Македонија вo недела осми пат на парламентарни избори

Неделните предвремени избори се осми парламентарни, а вкупно 17-то изборно изјаснување во Република Македонија.

izbori-parlamentarni

Првите избори за пратеници во Собранието беа одржани во 1990 година, вторите во 1994, третите во 1998, четвртите во 2002, петтите во 2006, шестите во 2008 и седмите во 2011 година. Покрај парламентраните, беа спроведени и пет претседателски избори – во 1994, 1999, 2004, 2009 и во 2014 година, како и шест локални – во 1990, 1996, 2000, 2005, 2009 и 2013 година. Граѓаните на Република Македонија двапати излегуваа и на референдум, во 1991 година кога се одлучија за самостојна и независна држава и во 2004 година кога се изјаснуваа за новопредложената територијална поделба.

Првите повеќепартиски парламентарни избори во Македонија беа одржани во ноември 1990 година.

Изборите беа спроведени според мнозинскиот изборен модел. Учествуваа 18 политички партии и 43 независни кандидати. Првиот круг се одржа на 11 ноември, а вториот на 25 ноември. Гласачкиот одѕив во првиот круг беше 84,8%, а во вториот 76,8%.

Најмногу пратенички места во собранискиот состав од 1990 до 1994 година имаа ВМРО-ДПМНЕ - 38, СКМ-ПДП (денешен СДСМ) - 31 и Партијата за демократски просперитет - 17.

Во Парламентот партиципираа и пратеници од Сојузот на реформски сили на Македонија, од СПМ, од Партијата на Југословените во Македонија, Младата демократско-прогресивна партија, од НДП, од ВМРО-Демократска партија, од Партијата за целосна еманципација на Ромите и тројца независни пратеници. Претседател на Собранието во тој период беше Стојан Андов. Собранието со мнозинство гласови го избра Киро Глигоров за претседател на државата. На 20 март 1991 година беше избрана првата експертска влада на независна Република Македонија што ја предводеше Никола Кљусев. Во септември 1992 година по изгласаната недоверба во Собранието, владата на Кљусев поднесе оставка, а нов владин кабинет формира Бранко Црвенковски од СДСМ.

Вторите парламентарни избори се одржаа во октомври 1994 година. Беа спроведени според мнозински изборен модел на 16 и 30 октомври, истовремено со првите непосредни претседателски избори.

На изборите учествуваа 38 политички партии и 283 независни кандидати. Одѕивот во првиот круг беше 77,3 отсто, а во вториот 57,8 отсто.

ВМРО-ДПМНЕ и Демократската партија што тогаш ја предводеше Петар Гошев го бојкотираа вториот круг на изборите со тврдења дека имало сериозни нарушувања во изборниот процес.

На 19 ноември 1994 година беше инаугуриран новиот состав на Собранието. Најмногу пратенички места во парламентарниот состав 1994-1998 имаше СДСМ - 62 , ЛДП - 27, Партија за демократски просперитет 11, Партија за демократски просперитет на Албанците - 4 , Народна демократска партија - 2, Демократска партија на Турците во Македонија Партија за демократска акција - Исламски пат  - 1, Демократски сојуз на Албанците - Либерална партија -1, Демократска партија на Македонија - 1, Социјалдемократска партија на Македонија - 1, Партија за целосна еманципација на Ромите - 1, Социјалистичка партија на Македонија – 6, а 4 пратеници беа независни. За претседател на Собранието повторно беше избран Стојан Андов, кој остана на таа функција до март 1996. Откако Андов си даде оставка, на таа позиција дојде Тито Петковски.

При ваква констелација на силите, политичките партии што беа на власт до изборите во 1994, повторно формираа коалициска влада на чело со Бранко Црвенковски од СДСМ.

Третите парламентарни избори беа одржани во октомври и ноември 1998 година. Се гласаше во два круга според комбиниран мнозински и пропорционален принцип - 85 пратеници беа избрани по мнозински, а 35 според пропорционален модел. На гласање излегоа 72,9 отсто од запишаните избирачи.

Победи коалицијата „За промени" што ја сочинуваа ВМРО-ДПМНЕ и Демократска алтернатива. Во Собранието најмногу пратеници имаше ВМРО - ДПМНЕ - 49, СДСМ - 27, ПДП - 14, ДА - 13, ДПА-НДП - 11, ЛДП-ДПМ - 4, СПМ - 1 и Сојузот на Ромите на Македонија - 1.

