ФОТО: Деновиве пекол - какво време не очекува во Јуни? ShareВременска Прогноза на 5.2016И покрај пеколно топлото време последниве неколку дена, меторолозите прогнозираат не толку жежок Јуни. Температури до 30-32 целзиусов степен, што за овој период од годината се нормални. Погледнете ја прогнозата по денови:ShareTwitter Коментирај
Спремете се за врнежлив викендВременска Прогноза пред 7 месециНаутро со појава на магла или ниска облачност по котлините. Преку денот претежно облачно со повремени врнежи од дожд, на планините од снег. Во текот на ноќта врнежите од дожд ќе преминат во снег и во некои од повисоките места. Наутро ќе дува слаб до умерен јужен, а од пладне и во текот на ноќта наместа долж Повардарието повремено засилен северен ветер. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 6, а максималната ќе достигне од 6 до 12 степени. Во Скопје наутро со појава на магла или ниска облачност. Во текот на денот облачно со повремени врнежи од дожд. Попладне ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 3, а максималната ќе достигне до 9 степени. Под влијание на влажна и студена воздушна маса од денеска до понеделник претпладне времето ќе биде претежно облачно, со појава на магла и со повремени врнежи од дожд, кои наместа и особено на западот и југот ќе бидат поројни и пообилни (над 50 l/m2). На планините врнежите ќе бидат од снег, а во сабота на повисоките места и во некои пониски ќе бидат од дожд и снег. На планините ќе се формира значителна снежна покривка, а особено во сабота во западните делови снежна покривка ќе се создаде и во дел од пониските места.ShareTwitter Коментирај
УХМР со најнова прогноза: Од утре дожд, снег и многу студеноВременска Прогноза пред 7 месециСледува период на променливо облачно и постудено време, до четврток со повремени локални врнежи од дожд, а на повисоките планини особено во ноќта кон вторник ќе има услови за појава на повремен снег, соопшти Управата за хидрометеоролошки работи. Минималната температура утре ќе се движи во интервал од -5 до 4, а максималната од 7 до 14 степени. Во Скопје минималната температура ќе се спушти до -3, а максималната ќе достигне 13 степени.ShareTwitter Коментирај
УХМР со најнова прогноза - најавува пад на температурите и силен ветерВременска Прогноза пред 8 месециУтре по одделни котлини ќе има услови за појава на магла или ниска облачност. Преку денот времето ќе биде сончево со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, јавува УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 0 до 9, а максималната ќе достигне од 17 до 23 степени. Во Скопје наутро во делови од котлината ќе има услови за појава на слаба магла, а преку денот сончево со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец кој во делови од котлината краткотрајно ќе засилува. Минималната температура ќе се спушти до 6, а максималната ќе достигне до 23 степени. Во наредните денови следува период на стабилно и суво време со слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен северен ветер најизразен во ноќта кон недела. По одделни котлини ќе има услови за појава на утринска магла или ниска облачност. Дневните температури во периодот до сабота ќе бидат пониски за некој степен, а од недела ќе бидат пониски за 4 до 5 степени.ShareTwitter Коментирај