Љубовна компатибилност на жена Скорпија со другите знаци

 СКОРПИЈА

Таа е доминантна, страстна жена со невообичен изглед, исклучително силна волја, магнетна привлечност на која малку мажи можат да и одолеат. Силната интуиција и познавањето на машката психологија  ја прави да биде вистински Терминатор на машки, додека не го најде својот пандан.

Тој е силен, привлечен маж со силна волја  и огромна енергија која произлегува од чувствата, кои ги има за се што работи. Подобро да е пријател бидејќи како непријател е немилосрден. Како пријател лојален, се жртвува за пријателот. Неверен, но неверство не простува.

ТАА-ТОЈ

СКОРПИЈА-СКОРПИЈА

Подобро е до оваа врска да не дојде но, ако веќе доаѓа треба да се биде крајно поретпазлив бидејќи овие две вулкански природи никогаш не можат да бидат до крај заедно. После неминовниот раскин единственото можно чувство е омразата.

СКОРПИЈА-СТРЕЛЕЦ

Ова се две различни природи кои тешко дека можат да бидат подолго време заедно. Несериозноста може да ја збесне Скорпијата, а нејзината посесивност да го дистанцира Стрелецот кој и ја чувствува својата слабост во однос на Скорпијата. сексуално некомпактибилни

СКОРПИЈА-ЈАРЕЦ

Одлична и многу честа врска, во која нормално Скорпијата е доминантна и ја води играта. Јарецот ја обожува својата Скорпија, и верувале или не е благодарен заради нејзината доминантсност.

СКОРПИЈА-ВОДОЛИЈА

Ова е одлична но прилично ретка комбинација на различни карактери и животни перцепции но кои можат да се сакаат, да се почитуваат и надополнуваат. Стануваат најпрво пријатели, па потоа се друго. Но, потребно е нешто повеќе години и зрелост за успешност на врската

СКОРПИЈА-РИБИ

Скорпионска идеална врска, која освен тоа има и екстрасензорни елементи, бидејќи поврзувањето е толку силно што интуитивно се разбираат. емпатиски поврзани, не можат ниту да се разделат Во оваа врска едноставно мобилните им се одвишок.

СКОРПИЈА-ОВЕН

Ова е повеќе деловна врска или партнерство иако во најголем број  на случаи може да функционира и поинаку. Скорпиот е тој што смислува а реализатор е Овенот. Ако имаат и заедничка цел или бизнис, на среќата може да и нема крај.

СКОРПИЈА-БИК

Ова е исконска анимална привлечност и таа може да сруши подоста градби за да се исполни. Во Скорпијата и Бикот се еманира машко-женскиот принцип кој не може да не се еманира ако се најдат Скорпионот и Бикот во близина. Многу страсти, многу бури.

СКОРПИЈА-БЛИЗНАЦИ

Оваа комбинација успева само во оваа варијанта, ако женскиот дел е Скорпијата. Близнакот е напросто маѓепсан со оваа жена. Проблем е само колку ќе трае нејзиниот интерес  кон детското однесување на  Близнаците. Тој не моѝе да ибега моѝе да биде само оставен од неа.

СКОРПИЈА-РАК

Ова е уште една од совршените врски на Скорпијата. Ракот е благодарен да го води Скорпионот кој пак за возврат му дава сила и истрајност, Лојалноста е двосмерна , обожувањето взаемно. ракот е смирен, постојан во чусвтвата, економски исклучително рационален, што и одговара на Скорпијата.

СКОРПИЈА-ЛАВ

Оваа врска подобро да не се започнува бидејќи и двата знака се многу доминантни, егоцентрични, моќни така што тешко им е да се контролираат во своите основни пориви. Врска која треба нежно да се заобиколи, иако секогаш ќе се продушкаат.

СКОРПИЈА-ДЕВИЦА

Нема многу причини зошто ваквата врска не би функционирала и тоа поприлично добро и успешно. Секако основа е меѓусебното почитување од кое произлегува разбирањето и чувствата. Убав спој на ум и чувства

СКОРПИЈА-ТЕРЕЗИЈА

Скорпијата е премногу посесивна за да опстои подолго време кон овој шармер, а освен тоа и многу умен човек со невиден цинизам и сарказам, оружје кое го има и Скорпијата. Сцени, расправии, кавги и раскин е епилог на оваа комбинација, но за ѝал претставата моѝе да трае доста голем број години.