Владата ја формираа ВМРО-ДПМНЕ, ДА и ДПА, а ја предводеше Љубчо Георгиевски. За претседател на Собранието беше избран Саво Климовски. Во ноември 2000, откако ДА си замина од владата, за претседател на Парламентот по трет пат беше избран Стојан Андов. Во мај 2001 година, кога почна воениот конфликт, беше формирана влада на широка коалиција во која влезе СДСМ, а ја напушти во ноември 2001 година.

Четвртите парламентарни избори се одржаа на 15 септември 2002 година според пропорционален изборен модел во шест изборни единици. Одѕивот на гласачите беше 73,4 отсто.

Учествуваа 33 партии и коалиции, како и пет независни листи кандидати.

Победи коалицијата „За Македонија заедно", која имаше најмногу пратенички места во Собранието - 60. Коалицијата ВМРО- ДПМНЕ - ЛП имаше 33, ДУИ - 16 , ДПА - 7, ПДП - 2, НДП - 1 и СПМ - 1 пратеник.

Претседател на Собранието беше Никола Поповски до ноември 2003, кога по неговото заминување на министерска функција беше заменет од Љупчо Јордановски. Коалицијата „За Македонија заедно" формира влада предводена од Бранко Црвенковски. Во јули 2003 беше извршена реконструкција на владата. По изборот на Црвенковски за претседател на државата, премиер стана Хари Костов, кој остана на чело на владата до ноември 2004 година, кога поднесе оставка. Беше формиран нов владин состав, предводен од Владо Бучковски.

Петтите парламентарните избори се одржаа на 5 јули 2006 година, според пропорционалниот изборен модел, во шест изборни единици, исто како и парламентарните избори во 2002 година. Гласачкиот одѕив беше 56,5 отсто, најнизок на досега одржаните парламентарни избори.

За учество на изборите се пријавија 33 кандидатски листи - на партиски коалиции, на самостојни политички партии и на граѓани.

Победи опозицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, која подоцна и формира влада. Коалицијата „За подобра Македонија“ предводена од ВМРО-ДПМНЕ, освои 44 пратенички мандати, коалицијата „За Македонија заедно“, предводена од СДСМ - 32, коалицијата ДУИ-ПДП - 18, ДПА - 11, Нова социјалдемократска партија - 7, ВМРО Народна партија - 6, Демократска обнова на Македонија - 1 и Партијата за европска иднина 1 мандат.

По изборите, мандатот за формирање нов владин кабинет му беше даден на лидерот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, кој на 28 август беше избран за претседател на владата. Во нејзиниот состав влегоа претставници на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ, ДПА и НСДП. Владата ја поддржаа и ДОМ и ПЕИ. ВМРО-НП гласаше за владата, но не учествува во владината коалиција.

Пратеничкиот состав во Собранието избран во 2006 година функционираше до 12 април 2008 кога парламентраците донесоа одлука да се самораспуштат и да бидат распишани превремени парламентрани избори на 1 јуни.

Шестите избори за пратеници во законодавниот дом се одржаа на 1 јуни 2008 и беа први предвремени од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година. Изборите  беа спроведени според пропорционалниот модел во шест изборни едниници. Право на глас имаа 1.779.116 избирачи кои на 2976 гласачки места се изјаснуваа за 18 листи со 1.540 кандидати за 120 пратенички места во македонското Собрание.

Предвремените парламентарни избори во Република Македонија се одржаa на 1 јуни 2008 година, по изгласувањето и распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година. Тоа беа први предвремени парламентарни избори од осамостојувањето на Република Македонија во 1991 година.

Идејата за предвремените парламентарни избори во Република Македонија дојде веднаш по самитот на НАТО кој се одржал во Букурешт 2008 година. Иницијативата за вонредни избори беше поддржана од страна на владејачката ВМРО-ДПМНЕ заедно со нејзиниот коалициски партнер Демократската партија на Албанците, а од друга страна опозициските СДСМ и ЛДП гласаа против. Распишувањето на изборите беше овозможено по распуштањето на Собранието на Република Македонија на 12 април 2008 година.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори во 2008 освои 63 пратенички места, коалицијата „Сонце“ предводена од СДСМ 27, ДУИ-18, ДПА-11 и ПЕИ -1.

Изборите ги следеа 464 странски и 5.811 домашни набљудувачи, а за нив покрај македонските известуваа и шеесетина акредитирани странски новинари.

По изборите, мандатот за формирање Влада повторно го доби претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски.

Седмите парламентарни избори кои беа и втори предвремени, се одржаа на 5 јуни 2011 година. Во Собранието на Република Македонија беа избраа 123 пратеници според порционалниот модел. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираа по 20 пратеници, а тројца пратеници по прв пат се избираа од дијаспората - по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка,  Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.

