Бијонсе прогласена за најголема поп-ѕвезда на 21 век според Билборд

„Билборд“ ја прогласи Бијонсе за најголема поп-ѕвезда на 21-от век.

Додека Тејлор Свифт е најголемата поп-ѕвезда на векот според бројките на продажба на албуми, стримови, турнеи и слично, Бијонсе ја доби наградата врз основа на нејзиното 25-годишно влијание и еволуција.

Во изминатите три години, дискусијата за најголемите достигнувања во поп-музиката често се сведуваше на споредба меѓу двете музичарки. Дебатата беше дополнително разискрена од необичните синхронитети: и двете поп-икони објавија нови албуми во втората половина на 2022 година и првата половина на 2024 година. Тие истовремено отидоа на светски турнеи и направија филмови со кои го освоија бокс офисот.

Но, Тејлор и Бијонсе се другарки во приватните животи. И двете си присуствуваа на премиерите на филмовите во 2023 година и продолжуваат да се поддржуваат една со друга. Сепак, факт е дека младата музичарка Свифт бргу и интензивно ја освојува музичката сцена, достигнувајќи успеси од незамисливи размисли кои претходно само Бијонсе можеше да ги достигне.

Логично е да се заклучи дека Тејлор ќе ги освојува наградите во иднина и дека ќе продолжи да биде една од клучните лица во поп-сцената на 21 век.

„Билборд“ одвои 25 музичари кои се од огромно значење за поп-музиката денес. Можете да ги видите сите имиња на комплетната листа:

25. Katy Perry

24. Ed Sheeran

23. Bad Bunny

22. One Direction

21. Lil Wayne

20. Bruno Mars

19. BTS

18. The Weeknd

17. Shakira

16. Jay-Z

15. Miley Cyrus

14. Justin Timberlake

13. Nicki Minaj

12. Eminem

11. Usher

10. Adele

9. Ariana Grande

8. Justin Bieber

7. Kanye West

6. Britney Spears

5. Lady Gaga

4. Drake

3. Rihanna

2. Taylor Swift

1. Beyoncé

Хороскопски парови кои се најмоќни и најстрасни кога се заедно

Според астрологијата, четирите елементи од кои зависат карактеристиките на хороскопските знаци се оган, воздух, вода и земја, а токму тие елементи одредуваат колку вие и вашиот партнер сте компатибилни.

Ова се хороскопските парови кои се најмоќни и најстрасни кога се заедно.

Овен – Вага

Овните се лидери, а освен Вагата, ниеден друг знак со контролирачка природа не е добар спој со овој знак. Овенот од партнерот бара искреност, а кога се работи за сексуалните активности, не постои пострастен знак од Овенот.

Иако и Лавот и Скорпијата можат да бидат солидни партнери за Овенот, сепак најдобриот избор е Вагата, со нејзиниот лесен тек на животот и искрена природа. Вагата е емоционално зависна, што совршено ја надополнува потребата на Овенот да контролира додека ја истражуваат страста во нивната врска.

Бик – Девица

Бикот е традиционален и фамилијарен знак, кој ја сака интензивноста на водењето љубов повеќе од самиот чин. Романтичниот Бик е најкомпатибилен со Девицата, која исто така ужива во семејниот живот. Тие заедно формираат моќен пар.

Близнаци – Стрелец

Иако весели и забавни во секојдневниот живот и во односите со пријателите, кога станува збор за врските, Близнаците стануваат прилично тешки за повеќето знаци. Тие се плашат од посветеност затоа што така се чувствуваат врзани. Близнаците од својот партнер бараат интелект и духовитост. Стрелецот е совршен партнер за нив бидејќи се плаши дека ќе ја изгуби сопствената слобода, а тоа никој не може да го разбере подобро од Близнаците. Овие два знака во врска се чувствуваат исклучително среќни и исполнети и заедно можат да го освојат светот.

Рак – Бик

Ракот секогаш е во потрага по долга и сериозна врска, во која може емотивно да се поврзе со својот партнер. Бикот е совршен партнер за Ракот, бидејќи поседува голема доза емотивност, сериозност и сталоженост, што на Ракот му дава силно чувство на сигурност.

Лав – Овен

Полни со гордост и високо его, Лавовите знаат да бидат незгодни за останатите знаци. Овенот е совршен знак за Лавот поради природната страст и силата што ја носи во себе. Тој нема да се почувствува загрозен од страна на Лавот и ќе ја изрази својата љубов со елеганција и големина, а Лавот ќе возврати со иста мера.