Глобалниот феномен и светската диџеј сензација HUGEL на 3 август во Охрид

Од сцените на Tomorrowland и EDC до магијата на „Билјанини Извори“, еден од највлијателните диџеи на денешницата, HUGEL, пристигнува во Македонија. На 3 август, Охрид ќе стане центар на глобалната клубска енергија со настап каков што досега не сме виделе на овие простори. 

Со над 1 милијарда стримови на дигиталните платформи, милионски прегледи на социјалните мрежи и бројни први места на Beatport, HUGEL е артист кој го редефинира звукот на денешната електронска музика. Како предводник на Latin и Afro House жанровите, тој ги спојува традицијата и културата на Медитеранот со современиот пулс на светската денс сцена.

Роден во Марсеј, кариерата ја гради во Франција, Шпанија и Ибица, каде што станува резидент во некои од најпрестижните клубови како Pacha и Ushuaïa. Неговиот глобален пробив започнува со “Morenita”, а се зацврстува со синглот “I Adore You”, песна која влезе во германската и британската топ-листа и стана масовен хит на TikTok и Instagram со над 36 милиони прегледи.

HUGEL е артист со статус на глобален феномен, со настапи на најпрестижните светски фестивали како Tomorrowland, EDC Las Vegas, Lollapalooza, Mysteryland, Parookaville и World Club Dome. Тој важи за еден од највлијателните диџеи на современата денс-сцена.

Концертот на HUGEL во Охрид ќе биде продукциски усогласен со светските стандарди. Организатори се Intermezzo Music Rituals во соработка со „Прагма продукција“ кои најавуваат: високотехнолошка светлосна продукција, мултидимензионални ласерски ефекти, LED визуелизации и сценски дизајн инспириран од светските фестивалски подиуми, саунд систем од највисок ранг и внимателно осмислен амбиент кој ќе понуди целовечерно аудиовизуелно доживување.

Публиката ќе има можност да ги доживее во живо траките што се вртат во сите клубови од Мајами до Берлин. Освен “Morenita” и “I Adore You”, HUGEL ќе изведе сет исполнет со неговите најнови ремикси и неиздадени продукции.

Ова лето, Охрид ќе стане дел од светската мапа на електронската музика. Еден од највлијателните диџеи на нашето време, HUGEL, го избра „Билјанини Извори“ како своја следна дестинација и тоа во екот на неговата најголема светска турнеја.

Бројот е строго ограничен, а интересот е очекувано огромен, затоа резервирајте го вашето место навреме. 

Картите се веќе пуштени во продажба преку продажната мрежа на www.kupikarta.com и кај Аждер, а првите 100 билети ќе бидат достапни по промотивна цена од 1.500 денари.

Линк за карти: https://kupikarta.com/event-details.nspx?eventid=5675

Како растевме, што преживеавме и каде сме денес: 2Бона го објавија ‘94 - прв чаптер!

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа “Chapter 1” - првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена.

2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите - “Еверест”, “Ради реда”, “Лето”, “Еурека”, “Сука” и “Мозаик”

Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ - Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ - Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук. 

„Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег,“ – велат Кун и Тони. 

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer

Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност но, и глас на генерацијата. 

Уживајте во првиот Chapter 1:

„Наша песна" на Ѓургевденскиот Фестивал во Бања Лука

Јана Стојановска е наш претставник на овогодинешниот интернационален Ѓурговденски Фестивал во Бања Лука кој оваа година го има своето 31 во издание. Дваесетина изведувачи од Црна Гора, Хрватска, Босна и Херцеговина, Бугарија, Србија, Литванија и Македонија донесуваат нови композиции за кои организаторот се надева дека ќе станат дел од секојдневието на генерацијата која расте и сака да расте заедно без никакви граници и препреки. Токму таква е и пораката која ја испраќа песната,, Наша Песна" која ја изведува нашата  единаесетгодишна Јана. 

Јана е ученик во V одделение при основното училиште Кузман Јосифовски - Питу во Скопје и од 2023 та е член е на хорот Златно Славејче. Автори на композицијата на Јана се Ристо Самарџиев и Давор Јордановски. 

Гласајте за „Наша песна" реден број 14 на нашата Јана ОВДЕ.

Популарно