Еве како брзо да добиете бугарски пасош!

Кога аплицирате за бугарски пасош, вие по дифолт се откажувате од тоа дека сте македонец. Потпишувате документи дека се чувствувате како бугарин и дека вашите предци биле бугари. Но, на некои луѓе бугарскиот пасош им е неопходен а има и такви кои навистина имаат бугарско потекло па нема од што да се откажат кога бараат бугарски пасош.

За да започнете процедура за вадење на БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО потребно е најпрво да закажете термин за прием до ,,ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА(ТУЃИНА) на ФОРМУЛАР (ОБРАЗЕЦ) за издавање на удостоверение за бугарски происход адресиран: ДО ПРЕДСЕДАТЕЛОТ НА ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА (ТУЃИНА), напишан на бугарски јазик (писмо).

Дополнителни документи кои ви се потребни се:

1.Извод од матична книга на родени

2.Копија од Пасош

3.Декларација (ОБРАЗЕЦ) за бугарско самосознание, заверена на нотар во Република Бугарија

4.Ако поседувате други дополнителни документи каде вашите роднини биле бугарски граѓани.

5.Слики (за пасош формат)

Откако ќе ги поднесете сите горе наведени документи ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ ако се произнесат позитивно на вашето барање во Декларацијата дека имате БУГАРСКО НАЦИОНАЛНО СОЗНАНИЕ, ќе добиете УДОСТОВЕРЕНИЕ од ДРЖАВНАТА АГЕНЦИЈА ЗА БУГАРИТЕ ВО ЧУЖБИНА ДЕКА СТЕ БУГАРСКИ ПРОИЗХОД да ви послужи пред:

МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА)

Откако ќе добиете позитвен одговор УДОСТОВЕРЕНИЕ од Државната Агенција за Бугарите в Чужбина, преминувате на вадење на неопходните документи и поднесување на молба во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ (ПРАВДА), ПРИ ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО.

Со МОЛБА(ОБРАЗЕЦ) до МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВДА НА РЕПУБЛИКА БУГАРИЈА - да ви се уважи БАРАЊЕТО од Господинот Министер, поднесувате и Декларација за придобивање Бугарско Граѓанство (ОБРАЗЕЦ) УДОСТОВЕРЕНИЕ и сите потребни документи неопходни пропишани за добивање за БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, преведени на бугарски јазик , заверени на официјален бугарски преведувач во Република Бугарија , Извод од матична книга на родени на барателот, Сведителство за осудуваност од Суд ,потоа Сведителство за Осудуваност од Полицискиот Орган (дека во моментот на вадење на документот нема кривична постапка против лицето), Медицински документ со ХИВ тест Документ за промена на име ако има таков, Кратка Афтобиографија на молителот, Актуелна Фото снимка на молителот (во пасош формат) сите документи се вадат во земјата од која потекнува молителот и преведени на бугарски јазик се предаваат во ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО, со платена такса.

Потоа се закажува интервју во МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ пред ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ НА ДИРЕКЦИЈАТА ЗА БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО.

Потоа следи интервју од ДРЖАВНИТЕ ЕКСПЕРТИ кое може да биде закажано неколку месеци одапред, каде ви е одреден термин.

Ќе треба да одговорите на одредени прашања пред ДРЖАВНИОТ ЕКСПЕРТ, во врска со Бугарската Историја да отценат дали ја познавате Бугарската Историја, знамето државно во какви бои е , одредени датуми на Државни Бугарски празници кои се, потоа дали ги знаете Бугарските Дејци, просвителите на бугарската азбука и нормално ќе ве прашаат зошто сакате да станете бугарски граѓанин, потоа ќе чекате одговор по бројот што сте го добиле дали ви одобриле (дале) БУГАРСКО ГРАЃАНСТВО со Указ (потпишан од Вицепретседателот на Република Бугарија) каде лесно може да проверите, по неколку месечно чекање на официјалниот сајт на МИНИСТЕРСТВОТО ЗА ПРАВОСУДИЕ ако ви е позитивно решено, добивата УДОСТОВЕРЕНИЕ дека ви е дадено бугарско граѓанство.!!!