Девица – Шкорпија

Не постои поголем перфекционист од Девицата и таа е често резервирана, но внимателна кон својот партнер. Скорпија е одличен избор за Девицата, поради интензивната емоционалност што ја носи во себе. Овие два знака се многу различни, но совршено се надополнуваат.

Вага – Близнаци

Вагата е роден дипломат и секогаш лесно ги решава конфликтите. Иако осаменоста ги вознемирува, тие по никоја цена не би завршиле со личност што нема да ги активира интелектуално. Секогаш љубопитна, Вагата ужива да се дружи и секојдневно да учи нови работи за луѓето. Близнакот со својата комуникативност е совршен знак за неа. Стабилноста на Вагата му помага на Близнакот да остане на земја.

Скорпија – Риби

Скорпијата е исклучително емотивна и одмаздољубива, а што и да прави, го прави со страст. Скорпиите имаат агресивна и доминантна страна кога станува збор за романтичните партнери, но кога ќе се поврзат со Риба, балансот си доаѓа на свое место. Покрај страста и моќта кои овој пар ги создаваат, она што всушност го прави овој пар непобедлив е силната интуиција.

Стрелец – Водолија

Стрелците се родени за да се движат и да патуваат. Потреба им е слобода за да преживеат. Ако некој сака да ги врзе за едно место, тие ќе заминат. Кој подобро може да го разбере ова од Водолијата? Овие два знака поседуваат подеднаква желба за слобода, а Водолијата ја зачинува врската со стабилност, отвореност и љубов кон авантури. Затоа овој пар никогаш нема да се соочи со монотонија.

Јарец – Девица

Јарците се амбициозни и посветени. Тие знаат што сакаат од животот и се фокусираат на тоа. Дури и во врските, тие даваат сѐ од себе, што е исто така причина зошто се обидуваат да се држат понастрана од врски – се плашат дека ќе бидат повредени. Дисциплираната Девица го разбира тоа и му помага на Јарецот да го одржи редот. Тие се крајно фокусирани и прават прекрасна целина.

Водолија – Вага

Водолија веројатно е последната личност што ќе продолжи да протестира дури и кога сите ќе заминат. Овој знак е роден бунтовник и не трпи неправди. Желбата на Вагата за еднаквост е она што прави тие да се привлечат. Заедно ќе бидат посилни и Вагата малку ќе ја скроти дивата природа на Водолијата, пружајќи ѝ го потребниот баланс.

Риби – Јарец

Овие два знака се два спротивни столба кои се привлекуваат силно. Рибите се фантазери и големи креативци, па го привлекуваат Јарецот кој е секогаш сталожен и на земја, бидејќи го инспирира и поттикнува да ги оствари своите соништа и да ризикува. Јарецот за возврат ќе им помогне на Рибите да ја видат и реалната страна и да не летаат премногу во облаците. Овие два знака совршено се надополнуваат, создавајќи моќна појава.

Дневен хороскоп

Oвен

Овни, денеска фокусирајте се на долгорочни планови. Можни се важни разговори со претпоставените кои ќе ја одредат вашата кариера. Денеска е вистинско време отворено да разговарате со саканата личност за иднината. Слободните можат да запознаат некој кој ќе ги шармира. Внимавајте на исхраната, особено ако планирате поголеми оброци во текот на денот.

Бик

Бикови, денеска можни се мали недоразбирања со колегите, но со трпение ќе решите сѐ. Во вашата врска владее хармонија, но можни се изненадувања. Подгответе се за неочекувани емотивни гестови од саканата личност. Потребна ви е поголема физичка активност за да се чувствувате поенергични.

Близнаци

Близнаци, денеска на повидок се можности за да ја искажете креативноста. Искористете ги за да ги покажете вашите таленти. Разговорите со саканата личност носат подлабоко разбирање. Слободните може да чувствуваат носталгија за минатите врски. Внимавајте на настинките и стоплете се за да избегнете компликации.

Рак

Ракови, можни се предизвици, но со вашата интуиција брзо ќе најдете решение. Романтичните моменти ќе го одбележат денот, без разлика дали сте во врска или флертувате со некој посебен. Ќе се чувствувате емоционално исцрпени, па затоа е важно да најдете време за одмор.

