Љубовна компатибилност на жена Бик со другите знаци

 

БИК

Таа сака да знае на што е и какви ви се намерите. Одлучна е и држи до тоа што ќе го каже. Не го менува ставот и мислењето, барем не лесно. На помлади години таа е поромантични. Го цени вниманието и кавалерството, а на тој начин добивате дополнителен бонус.

Тој е простодушен, зима се здраво за готово, освен во материјалните нешта, ако сте му наговестиле секс, нема да ве остави на мира, бидејќи сексот е на второ место на неговите приоритети, но ако сакате само дружба кажете му и нема побезбедно машко од него.

ТАА-ТОЈ

БИК - БИК

Ова е идеална врска и е идеална за знакот на Бик. И обата партнера мразат изненадувања, делат исти инетересни. Повеќе се настојувањата кон телесната отколку кон духовната љубов но и покрај тоа лојални се и искрени еден кон друг. Извонредни во сексот, како родители и како деловни луѓе исклучително успешни

БИК - БЛИЗНАЦИ

Само специфична ситуација може да ја поспеши ова врска инаку никако. Ако гопоѓицата Бик е уметник или се занимава со некоја уметност, Близнакот ќе бида како мажепсан од неа, бидејќи тој ја обожува уметноста. Инаку оваа врска подобро е да се избегнува, што се може повеќе.

БИК - РАК

Овој спој е можен само ако доминантни се материјалната безбедност, домот, а и кај двојцата тоа е вткаено во нивното битие. Еден кон друг се нежни, емотивни. животот им е безгрижен и мирен. Бикот знае да биде понекогаш груб и прост, а Ракот пречувствителен. Тоа им е слаба точка во врската.

БИК - ЛАВ

Можна врска но на физичка, ероткса основа, како постојана заедница многу тешка, со постојани обиди за доминација. Бикот ќе го уважува гордиот и динамичен Лав, но кој ли ќе го уважи Бикот. Најчесто, и покрај заколнувањата, оваа врска пука по сите шавови, поради повредено его и повредена суета.

БИК - ДЕВИЦА

Оваа врска е одлична на сексуален план, бидејќи Бикот ќе ја придвижи нешто заспаната Девица на овој план, а за возврат Бикот ќе добие доста теоретски објаснувања за животот и сексот. Ако тоа на Бикот не и досади врската има шанси.

БИК - ТЕРЕЗИЈА

Гопоѓата Бик очекува од својот партнер лојалност сигурност и материјална обезбеденост. Терезијата ова може да и го пружи, ама лојалноста, малку потешко бидејќи има вродена потреба да им се допадне на сите посебно на спротивниот пол. Ако е така, Терезијата има прилично шанси да види како изгледа љубоморен Бик. Тоа не е убава глетка.

БИК - СКОРПИЈА

Оваа врска е врска на сексуална привлечност и огромна еротска енергија. Кога ќе се сретнат Бик и Скорпија не можат да се одминат еден со друг а да не заискри нешто меѓу нив. Врската може да успее, ако имаат взаемна доверба и почитуваwе. Но, Бикот секогаш ја расипува забавата, со својата љубомора, на што Скорпиајта ѓе одговори двојно повеќе.

БИК - СТРЕЛЕЦ

Ако некоја врска треба да се избегнува тогаш тоа е оваа. Оваа врска е прилично апатична, и досадна. Потребата на Бикот за мир, дом, спокој,  Стрелецот ја третира како пензионерска забава. Иако знае да сака, Стрелецот тешко се фокусира на една личност подолго време. Одлични пријатели, лочи партнери, катастрофални љубовници

БИК - ЈАРЕЦ

Ако се прави рангирање ова е уште една идеална врска помеѓу два сродни знака кои љубовта ќе ја темелат и кон сличните интереси, кон домот, работата, традицијата. Ќе бидат трпеливи, приземни, реални и секако ќе си помагаат еден на друг. Најдобра економска заедница на светот.

БИК - ВОДОЛИЈА

Ова не е баш од најиделаните комбинации, иако на прв момент жената Бик може да биде привлечена од откачената Водолија. Но и тоа одучевување кусо ќе трае. Несериозниот однос на Водолијата кон материјалното Бикот го збунува а покасно и збеснува. Комбинација  на материјата-Бикот и духот-Водолијата се сеуште насочени антагоностички еден кон друг

БИК - РИБИ

Ова може да биде добра врска бидејќи стабилноста на Бикот и неговите материјални обезбедувања може да ја успокои Рибата која може да се научи на приземност и рационалност. Одлични пријатели и љубовници.

БИК - ОВЕН

Само ваквиот однос може да успее кај овие два знака, само ако поубавата половина е родена во знакот на Бик.  Пасивноста на Бикот нема да го иритира Овенот, но ако овој реши да прави нешто вон од својот двор, ќе ја запознае и другата страна на Бикот. Страшната силата на љубоморниот Бик.

Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL на 3 август во Охрид

Од сцените на Tomorrowland и EDC до магијата на „Билјанини Извори“, еден од највлијателните диџеи на денешницата, HUGEL, пристигнува во Македонија. На 3 август, Охрид ќе стане центар на глобалната клубска енергија со настап каков што досега не сме виделе на овие простори. 

Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на Beatport, HUGEL е артист кој го редефинира звукот на денешната електронска музика. Како предводник на Latin и Afro House жанровите, тој ги спојува традицијата и културата на Медитеранот со современиот пулс на светската денс сцена.

Роден во Марсеј, кариерата ја гради во Франција, Шпанија и Ибица, каде што станува резидент во некои од најпрестижните клубови како Pacha и Ushuaïa. Неговиот глобален пробив започнува со “Morenita”, а се зацврстува со синглот “I Adore You”, песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана масовен хит на TikTok и Instagram со над 36 милиони прегледи.

HUGEL е артист со статус на глобален феномен, со настапи на најпрестижните светски фестивали како Tomorrowland, EDC Las Vegas, Lollapalooza, Mysteryland, Parookaville и World Club Dome. Тој важи за еден од највлијателните диџеи на современата денс-сцена.

Концертот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Публиката ќе има можност да ги доживее во живо траките што се вртат во сите клубови од Мајами до Берлин. Освен “Morenita” и “I Adore You”, HUGEL ќе изведе сет исполнет со неговите најнови ремикси и неиздадени продукции.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме. 

Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер, а првите 100 билети ќе бидат достапни по промотивна цена од 1.500 денари.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5675

Како растевме, што преживеавме и каде сме денес: 2Бона го објавија ‘94 - прв чаптер!

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа “Chapter 1” - првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена.

2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите - “Еверест”, “Ради реда”, “Лето”, “Еурека”, “Сука” и “Мозаик”

Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ - Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ - Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук. 

„Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег,“ – велат Кун и Тони. 

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer

Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност но, и глас на генерацијата. 

Уживајте во првиот Chapter 1:

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

Популарно