Откако ќе го добиете Бугарското граѓанство и станете граѓанин на Република Бугарија, следи процедура за лични документи, лична карта и пасош. Добиваш адреса на живеење.

СДСМ до Мицкоски: Прикривањето докази е кривично дело

Христијан Мицкоски да не молчи за средбата Палевски, туку да одговори, порача СДСМ во сооштение.

„Ако Мицкоски навистина има поинакви информации за случајот со двојното убиство треба да ги достави до ОЈО.

Прикривање докази е кривично дело.

Палевски, кој е осомничен за двојното убиство што ја потресе целата македонска јавност, беше близок соработник на режимот на ДПМНЕ и јавно го поддржуваше Мицкоски, но и нивниот коалициски партнер Левица.

Со радикални ставови, Палевски беше алатка на ДПМНЕ во црна кампања против СДСМ но и против се што означува демократија во Македонија и за подгревање етнички тензии.

Неговата маргинална политичка партија со радикална и проруска ориентација е производ и алатка на политиките на преќутна агресија од страна на ДПМНЕ во изминативе две децении.

Затоа, надлежните органи, пред се Јавното обвинителство согласно законот имаат обврска да ги истражат односите на Палевски со сите негови соработници, вклучително и Мицкоски“, се наведува во соопштеинието на СДСМ.

Ковачевски: Најдобар начин да се оддаде почит на делото на св. Климент Охридски е да се продолжи неговата мисија

Најдобар начин да се оддаде почит на безвременското просветителско дело на патронот на македонската култура свети Климент Охридски е да се продолжи неговата мисија, а тоа е направено со успехот да се издигне македонскиот јазик на рамниште со јазиците во светот, а Македонската православна црква да биде еднаква со сите канонски православни цркви, истакна премиерот Димитар Ковачевски.

На свеченоста „Св. Климент Охридски – извор на нашата духовност и образование“, која се одржа во Националната и универзитетска библиотека што го носи токму името на просветителот, ученик на браќата Кирил и Методиј и прв словенски епископ, претседателот на Владата рече дека македонскиот јазик досега признат во културата и науката, денес е и политичка реалност во Европа и во светот, рамноправен со јазиците кои се во службена употреба во ОН, НАТО и ЕУ.

-Ова значи дека македонскиот јазик е еден од официјалните јазици во светот. Минатата година успеавме на македонски јазик да биде потпишан првиот меѓународен договор со Европската Унија, а истовремено почна преведувањето на севкупното европско законодавство на македонски јазик. Со тоа првпат, во многувековните заложби за негов рамноправен третман, го поставивме македонскиот јазик на рамноправно рамниште со јазиците на 27-те земји членки на ЕУ... Денес и Македонската православна црква, како наследничка на древната Охридска архиепископија, се впишува како автокефална, еднаква со другите сестрински цркви, еднаква со сите канонски православни цркви во светот, рече Ковачевски во обраќањето.

Ја нагласи упорноста на свети Климент, кој и во тешки времиња и прогонства, рече, не се откажал од намерата и светата цел во која имал силна верба - за просветување на Словените на македонска почва, „издигнувајќи се во една од најзначајните личности за македонската писменост и меѓу првенците на европската обединувачка идеја“.

-Свети Климент Охридски добива значајно место и во европскиот цивилизациски развој, како мисионер за духовно и културно обединување на народите. Ракописи од Охридската школа денес се наоѓаат речиси во сите значајни светски библиотеки и установи... Уште пред повеќе од 1100 години, благодарение на свети Климент, Охрид се издига во значајна образовна, културна и духовна европска престолнина од каде се шират писменоста и цивилизациските вредности, истакна Ковачевски.

Потенцирајќи го огромното значење на св. Климент Охридски во најширока смисла, тој порача дека моќта и улогата на еден народ не зависат од неговата големина, бројноста или од големината на неговата територија, туку од „способноста да остане цврст во визионерските потфати, дури и кога тие на прв поглед изгледаат невозможно“.