Лав

Лавови, енергични сте и полни со идеи, кои ќе ви помогнат да ги решите сите обврски пред крајниот рок. Саканата личност денес може да ве изненади со нежен гест. Слободните ќе го привлечат вниманието на некој кој ги споделува нивните амбиции. Грижете се за срцето и избегнувајте стресни ситуации.

Девица

Девици, организираноста е клучот за вашиот успех денеска. Држете се до вашите приоритети. Обрнете внимание на малите нешта кои многу значат за вашата сакана личност. Слободните би можеле да запознаат некого преку пријател. Вклучете повеќе витамини во исхраната за да го зајакнете вашиот имунитет.

Вага

Ваги, денеска фокусирајте се на тимската работа. Поддршката од колегите ќе ви значи многу. Денес е поволен ден за дружење и романтични моменти. Бидете отворени за нови познанства. Најдете време да се опуштите и да медитирате за да ја намалите напнатоста.

Скорпија

Скорпии, можни се неочекувани предизвици, но снаодливоста ќе ви помогне да ги надминете.Страстите денес се засилени во љубовта. Саканата личност го очекува вашето целосно внимание. Внимавајте на емоциите, бидејќи стресот може да влијае на вашето расположение.

Стрелец

Стрелци, денеска сте полни со енергија и подготвени за предизвици. Користете го тоа за да ги подобрите вашите проекти. Авантуристички дух ве води кон нови возбудувања. Слободните ќе бидат особено шармантни. Потребна ви е физичка активност за да се ослободите од вишокот енергија.

Јарец

Јарци, денеска планирањето е клучно. Фокусирајте се на долгорочни цели. Стабилноста и сигурноста се во фокусот на вашата врска. Слободните можат да запознаат некој со сериозни намери. Ќе се чувствувате силни и подготвени за сите предизвици.

Водолија

Водолии, денеска е одличен ден за иновации и изнаоѓање нови решенија. Креативниот пристап кон проектите може да донесе интересни моменти. Бидете отворени за нови идеи. Погрижете се да останете хидрирани и да пиете доволно течности.

Риби

Риби, денеска е поволен ден за завршување на започнатите проекти. Интуицијата ви помага подобро да ја разберете вашата сакана личност. Слободните може да ги привлече некој кој долго време им го привлекува вниманието. Внимавајте на знаците кои ви ги испраќа телото и не занемарувајте одмор.

Пејачка пред неколку недели посвои дете, а сега дозна дека е бремена: Шокирана сум

Британската пејачка Џош Стоун ги изненади своите фанови со веста, а и самата остана шокирана кога дознала дека ќе има уште едно дете. Таа и нејзиниот сопруг Коди Далуз имаат уште две деца, Вајолет и Шеклтон.

Џош ја сподели радосната вест на Инстаграм, откако неодамна изјави дека сака да има седум деца.

Пејачката сподели видео направено од неколку фотографии на кое покажа колку била шокирана кога дознала дека е бремена.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joss Stone (@jossstone)

- Искрено, потценување е да се каже дека сум во шок. Ништо и никој сега не може да ни ја одземе радоста. Ние сме толку воодушевени! Можеби турнејата 'Less is more' треба да ја наречеме турнеја за трудници - напиша таа со видеото.

Претходно овој месец, Џош и нејзиниот сопруг открија дека посвоиле син, а потоа споделија видео од моментот кога Виолет и Шеклтон го запознале нивниот брат на Денот на благодарноста.

- Среќен понеделник, мамо. Ова ни се случи минатиот понеделник. Не можеме баш да веруваме. Многу сме заљубени во овој малечок – напишала тогаш. Во истиот пост таа зборуваше и за тоа како и нејзиниот сопруг бил посвоен бидејќи неговата биолошка мајка му направила план за посвојување и дека истото го направила и биолошката мајка на Бер.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Joss Stone (@jossstone)

- Искрено, биолошките мајки не ја добиваат благодарноста што ја заслужуваат. Тоа е најнесебичната љубов што постои. Навистина. Многу сме среќни што сме дел од овој прекрасен циклус. Ве молиме споделете ги вашите приказни за посвојување во коментари доколку имате такви. И ве молам, добредојде на нашето прекрасно момче во овој прекрасен свет – рече таа.

Инаку, Џош и Коди се сретнале на аеродромот во Бејзе во 2020 година, кога таа се враќала од настап на Антарктикот. Тие се венчале минатата година, а истата година почнале и со процесот на посвојување.

Популарно