На изборите победи коалицијата предводена од ВМРО ДПМНЕ, која по изборите формира нова коалициска влада.

На изборите беа поднесени и прифатени 18 кандидатски листи, сите од политички партии и коалиции. Севкупно, на изборите учествуваат 53 партии. Од нив, 16 настапуваа самостојно, а 37 во коалициите предводени од ВМРО ДПМНЕ и СДСМ.

Коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ на предвремените парламентарни избори освои 53 пратеници, а исто така ги освои и трите пратенички места од дијаспората.

Oсмите парламентарни избори в недела ќе бидат и трети предвремени. Поднесени се 14 листи со кандидати за 123 места во Парламентот. Листи поднесоа пет коалиции и девет политички партии.

ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата, СДСМ и коалицијата и ДУИ имаат поднесено листи во сите изборни единици. ДПА има поднесено листи за ИЕ 1,2,3,5,6,7 и 8, НДП за ИЕ 1,2,5,6 и 7, ПДП само за Шестата изборна единица, коалицијата „За позитивна Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, коалицијата „Достоинство за Македонија“ во ИЕ 1,2,3,4,5,6 и 8, ВМРО-НП во ИЕ 1,2,3,4,5,6, НДМ во ИЕ 1,2,3,4,5, СДПМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6, ПЕП 21 во ИЕ 1 и 2, ПЕИ во ИЕ 1,2,5 и 6, коалицијата ГРОМ во ИЕ 1,2,3,4,5 и 6.

Пратениците се избираат според пропорционалниот модел во Македонија, а според мнозинскиот во дијаспората. Територијата на Република Македонија е поделена на шест изборни единици и во секоја се избираат по 20 пратеници, а тројца пратеници се избираат во дијаспората - по еден пратеник од трите изборни единици: Европа и Африка,  Северна и Јужна Америка и Австралија и Азија.

Право на глас на предвремените парламентарни избори имаат 1.780.128 граѓани. По изборни единици за парламентарните избори во првата запишани во ИС се 297.686 гласачи, во ИЕ 2 306.067, во ИЕ 3 280.891, во четвртата 280.810, во ИЕ 5 286.434 и во шестата 304.458 гласачи. Најмногу пријавени за гласање во дијаспората има во ИЕ 7 (Европа и Африка) 18.911, во осмата (Северна и Јужна Америка) 3.337, додека во ИЕ 9 (Австралија и Азија) 1.534.

В недела, заедно со парламентарните ќе се одржи и вториот круг на претседателските избори. Во трката за шеф на државата се Ѓорге Иванов, кандидат на коалицијата предводена од ВМРО-ДПМНЕ и Стево Пендаровски од коалицијата предводена од СДСМ.

Гласачките места на 27 април ќе бидат отворени од 7 до 19 часот. Државната изборна комисија првичните резултати од изборите ги објавува во рок од 12 часа по завршувањето на гласањето, а конечните 24 часа од денот на нивната конечност.

Кратово по седми пат ќе биде домаќин на Фестивалот „Златни денови“

„7“ Е БРОЈКА ЗА СРЕЌА И РАДОСТ!!! Во тој правец е и овогодинешното издание на Фестивалот Златни денови. Фестивалот веќе е дел од традицијата и традицоналната понуда на градот Кратово, најстариот град во Македонија.

И не треба да се има сомнеж дека оваа приказна цели кон убава бескрајност, а со нетрпение се очекува бескрајно убава да биде и забавата во овогодинешното издание кое ќе се лучи следниот викенд , 11 и 12 јули.

Гаранција за тоа треба да биде и внимателно одбраната програма во која се артисти од сите жанрови и за сите генерации.

Балканската ѕвезда Наташа Беквалац, Тајзи, Мартинијан Кириловски, Мерак Меаната со Анета Љумаковска, Даце, Тања Стефановска, Марјан Коцев, Адријана Кеш, потоа Боби Павловски, полноќните диско вечери и останатите бројни артисти се гаранција за бескрајно задоволство на кратовчани и посетителите од Македонија и регионот.

11 ти и 12 јули - Посетете го Кратово и бидете дел од забавата наречена „Златни денови 2025”.

Како растевме, што преживеавме и каде сме денес: 2Бона го објавија ‘94 - прв чаптер!

По неколку месеци интензивна работа, македонското дуо 2БОНА на стриминг платформите го пласираа “Chapter 1” - првиот дел од албумот со наслов ‘94 – проект кој дава старт на летото на 2025 година и внесува свежина во регионалната музичка сцена.

2Bona го претставуваат првиот чаптер од новиот албум ‘94 кој што раскажува моќна музичка приказна за генерацијата која остави трага.

