Веќе неколку часа цел Охрид е без струја, поради што градот во моментов е целосно отсечен.
Поради невремето, надвор од функција се далекуводите на МЕПСО од Ресен кон Охрид и од Вруток кон Шпиље. Поради ова со поголеми проблеми во напојувањето со електрична енергија се потрошувачите во Охрид, Дебар и Ресен.
Како што пренесува Курир, големи дефекти се забележани на системите кај Јанковец и кај Глобочица. Според информациите, градоначалникот на Охрид Никола Бакрачески пред малку одржал состанок со Кризниот штаб, по што се упатил на терен низ градот.
Сите претпријатија се активни на терен и работат на расчистување на снегот и искршените дрвја. Паднати бандери и надвиснати кабли можат да се забележат на повеќе места, што претставува опасност бидејќи поради немањето струја истите не се видливи и предизвикуваат сообраќајни несреќи.