Општо е познато дека кога многумина сакаат да се пробијат во Холивуд, мораат да работат повеќе работи за да се издржуваат. Често работат како бармени, келнери, вратари, а тоа најчесто за да имаат флексибилно работно време, доволно пари за живот, но и да можат да одат на сите аудиции. Неретко, младите актери прифаќаат и не толку добри работи додека го чекаат нивниот момент на слава. Погледнете кои се тие познати личности, кои некогаш работеле во стриптиз клубови.
1. Рене Зелвегер
Пред да се пробие во Холивуд и да ги сними филмските хитови како „Џери Мегвајер“, „Дневникот на Бриџит Џонс“ и „Чикаго“, Рене Зелвегер работела во стриптиз клуб. Но, таа таа никогаш не била стриптизета, туку келнерка. Како што рекла, во една прилика ја прашале дали би играла топлес, но одбила, па преминала во друг стриптиз клуб каде можела да работи облечена. Сега, Рене вреди 60 милиони.
2. Кендра Вилкинсон
Кендра Вилкинсон стана позната откако почна да се забавува со сопственикот на „Плејбој“ империјата, Хју Хефнер во 2004-та година. Пред тоа, Кендра работела во стриптиз клуб и самата признала дека Хју ја забележал додека играла на шипка. Хју лично ја поканил да дојде и да живее со него, а се останато е историја. Кендра сега е мажена за некогашниот играч на американски фудбал, Хенк Баскет, со кој има две деца.
3. Кетрин Зета Џонс
Пред да стане позната во Холивуд, Кетрин работела како стриптизерка. Таа во една прилика тоа и го признала и изјавила дека тоа не го правела бидејќи и биле потребни пати за живот, туку за операција на носот. Кога заработила доволно пари, таа направила ринопластија и се преселила во Холивуд каде се посветила на актерската кариера. Изгледа дека сето тоа се исплатело, бидејќи убавата актерка има богатство кое се проценува на 45 милиони долари.
4. Ченинг Тејтум
Ченинг Тејтум всушност го напишал сценариото за филмот „Меџик мајк“, кој се заснова на неговото искуство како стриптизер. Пред а стане позната холивудска ѕвезда, Ченинг бил стриптизер под псевдонимот Чен Крофорд и настапувал во склоп на машки стриптиз трупи кои настапувале во Флорида. Кога го откриле додека шетал по улица, Ченинг станал модел и престанал да се занимава со оваа работа. Неговата промена дефинитивно се исплатела, бидејќи неговото богатство тежи 14 милиони долари.
5. Лејди Гага
Пред да стане позната, Лејди Гага била стриптизерка. Тоа и не е чудно со оглед на тоа што самата по себе е чудак. Таа раскажува дека користела чудни техники и трикови за да привлече внимание на своите бизарни настапи.
Работев во стриптиз клубови кога имав 18 години. Моите настапи беа прилично диви, носев црна кожа и играв на музиката на познати рок групи. Не сакам да зборувам многу за тоа, но во се беше вклучено и дрога, многу дрога, раскажува таа.
Сега таа е добитничка на пет Греми награди и е побогата за 190 милиони долари.
6. Бред Пит
Пред да стане најпознатиот и најпосакуваниот актер на светот и Бред Пит бил стриптизер. Додека студирал на универзитетот во Мисури, тој бил дел од машката стриптиз група “The dancing bares”. Две недели пред да го заврши факултетот, тој седнал во кола и се преселил во Лос Анџелес, оставајќи ја дипломата и работата како стриптизер зад себе. Иако тогаш сите му велеле дека тоа е најлошата можна одлука која ја донел, багодарение на неа, денеска Пит има 240 милиони долари