Албумот „94“ е инспириран од годината на раѓање на Кун и Тони, и претставува интимен, но истовремено енергичен белег на генерациите што растат помеѓу дигиталниот свет. Секоја песна носи дел од нивното лично и музичко созревање, измешано со современи битови, улична естетика и емотивни текстови.

Во овој прв дел може да се слушнат и видат 6 песни и 6 видео записи за истите - “Еверест”, “Ради реда”, “Лето”, “Еурека”, “Сука” и “Мозаик”

Мнозинството од песните од овој чаптер се колаборации со македонски артисти вклучувајки ги Тајзи, Барбара Поповиќ и младите артисти на Горила ТВ - Шаро, Инсерта, Фико, Муфи и Вански.

Во продукцијата учествуваа продуцентите Лазар Цветковски, Иле Спасев, Марио Јелиќ - Кун и Филип Андреев кои овој албум го обележаа со уникатен и квалитетен звук. 

„Со ‘94’ сакавме да ја раскажеме нашата приказна – како растевме, од каде почнавме, што преживеавме, и каде се наоѓаме денес. Овој албум не е само за нас, туку за секоја генерација која се бори да остави белег,“ – велат Кун и Тони. 

Албумот е достапен на сите стриминг платформи, вклучувајќи Spotify, Apple Music, YouTube Music и Deezer

Со „94“, 2Бона сакаат да пренесат јасна порака дека музиката може да биде и вистинска уметност но, и глас на генерацијата. 

Уживајте во првиот Chapter 1:

Баланс меѓу работа и живот: Кога можете да побарате скратено работно време?

Во брзиот свет во кој живееме, балансирањето помеѓу професионалните обврски и личниот живот станува сè поважно. Скратеното работно време е еден од начините како вработените можат да го постигнат овој баланс - а тоа не е само добробит за работниците, туку и за општеството во целина.

Кога имате право на скратено работно време?

Во Македонија, правото на скратено работно време е регулирано со Законот за работни односи. Вработениот има право да побара скратено работно време во следниве ситуации:

  • Трудничко или породилно отсуство (и по неговото завршување, заради продолжување на грижа за детето).
  • Родител на дете до 3-годишна возраст или дете со посебни потреби.
  • Лица со утврдена инвалидност или хронична болест, ако тоа го препорачува лекар.
  • Грижа за болен член на потесното семејство, според лекарски доказ.

Секое барање мора да биде поткрепено со соодветна документација, а работодавачот е должен да го разгледа и да даде одговор во законски рок.

Кои се бенефитите од скратеното работно време?

За вработените:

  • Подобро ментално здравје - Помалку работни часови значат повеќе време за одмор, семејство, пријатели и хобија.
  • Зголемена продуктивност - Истражувањата покажуваат дека луѓето кои работат пократко, често се поефикасни во работното време.
  • Поддршка за родители - Мајките и татковците имаат реална можност да бидат повеќе присутни во животот на своите деца.
  • Поголема флексибилност - Работниците можат полесно да менаџираат приватни обврски (на пр. лекари, училишни активности и сл.)

За работодавачите:

  • Повисока лојалност од вработените - Кога компанијата покажува разбирање, вработените се помотивирани.
  • Помал отсутен кадар - Скратеното работно време често резултира со помалку боледувања и стрес.
  • Позитивен имиџ на пазарот на труд - Компаниите кои нудат флексибилност се попривлечни за нови таленти.

За општеството:

  • Поддршка за семејства и раѓање деца - Младите семејства полесно се одлучуваат на потомство кога имаат реална поддршка.
  • Инклузија на ранливи групи - Лица со здравствени предизвици полесно остануваат или се враќаат на работа.
  • Намалување на иселувањето - Со подобри работни услови, граѓаните имаат повеќе причини да останат и да придонесуваат дома.

Како да побарате скратено работно време?

  • Проверете дали спаѓате во некоја од законски утврдените категории.
  • Соберете ја потребната документација (на пр. лекарско мислење, извод од матична книга на родени итн.)
  • Поднесете барање до работодавачот во писмена форма.
  • Чекајте одговор од работодавачот, кој е должен да одговори во разумен рок.

Скратеното работно време не е само привилегија тоа е алатка за подобар живот. Со негова примена, се гради порамнотежено општество во кое човекот не е само работна сила, туку и родител, граѓанин и поединец со лични потреби. Со повеќе поддршка и информираност, и работниците и работодавачите во Македонија можат да добијат не губејќи продуктивност, туку градејќи стабилност.

Се уште не можете да ја пронајдете вашата идеална кариера, прочитајте и за: Водич за избор на професија според вашите вештини и интереси

Популарно