. (32) и И.Т. (30), кои се лишени од слобода и задржани во полициска станица за понатамошна постапка, како и А.Р. (29) и М.И. (32), осудени лица на издржување на казна затвор во КПУ Идризово, а кои во текот на 14.10.2024 година, во времето на извршувањето на кривичното дело, користеле излез од затворот Идризово, по основ на работен ангажман.

Од лице место подигнати се траги од биолошко потекло, применети се апликатори за барутен тест од утврдените учесници во кривично правниот настан, обезбедени се видео записи од „Безбеден град", а исто така утврдено е и возилото со кое едниот сторител доаѓа на лице место, по што истото е подигнато за криминалистичко техничка обработка.

По целосно документирање на настанот, во координација со OJO Скопје, од страна на ЕНК при СВР Скопје ќе бидат поднесени соодветни пријави.

Популарно