-Денес Република Северна Македонија успеа со храбри и мудри одлуки, помогнато од наследениот обединувачки дух, да се консолидира на домашен план. Решивме предизвици кои со децении како карпа ни стоеја на патот на напредокот. Затоа денес на нас се гледа како на посакувана членка и во Европската Унија, фактор на стабилноста во регионот, и во европски контекст. Мора да се интегрираме и во Европската Унија затоа што  ние како Македонци и сите граѓани на Република Северна Македонија носиме суштински, демократски, цивилизациски вредности, како што е обединувањето на различностите. И, едноставно, ги заслужуваме европските интеграции, порача претседателот на Владата.

Како што рече, „перфидно и штетно е граѓаните да се збунуваат со лажни заплашувања во однос на македонскиот идентитет, којшто никој никогаш, низ вековите - не успеал, ниту некогаш ќе успее да го побие“.

-Убеден сум дека ваквите обиди се веќе препознаени од мнозинството граѓани и многу скоро, но и засекогаш, ќе се најдат на буништето на штетниот и опасен лажен патриотизам, додаде Ковачевски. 

Во својот говор тој се осврна и на заложбите на Владата за грижа и заштита на  македонскиот јазик и култура – лани се реконструирани кубуси на покривиот на НУБ која, рече тој, во својот фонд има над три милиони библиотечни единици, чии корени досегаат до делото на сесловенските просветители Кирил и Методиј.

 -Со буџетски средства, во Институтот за македонски јазик овозможивме трајна заштита на околу пет милиони записи со стари македонски текстови, како дел од нашето духовно богатство, а некои од нив датираат дури и од 14 век. Започнавме со формирање Центар за промоција на македонскиот јазик во село Љубојно. Поддржавме дигитализиран Толковен речник на македонскиот јазик и Правопис на македонскиот јазик во дигитална форма. А меѓу низата активности за заштитата на македонскиот јазик е и поддршката на донесувањето нов Закон за употребата на македонскиот јазик, нагласи Ковачевски. 

На свеченоста во НУБ за животот и творештвото ан свети Климент се осврна проф. д-р Димитар Пандев, кој рече да не бил св. Климент и неговата Охридска книжевна школа, ништо не ќе останело ниту од споменот за светите браќа Кирил и Методиј и нивната просветителска мисија и борбата со тријазичниците и тој, рече, „би останал затскриен во некое римско или византиско или германско ковчеже“.

Отец Милан Ѓорѓевиќ од МПЦ-ОА  истакнувајќи дека денешното празнување е исклучително важно, ги цитираше зборовите на архиепископот охридски и македонски г.г. Стефан дека „на св. Климент не му требаат нашите пофалби, туку нам, како народ и како црква, ни требаат пофалбите на св. Климент“.

-Не е доволно да се фалиме со свети Климент, туку да го почитуваме и славиме и, пред се, да го следиме неговиот пример. Зашто тој и по 11 столетија останува мерило за вистинските вредности, рече отецот пренесувајќи ги зборовите на поглаварот на МПЦ-ОА. 

Чествувањето на свети Климент Охридски почна со положување цвеќе пред неговиот споменик на платото на НУБ од делегации на Владата, Армијата, од институции, установи што го носат неговото име, претставници на меѓународната заедница, политички партии...

Денот по повод свети Климент Охридски – 8 Декември повеќе од една деценија е државен празник и е неработен за сите граѓани на Република Северна Македонија.

Владина делегација положи цвеќе пред споменикот на св. Климент Охридски во Скопје

Владина делегација предводна од премиерот Димитар Ковачевски положи цвеќе пред споменикот на свети Климент Охридски на платото на Националната и универзитетска библиотека „Св. Климент Охридски“ во Скопје.

Во состав на делегацијата беа Викторија Аврамовска Мадиќ, заменик-министерка за правда, и Беким Реџепи, заменик-министер за транспорт и врски.

Цвеќе пред споменикот положија и делегации од институции, политички партии, здруженија на граѓани, како и претставници од дипломатскиот кор.

Оддавањето почит пред споменикот на светителот му претходи на свечениот настан по повод државниот празник што му е посветен, кој ќе се одржи во библиотеката со обраќање на премиерот Ковачевски.

Популарно